Израел ќе им дозволи на проверени Палестинци да помогнат во дистрибуцијата на помош во Газа - Канал 5

Израел ќе им дозволи на проверени Палестинци да помогнат во дистрибуцијата на помош во Газа

Израел ќе им дозволи на ограничен број одобрени палестински трговци да ја олеснат помошта преку приватниот сектор во нов механизам за подобрување на дистрибуцијата на помош во Појасот Газа, соопшти денеска владата.

Израел ќе им дозволи на проверени Палестинци да помогнат во дистрибуцијата на помош во Газа

Мерката следи по владина одлука за проширување на хуманитарната помош, според COGAT, израелската агенција за координација на нејзините активности на палестинските територии.

Израел се соочи со масовни меѓународни критики по објавувањето на бројни видеа и слики од гладни жители на Газа и извештаи за десетици смртни случаи од глад.

-Целта е да се зголеми количината на помош за населението, да се спречи палестинското исламистичко движење Хамас да ја ограби помошта и да се намали зависноста од Обединетите нации и други меѓународни организации, соопшти агенцијата.

Според новиот механизам, одобрен е ограничен број палестински трговци, кои беа избрани и поминаа низ безбедносни проверки, соопшти COGAT.

Одобрената стока наводно вклучува основна храна, бебешка формула, свежо овошје и зеленчук и хигиенски производи. Плаќањата треба да се вршат исклучиво преку банкарски трансфер под надзор на посебен систем за следење. Сите испораки ќе бидат строго проверени.

Детали за тоа како ќе се одвива дистрибуцијата не беа дадени. Според Обединетите нации, голем дел од испораките на помош веќе се ограбуваат во хаосот што настанал по 22 месеци војна, или од гладни цивили или од вооружени групи.

ОН предупреди за претстојна глад, и покрај тоа што Израел дозволува повеќе испораки на помош повеќе од една недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребно

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го посети семејството Ангеловски и малиот Атанас, за кого е целосно реализирано ветувањето за подобрување на условите во домот.

Митовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребно

На почетокот на својот мандат, при посетата на семејството, Митовски вети поддршка за создавање услови приспособени на потребите на Атанас, дете со попреченост. Денес, дадениот збор е претворен во дело , целосно се уредени и приспособени бања и тоалет со непречен пристап, со што значително се олеснува секојдневието на Атанас и на целото семејство.

„Мило ми е што можев да им го олеснам секојдневието и што ветеното денес е реалност. Но, уште повеќе би ме радувало ако овој гест биде поттик и за другите. Да си бидеме поддршка едни на други, да подадеме рака и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Понекогаш за некого нашата помош значи многу повеќе отколку што можеме да замислиме“, истакна градоначалникот Митовски.

При посетата, со пригодни подароци беа израдувани Атанас и неговата сестричка, а нивните насмевки беа најубавата слика од средбата.

Пораката е едноставна, но силна, хуманоста добива вистинска вредност кога станува дело. Нека ова биде поттик за општествено одговорните компании, институциите и сограѓаните да се вклучат и да бидат поддршка таму каде што е најпотребна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Притвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈО

Притвор за помошник директорот во Царинската управа, Џевер Имери, кој беше уапсен вчера како прима мито, побара Јавното обвинителство. 

Притвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈО

Од таму инфомрираа дека акцијата следела по пријава од граѓанин, а Имери ќе одговара за две дела- примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Тој, според истрагата, во периодот од април/мај до септември 2026 година, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра.

-Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката. Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација. – соопшти ОЈО ГОКК.

Според информациите, Имери вчера по преземањето на парите, не застанал на полициските наредби и се дал во бегство, но брзо потоа бил фатен од полицијата и уапсен.

За неполна седмица, ова е втор случај во кој обвинителството и полицијата постапувајќи по пријава од граѓанин, спроведоа успешна акција со обележани пари. Претходно уапсен беше и возачот на генералниот секретар на Владата, кој барал поткуп за вработување во пожарна.

Од ОЈО ГОКК ги охрабруваат сите граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа Влада

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на доделени ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 семејства, изјави:

Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа Влада

„Тоа е уште еден проект којшто го реализираше Владата, а тоа е во делот на донирање на инвертер клима уреди за 500 семејства коишто согласно својот социјален статус ги исполнуваат условите за да можат да ги кондиционираат своите домашни простории. Во случајов еве, бидејќи доаѓа грејната сезона да ги загреваат. И ова е дел од проектите и политиката на Владата да поддржува ваков тип на проекти. Тоа е исто така во насока на борбата со намалување на емисијата на штетни честички, односно загадувањето. Така што ние ќе продолжиме и понатаму овие проекти да ги спроведуваме.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер