Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
2Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
3PEUGEOT го претставува својот нов дизајн на изложбениот простор на саемот за автомобили во париз 2026
СветИзраел го призна отцепениот регион Сомалиленд за независна држава, Хамас и Ал Шабаб ја осудија одлуката Израел денеска го призна Сомалиленд, отцепен регион на Сомалија, како „независна и суверена држава“, со што стана првата земја што го стори тоа.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел официјално ја признава Република Сомалиленд, а неговиот кабинет објави дека Нетанјаху и претседателот на Сомалиленд потпишаа заедничка декларација. Шефовите на дипломатиите на Сомалија, Египет, Турција и Џибути го осудија признавањето на Сомалиленд, соопштија египетски претставници. И палестинското милитантно движење Хамас денеска ја осуди одлуката на Израел да ја признае Сомалиленд, нарекувајќи ја „опасен преседан“ и предупреди дека регионот, кој еднострано прогласи независност од Сомалија, може да се искористи за присилна депортација на Палестинците од Појасот Газа. Хамас, пренесува Ал Џезира, соопшти дека признавањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одразува длабоката криза и изолација на Израел поради насилството што го спроведува врз палестинскиот народ во Газа. Движењето истакна дека израелските политики се насочени кон „распарчување на арапските држави, нарушување на нивната стабилност и мешање во внатрешните работи“, во служба на „ционистичкиот колонијален проект“. Хамас, исто така, ги пофали реакциите на арапските и исламските држави кои ја осудија одлуката на Израел како кршење на меѓународното право и кршење на суверенитетот на Сомалија. Во исто време, Министерството за надворешни работи на Палестинската самоуправа предупреди дека Израел има намера да го користи Сомалиленд како можна дестинација за присилна депортација на Палестинците од Газа, оценувајќи го потегот како директна закана за регионалната и арапската безбедност и обид за дестабилизација на арапските и африканските држави. Екстремистичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, во Сомалија денеска изјави дека ќе се бори против секој обид на Израел да „присвои или користи делови од Сомалиленд“ откако територијата беше признаена од Израел. „Ние нема да прифатиме и ќе се бориме против тоа“, се наведува во соопштението на Ал Шабаб, пренесено од „Тајмс оф Израел“. Групата оцени дека признавањето на Сомалиленд како суверена држава покажува дека Израел „одлучил да се прошири во делови од сомалиските територии“ со цел да го поддржи она што го тврдат како „отпадничка администрација во северозападните региони“.Тагови: Сомалиленд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметуваФилипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа.Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче. Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега? Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот? Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија и двојните стандарди на СДС и Филипче. Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДС, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало. Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник. Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел? Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи. Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Убавата Емили блесна на филмска премиераЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви сите со својот изглед во тесен црн фустан со длабоко деколте и му даде силна поддршка на својот партнер на грчката премиера на неговиот нов филм „Sacrifice“. Позната по своите провокативни пози, разголени модни изданија, а сега и по врската со Гаврас, Емили ужива во вниманието што го привлекува. Францускиот режисер Ромен Гаврас се појави во поопуштено издание, во широк црн капут и сина кошула, при што цело време ја прегрнуваше Емили. Емили ја надополни својата смела комбинација со чантичка со златен синџир и високи чевли што се врзуваат околу ногата, додека заедно пристигнуваа во културниот центар „Онасис Стеги“, пренесува „Дејли мејл“. Премиерата на неговиот најнов филм „Sacrifice“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември. Ова остварување претставува и негово деби на англиски јазик, а во главната улога се појавува Ања Тејлор-Џој како религиозен фанатик кој планира да жртвува тројца важни луѓе за да го спаси светот од уништување.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Шоу бизФото: Жена без ниту една маана, Ријана воодушеви во секси долна облекаСветската музичка ѕвезда Ријана уште еднаш „покаже “ дека е Жена без ниту една маана. Атрактивната Рири се соблече по гаќички и ги покажа своите бујни прекрасни облини. Уште едно провокативно издание на Ријана остави многумина без зборови. Таа се соблече по долна облека и ги покажа своите прекрасни облини. Иако не е активна во музичкиот свет, пејачката Ријана ја пронајде среќата во бизнисменките води. Таа е горда сопственичка на брендот за убавина и мода „Fenty“, а активна е и на социјалните мрежи. Редовно објавува фотографии од своето приватно опкружување и не е тајна дека го користи своето влијание на мрежите за да го промовира својот бренд. Така, таа неодамна објави збирка фотографии кои за кратко време предизвикаа бројни реакции ширум светот. Како што може да се види, таа гордо позираше во црвена долна облека што ги истакнуваше нејзините атрибути. Во преден план беа нејзините бујни гради и прекрасни облини, а не смее да се изостави ниту нејзината секси поза што ја заокружи оваа сензационална сцена.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54