Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии
1Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
3Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
СветИзраел го прифати примирјето: Ги постигнавме клучните цели во ИранИзраелската влада објави дека се согласува со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот, бидејќи, како што вели, „ги постигнала целите“ на своите воени операции против Иран.Во официјално соопштение, израелските власти велат дека „двојната непосредна егзистенцијална закана“ од Иран, нуклеарно оружје и балистички ракети, е отстранета. Тие исто така наведуваат дека израелските сили „нанеле големи загуби на военото раководство на Иран и уништиле десетици клучни цели на иранската влада“.Тагови: Доналд Трамп Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПодгответе се: Ќе имаме ли посебен „iPhone“ следната година?„Apple“ наводно тестира поголеми екрани за посебен „iPhone“ кој се очекува да биде претставен во 2027 година за да се одбележи 20-годишнината од првиот модел.Според познатиот кинески инсајдер „Digital Chat Station“, „Apple“ моментално тестира два нови екрани - едниот има дијагонала од околу 6,4 инчи, додека другиот достигнува речиси 7 инчи. Доколку информациите се покажат точни, новиот уред би можел да го донесе најголемиот екран во историјата на „iPhone“. За споредба, сегашниот „iPhone 17 Pro“ има екран од 6,3 инчи, додека „Pro Max“ користи панел од 6,9 инчи. Новите модели не би донеле драстично зголемување, но би го претставувале најголемиот екран на „Apple“ досега. Нов дизајн речиси без рамки Поголемиот екран би требало да биде придружен и со целосно освежен изглед на уредот. Гласините зборуваат за екран со екстремно тенки рамки и закривеност на сите четири страни. Според извештаите, „Apple“ веќе тестира слична технологија на овогодишната генерација на „iPhone“, што би можело да значи дека развојот на оваа технологија е при крај. Се очекува соодносот на ширина и висина да остане ист како кај сегашните модели, па уредот би изгледал како зголемена верзија на денешниот дизајн, а не како сосема нов концепт. Засега само гласини Треба да се напомене дека оваа информација е базирана на објава од извор на кинеската социјална мрежа „Weibo“. „Apple“ официјално не потврди ништо, а плановите на компанијата може значително да се променат до моментот кога ќе биде претставен уредот. Моделот за 20-годишнината не се очекува до 2027 година, па затоа оваа информација треба да се смета за рана шпекулација, а не за потврден факт. Во меѓувреме, се очекува „Apple“ да ја претстави генерацијата „iPhone 2026“ следниот месец, која, според сегашните информации, треба да ги задржи истите дијагонали на екранот како и претходните модели. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: iPhone Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМарков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензииЕдинствениот кој треба да одговара е Венко Филипче, кој свесно хушка и стимулира млади деца и води политика на креирање тензии и инциденти. Венко Филипче јавно призна дека организирал група, како што тој ги нарекува, деца, свесно и безобѕирно да создадат и искреираат инцидент, жртвувајќи ги и пуштајќи ги низ вода. За среќа, народот на Ново Село беше на настанот со премиерот, каде што во огромен број изрази поддршка и не дозволи инцидент, со мирно и совесно однесување. И потребата на Венко Филипче да се врати од одмор на јахтата на Заев и да се обрати токму од Ново Село е само поради желбата да привлече внимание, откако сè појасно е дека талогот од СДС падна на ниски гранки и се занимава со создавање инциденти, наместо со работа. Додека Венко Филипче се занимава со хушкање, инциденти и организирање деца, денес Владата и премиерот Мицкоски обезбедија 149 милиони евра за градба на пруга кон Бугарија, проект кој беше заглавен од криминалната Влада на Заев и на Филипче. Тие сакаат да се зборува за насилство, а не за работа. Венко донесе бугарски ултиматум и предавства, а премиерот Мицкоски обезбеди 149 милиони евра инвестиции за развој на Македонија. Има разлика. И сосема на крај, сега е совршено јасно дека талогот во ова општество е Венко Филипче, човек без кредибилитет, без програма и со желба за инциденти и талог кој е подготвен да жртвува и млади деца, за да и ја одземе иднината на Ново Село и Македонија и да си обезбеди фотелја и привилегии. Тој е прочитана книга, а жителите на Ново Село испраќаат порака дека оваа политика е поразена и дека нема иднина. Впрочем во текот на утрешниот ден ќе успеете да погледнете и разберете кои се децата што Венко Филипче ги нарече деца на Македонија, а со самото тоа ќе успеете да ја процените неговата состојба на ум. Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Марков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
СветТајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на часСе очекува голем, моќен тајфун да стигне до копното во јужна Јапонија, Окинава и Амами.Властите ги повикаа жителите во областите да останат во состојба на висока готовност поради силни ветрови, кои би можеле да достигнат повеќе од 200 километри на час и обилни дождови во текот на следните неколку дена, објави „NHK“. Јапонските метеоролози соопштија дека тајфунот Долфин се наоѓал 180 километри источно-североисточно од островот Минамидаито во префектурата Окинава. ⚠ #Typhoon #Dolphin is tracking west-northwest across the East China Sea and is expected to make landfall in eastern China in 3–4 days while remaining a strong tropical cyclone. The main hazards include damaging winds, torrential rainfall, coastal storm surge, rough seas, and… pic.twitter.com/YFrQh5UP1M — Ventusky (@Ventuskycom) August 6, 2026 Тајфунот се движи кон запад со брзина од 15 километри на час. Ветрови до околу 145 километри на час дуваат во близина на центарот на тајфунот, со максимални налети од околу 215 километри на час. Ветрови од најмалку 90 километри на час дуваат во радиус од 220 километри од центарот на бурата. Се очекува максималната брзина на ветерот денес да достигне околу 125 километри на час во Окинава, 90 во Амами и околу 70 во јужен Кјушу. Налетите на ветерот веројатно ќе достигнат 180 километри на час во Окинава, околу 125 во Амами и околу 110 во јужен Кјушу.Тагови: јапонија тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter