Израел ќе учествува на евровизија 2026, Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија најавија бојкот - Канал 5

Израел ќе учествува на евровизија 2026, Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија најавија бојкот

Ирска, Шпанија, Словенија и Hоландија најавија бојкот на Евросонгот следната година откако Израел доби дозвола да се натпреварува на натпреварот следната година.

Израел ќе учествува на евровизија 2026, Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија најавија бојкот

Ирска, Шпанија, Словенија и Hоландија најавија бојкот на Евросонгот следната година откако Израел доби дозвола да се натпреварува на натпреварот следната година и покрај повиците од неколку радиодифузери учесници за негово исклучување поради војната во Газа.

Оваа одлука дојде откако Европската радиодифузна унија се откажа од најавите за одржување гласање за учеството на Израел, кое првично беше закажано поради загриженоста на неколку земји за политичките импликации од учеството на израел во услови на актуелниот конфликт во Газа.. Евровизискиот натпревар ќе се одржи во Виена од 12 до 16 мај, по годишната победа на австрискиот претставник во Базел..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нашиот Македон на 12 години е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД

На само 12 години, нашиот Македон е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд – , Baltimore, Maryland , USA. 

Нашиот Македон на 12 години е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД

Програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

По тестирањето, Македон го доби и престижното признание „Гранд Хонорс / СЕТ“, за исклучителни резултати по математика и вербални способности.

Grand Honors = највисоко признание за исклучително високи резултати во рамките на CTY тестирањето.

SET = Study of Exceptional Talent – програма/признание на Johns Hopkins за ученици кои постигнуваат исклучително високи резултати на тестирањата, значително над очекуваното за нивната возраст.

На само 11 години постигна и 1440 поени на САТ тестот – 740 по математика и 700 по читање и пишување.

Зад сите овие бројки и признанија стои едно нешто – огромна љубов кон знаењето.

Со повеќе од 20 златни медали од меѓународни математички натпревари, Македон продолжува да учи, да сонува и да ги поместува своите граници.

Како родители, не можеме да бидеме погорди.

Македон, продолжи да веруваш во себе.

Ова е само почеток, објави на ФБ неговиот татко Владимир..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари

Откупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови работат, а лозарите го предаваат својот род, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски .

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари

Откупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови работат, а лозарите го предаваат својот род, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при денешната посета на неколку откупни места во Кавадарци, каде непосредно се запозна со текот на приемот и преработката на грозјето.

„Лозарите немаат никаква корист од политичкиот натпревар во кој од изолирани случаи се конструира слика дека откупот се одвива отежнато или дека е запрено преземањето на вранецот. Таквите тврдења не одговараат на фактите од откупните места“, изјави министерот Серафимовски.

Тој информираше дека според најновите податоци, 14 винарии на 19 откупни места досега откупиле и преработиле над 35 милиони килограми грозје. Околу 15 милиони килограми се црвени сорти, меѓу кои доминантно е застапен вранецот, додека над 20 милиони килограми се бели сорти. Дополнително, винариите од сопствените лозови насади собрале и преработиле над седум милиони килограми грозје, од кои 3,1 милиони килограми црвено и 3,9 милиони килограми бело грозје. Уште 1,5 милиони килограми се откупени и преработени од страна на семејните винарии. Вкупното количество набрано и преработено во домашните винарии со тоа надминува 43,5 милиони килограми.

„Значаен дел од овогодишниот род добива пласман и надвор од домашниот пазар. Досега се извезени над 10,5 милиони килограми винско и трпезно грозје. Кога ова количество ќе се додаде на родот преземен и преработен од домашните винарии, вкупно досега од лозовите насади се набрани над 54 милиони килограми грозје“, рече министерот Серафимовски.

Тој нагласи дека Државниот инспекторат за земјоделство засилено го следи целиот процес и секојдневно се вршат контроли на 19-те откупни места низ државата, при што се проверуваат мерењето, класификацијата, документацијата, евиденцијата и почитувањето на условите за откуп.

