Израел ноќеска нападна 150 цели во Иран, тврди израелската армија - Канал 5

Израел ноќеска нападна 150 цели во Иран, тврди израелската армија

Израелската армија соопшти дека употребила стотици проектили при нападот врз 150 цели во Иран во текот на ноќта, тврдејќи дека акцијата сериозно ја забавила иранската нуклеарна програма.

Израел ноќеска нападна 150 цели во Иран, тврди израелската армија

Според официјален претставник на Израелските одбранбени сили (ИДФ), нападите биле насочени кон ирански воени објекти, нуклеарни научници и високи воени структури. Тоа претставува една од најголемите воени ескалации на Блискиот Исток во последните децении. Иран објави дека при нападот загинале десетици лица, меѓу кои најмалку 20 деца.

Како одговор, Техеран истрела четири бранови балистички ракети кон Израел, при што, според ИДФ, биле убиени три лица, а повредени десетици.

Израелските напади ги погодиле и нуклеарните постројки во Натанц и Исфахан. -Според нашите првични процени, штетите се значајни. Оние што велат дека програмата е забавена само неколку недели, грешат. Ќе биде потребно многу повеќе време за Иран да ги санира штетите, рече израелскиот претставник.

Тој додаде дека Израел поседувал „конкретни разузнавачки податоци“ дека Иран напредува кон развој на нуклеарна бомба во објектот во Исфахан. Техеран негира дека развива нуклеарно оружје и тврди дека програмата е од мирнодопска природа.

Израел сега ја смета „воздушната рута до Техеран“ за „де факто отворена“, наведе претставникот на ИДФ, додавајќи дека деветмината убиени ирански нуклеарни научници биле „главниот извор на знаење и двигатели на програмата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во фокусот на приоритетите на Министерството за здравство, со поддршка на СЗО

Министерството за здравство започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата.

Унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во фокусот на приоритетите на Министерството за здравство, со поддршка на СЗО

Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата.

Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и постигнување подобри здравствени исходи за граѓаните, во согласност со приоритетите утврдени во Програмата на Владата во делот на здравството. Со поставување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во центарот на здравствените реформи, државава прави важен чекор кон градење посилен, поотпорен и човек-ориентиран здравствен систем.

Иницијативата беше официјално започната на национална работилница во Скопје, на која присуствуваа министерот за здравство, Азир Алиу, претставникот на СЗО во Македонија, д-р Аким Али, и д-р Жоао Бреда, раководител на Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина. На настанот учествуваа и високи претставници на клучните национални здравствени институции, вклучително и директорите на Агенцијата за акредитација и квалитет на здравствената заштита, Фондот за здравствено осигурување и Институтот за јавно здравје, како и претставници на здравствени установи, академската заедница, професионални здруженија и пациентски организации.

Во основата на иницијативата е првата сеопфатна проценка на националната рамка за квалитет на здравствената заштита во државава. Проценката, која ќе се спроведува во периодот мај–август 2026 година, ќе обезбеди јасна слика за постојната состојба и ќе помогне во идентификување на приоритетите за идни реформи, политики и инвестиции.

Отворајќи ја работилницата, министерот за здравство Азир Алиу ја истакна заложбата на Владата за унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите како клучни приоритети на националната реформска агенда во здравството.

„Унапредувањето на квалитетот и безбедноста на здравствените услуги е клучна заложба на оваа Влада и важен дел од нашата Програма за здравство. Нашата цел не е само да обезбедиме повеќе здравствени услуги, туку услуги кои се побезбедни, поквалитетни и поориентирани кон пациентот; услуги кои носат подобри резултати, поголема доверба и сигурност за граѓаните. Квалитетот и безбедноста на пациентите не се дополнителен елемент на реформата — тие се нејзината суштина,“ изјави министерот Алиу.

Процесот на проценка ќе вклучи консултации со здравствени институции, професионални здруженија, академската заедница, пациентски организации и други релевантни чинители, како и теренски посети, технички состаноци, интервјуа и преглед на релевантните политики и практики. Наодите ќе обезбедат основа за зајакнување на управувањето со квалитетот, отчетноста и континуираното подобрување на здравствените услуги.

„СЗО ја поздравува силната заложба на Министерството за здравство и националните партнери да ги постават квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во центарот на здравствените реформи. Квалитетот е од суштинско значење за постигнување подобри здравствени исходи, зајакнување на довербата на јавноста и обезбедување инвестициите во здравството да донесат конкретни придобивки за луѓето. СЗО останува посветена да ја поддржи Северна Македонија во преточување на наодите од оваа проценка во практични активности кои ќе го зајакнат здравствениот систем и ќе го подобрат искуството на пациентите,“ изјави д-р Аким Али, претставник на СЗО во државава.

За време на посетата на Македонија, д-р Жоао Бреда сподели меѓународни искуства и примери од земји од Европскиот регион на СЗО кои успешно спровеле национални политики за квалитет и програми за подобрување на квалитетот.

„Квалитетот на здравствената заштита е еден од најсилните двигатели на подобри здравствени исходи и посилни здравствени системи. Со спроведувањето на оваа сеопфатна проценка, Македонија покажува лидерство и јасна посветеност кон континуирано подобрување. Овој процес не е само проценка на моменталната состојба, туку и можност да се идентификуваат конкретни области за дејствување. СЗО е горда што ја поддржува земјата во развојот на посилна национална рамка за квалитет, унапредување на безбедноста на пациентите и вклучување на луѓето, како и во градењето култура на учење во здравствениот систем,“ изјави д-р Жоао Бреда.

Овие заеднички напори ќе помогнат во поставување посилна рамка за квалитет на здравствената заштита и безбедност на пациентите, ќе ги поддржат идните политики и реформи и ќе го забрзаат напредокот кон поефективен, поотчетен и здравствен систем ориентиран кон потребите на пациентите.

Министерството за здравство, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина ја потврдуваат својата заедничка посветеност квалитетот и безбедноста на пациентите да станат препознатливи карактеристики на здравствената заштита во државата, со цел секој човек да ја добие безбедната, ефективна и висококвалитетна грижа што ја заслужува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ:ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики

ММФ во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување.

МФ:ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден,

Во Извештајот на ММФ, објавен денеска се наведува дека економскиот раст во 2025 година достигна 3,5%, поттикнат од силната инвестициска активност и растот на приватната потрошувачка. Воедно, се констатира дека и покрај предизвиците на приходната страна, фискалните цели за 2025 година биле исполнети, а јавниот долг бележи благо намалување како резултат на силниот номинален раст на економијата.

Извршниот одбор на ММФ во извештајот на поздравува определбата на Владата и Министерството за финансии за фискална консолидација и зачувување на одржливоста на јавните финансии.

Во извештајот се нагласува дека континуираните напори за намалување на буџетскиот дефицит, подобрување на наплатата на приходите, зголемување на ефикасноста на јавните расходи и одговорното управување со јавниот долг се важни за дополнително зајакнување на отпорноста на економијата.

Истовремено, Фондот укажува на потребата од внимателно следење на надворешните ризици, особено во услови на зголемена неизвесност на меѓународните пазари и новите притисоци од растот на цените на енергијата.

Во извештајот позитивно е оценет и напредокот на државата во рамки на Планот за раст на Европската Унија, при што се потенцира важноста од продолжување на реформите насочени кон подобрување на продуктивноста, деловното окружување, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Во Извештајот се наведува дека во наредниот период е важно да продолжат активностите насочени кон фискална консолидација, јакнење на даночната администрација и подобрување на ефикасноста на јавната потрошувачка и јавните инвестиции.

ММФ укажува и на потребата од понатамошно спроведување на структурните реформи за зголемување на продуктивноста, подобрување на деловната клима, унапредување на управувањето со јавните претпријатија и зајакнување на институционалните капацитети. Воедно, се потенцира значењето на реформите во енергетскиот сектор, пазарот на труд и мерките кои ќе придонесат за одржлив и инклузивен економски раст и побрзо приближување кон економските стандарди на Европската Унија.

Мисијата на ММФ беше спроведена во периодот од 18 до 31 март 2026 година, а извештајот е подготвен врз основа на прелиминарните наоди објавени по нејзиното завршување. Консултациите по членот 4 се редовни и се спроведуваат еднаш годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го решава проблемот: Белата куќа купува остров?

САД разгледуваат план за купување на островите Чагос од Маврициус, доколку Велика Британија му го отстапи суверенитетот на Маврициус над островите, каде што се наоѓа стратешки важната британско-американска воена база „Диего Гарсија“.

Трамп го решава проблемот: Белата куќа купува остров?

САД разгледуваат план за купување на островите Чагос од Маврициус, доколку Велика Британија му го отстапи суверенитетот на Маврициус над островите, каде што се наоѓа стратешки важната британско-американска воена база „Диего Гарсија“, изјави американски функционер запознаен со разговорите.

Американски функционер изјави за британскиот „Телеграф“ дека Белата куќа имала редовни разговори со Даунинг стрит за иднината на базата Диего Гарсија.

Купувањето на островите е една од неколкуте опции што ги изготви администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во документ чија цел е да се обезбедат алтернативи на планот на британскиот премиер Кир Стармер за предавање на суверенитетот над островите на Маурициус.

Во април, британската влада го суспендираше договорот за пренос на суверенитетот над островите Чагос на Маврициус, каде што се наоѓа американско-британската воздухопловна база Диего Гарсија. Трамп во февруари изјави дека договорот за пренос на суверенитетот над островите Чагос на Маврициус е „голема грешка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер