СветИзраел го отвори повторно граничниот премин Аленби за хуманитарна помош за ГазаИзраел повторно го отвори граничниот премин Аленби помеѓу окупираниот Западен Брег и Јордан за хуманитарна помош за Појасот Газа, според израелски и палестински претставници.Преминот беше затворен пред повеќе од два месеци откако јордански возач на камион што носел помош за Газа застрелал и убил двајца израелски војници пред да биде убиен. Вчера беше повторно отворен, а 20 камиони беа пуштени да поминат. Аленби е единствениот граничен премин помеѓу Јордан и Западниот Брег. Тој им овозможува на Палестинците што живеат на територија окупирана од 1967 година да одат во Јордан без да мора да преминуваат во Израел. Контролниот пункт беше повторно отворен во услови на дипломатски напори за спроведување на втората фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Силниот ветер повторно го разгори пожарот во околината на с.Раец Поради високите температури и силниот ветер, пожарот во околината на с.Раец повторно се разгори и состојбата останува сериозна, информира преку својот Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Во гаснењето се вклучени пожарникарите, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување со воздушна поддршка со два авиони, припадници на Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција, како и екипи од Шумско стопанство – Кавадарци. Борбата со огнот продолжува без прекин, а сите служби координирано и пожртвувано работат за да се спречи понатамошното ширење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не се движат во загрозените подрачја, да ги почитуваат насоките на надлежните служби и веднаш да пријават доколку забележат ново жариште или сомнително однесување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Здравје33 годишен охриѓанец седум години живее со пумпи и чека ново срцеЖивот со батерии на струја за да чука срцето, чекајќи донор за срце, ова е седумгодишната приказна на семјеството Најдевски. 33 годишниот Дарко, седум години живее со две пумпи што се поврзани на неговото срце и со нив живее. По прележан вирус Дарко добива срцева слабост и како што вели неговата сопруга двете пумпи му даваат живот. Како Дарко има уште еден пациенти со две пумпи, а уште десет пациенти со една пумпа каде чекаат надеж дека ќе добијат срце, најголем дел се од 24 годишна возраст, а дел од нив и се родители. Нема поголема тага кога ќе се изгуби близок, најтешко е кога на семејството треба да му кажете дека неговиот близок ќе почине, а неговите органи можат да спасат живот. Националниот координатор, Билјана Кузмановска објаснува дека не може од секој починат да се земе срце или друг орган мора да има мозочна смрт и да биде се соодветен на примателот на донор. Оваа година имало дозвола за три транспланатации од тројца починати од кои едно срце. Ирена и Дарко од мака до кампања, од оваа година Ирена организирала осум трибини со доктори, верски лидери, приматели на органи кои раскажуваат со посебна благодарност дека животот им го продолжил љубовата на смејство кое изгубило близок и се решиле на ваков чин. Со новиот закон за трансплантација кој ќе стапи во сила од октомври секој полнолетен граѓанин може да даде согласност дека во случај на мозочна смрт ќе биде донор на органи. Тагови: донор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКакви пораки беа пратени на чествувањето на Илинден и АСНОМ За дел од аналитичарите јасни пораки за национално единство, обединување, заштита на државните интереси, евроинтеграциите...За дел од аналитичарите јасни пораки за национално единство, обединување, заштита на државните интереси, евроинтеграциите, а за дел пак вчершаните говори на одбележувањето на 123 годишнината од илинеденското востание и 82 години од првото заседание на АСНОМ, наместо обединувачки – се слушнале и пораки на поделби. Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски во некои од пораките гледа напад наместо констуктивност во конеткст на нашата мегународна позиција „Тој популистички наратив фукнционира врз база на некаков непријател и некакво загрозување кон кое ние треба да се обединиме и сплотиме. И во таа смисла пораките за Европската унија дека губат кога ние не сме членка, тие се точни, но повеќе губиме ние – точно е дека ЕУ проширувањето го смета за геополитички приоритет, но за нас недостоткот на проширување многу брзо се прелева во недостаток на вода за пиење, недостаток на собирање отпад.....“ - Петар Арсовски – политички аналитичар. За поранешниот амбасор пак Ристо Никовски, нема никакви дилеми дека владата прави се што може за што поскоро земјава да стигне во Брисел и токму таква јасна порака според него била испратена и вчера, но вели пречките на кои наидуваме се огромни и сите критики според него кои доаѓаат од опозцијата се апсолутно неидржани. „Проблемите со кои се соочуваме, проблемите кои се пред нас се огромни и дека суштината не мора и не смее да се бара во Брисел и Софија ние мора да ги исправиме историските грешки, капитулациите и предавствата што ги направи претходната влада во дипломатијата меѓународните договори се склучуваат и раскинуваат и наш потег во таа насока мора да биде ввториот протокол. Тој нема никакво правно дејство, е тотално не легален, но тој е суштината на нашата преговарачка рамка и како и другите протокли кои треба да се потпишуваат во иднина и затоа Македонија мора да превземе кција и да ги расчисти тие дилеми .....“ - Ристо Никовски – поранешен амбасадор. Инаку шефот на македонската дипломатија во неколку наврати изминативе денови, иако не отркива детали посочи дека се водат разговори за излез од европскиот ќор сокак... Муцунски пред неколку дена во Вести плус на Канал 5 рече дека една од опциите кои се намаса се и уставни измени со одложено дејство... Во вчерашните илиденски пораки претседателката Сиљановска Двакова посочи дека За тешко изборената држава некому не должиме ништо и никој нема право да ја ревидира нашата национална историја Премиерот Мицкоски пак,рече дека секоја генерација има свој Илинден а обврска на оваа генерација е да ја врати довербата во институциите, достоинството и иднината на државата, упатувајќи истовремено и критики до политичките опоненти - повторувајќи го Ставот дека никогаш нема да прифати нови остапки на патот кон ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09