„Ги повикувам лозарите секој конкретен проблем веднаш да го пријават до Министерството или до Инспекторатот. Секоја конкретна забелешка од лозарите се проверува и за секоја утврдена неправилност ќе има соодветно постапување“, рече министерот Серафимовски.

Коментирајќи ги политичките реакции за текот на откупот, министерот Серафимовски оцени дека Левица преку селективни и драматизирани објави се обидува да создаде паника, без да понуди применливо решение за откуп, финансирање или сигурна исплата. Според него, партијата го нарекува лозарот статист, а истовремено го претвора во дел од сопствената политичка претстава.

„Со паника не се откупува ниту еден килограм грозје, не се отвора откупен пункт и не се обезбедува исплата. Додека Левица се занимава со политичка режија, лозарите го предаваат родот, визбите вршат прием и откупот континуирано продолжува“, истакна министерот Серафимовски.

Осврнувајќи се на ставовите изнесени од опозицискиот СДСМ, Серафимовски посочи дека оваа партија во текот на седумгодишното владеење не изградила стабилен систем на договорно производство, сигурен пласман и рамноправен однос меѓу лозарите и откупувачите. Тој оцени дека зад претходната власт останале наталожени проблеми и Закон за вино кој не ги затворил клучните слабости во секторот.

„СДСМ денес најгласно зборува за прашањата што не успеа да ги реши додека ја имаше одговорноста. Сопствените пропусти не можат да се преименуваат во туѓа вина, ниту проблемите оставени со години да се претставуваат како да настанале денес“, порача министерот Серафимовски.

Тој нагласи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и надлежните институции остануваат целосно ангажирани до крајот на бербата, со очекување откупот во следните денови да продолжи со уште поголема динамика.

„До лозарите упатувам апел продолжете да го предавате родот и пријавете го секој конкретен проблем на откупните места. Не дозволувајте непроверени и политички режирани објави да внесуваат неизвесност во деновите кога се вреднува вашиот целогодишен труд. Откупот тече, пунктовите работат, а нашата цел останува грозјето да добие пласман, а лозарите сигурна и навремена исплата за вложениот труд“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар за новиот соиграч: Ако е ова сон, не сакам да се разбудам (ВИДЕО)

Нејмар (34) не го криеше своето задоволство од доаѓањето на Филипе Кутињо во Сантос. 

Нејмар за новиот соиграч: Ако е ова сон, не сакам да се разбудам (ВИДЕО)

Бразилскиот клуб објави видео од нивната средба во тренинг центарот, а Нејмар го поздрави својот долгогодишен пријател со прегратка и зборовите: „Ако ова е сон, не сакам да се разбудам“.

Кутињо (34) потпиша договор со Сантос до крајот на сезоната. Тој е без клуб од февруари, кога го напушти Васко де Гама, клубот каде што порасна и се врати во 2024 година.

Прв пат заедно во ист клуб

Нејмар и Кутињо со години се соиграчи во бразилската репрезентација, но никогаш не играле заедно за ист клуб. Иако двајцата го носеа дресот на Барселона во текот на нивните кариери, нивните епизоди на Камп Ноу не се преклопуваа. Нејмар замина во Пари Сен Жермен во летото 2017 година, додека Кутињо од Ливерпул пристигна во Барселона во јануари 2018 година.

Кутињо помина пет години во Ливерпул и го изгради својот статус на еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата. По трансферот во Барселона, тој играше и за Баерн, Астон Вила, Ал-Духаил и Васко пред да се врати во бразилскиот фудбал и да потпише за Сантос.

Нејмар, пак, се врати во Сантос на почетокот на 2025 година, во клубот каде што ја започна својата професионална кариера и од кој замина во Барселона во 2013 година. Сантос сега има двајца поранешни играчи на бразилската репрезентација во истата соблекувална, а доаѓањето на Кутињо очигледно беше пречекано од Нејмар со посебно задоволство.

Кутињо последен пат играше за Бразил во март 2022 година, додека Нејмар се збогува со репрезентацијата по Светското првенство оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер