Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
2Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
СветИзраел бомбардираше цели во СиријаСпоред Израелската армија организација во Сирија испратила безпилотно летало кое цели на училиште во јужниот израелски град Еилат, а Израел одговорил на нападот.Во соопштението се додава дека тие ја сметаат сириската влада целосно одговорна „за каква било терористичка активност на нејзина територија“. -ИДФ го смета сирискиот режим целосно одговорен за секоја терористичка активност што произлегува од нејзината територија. Ќе одговориме на секоја агресија врз Израел, наведува во соопштението ИДФ во кое не се наведува дали има повредени. Десетици илјади луѓе се евакуирани во Еилат, град од северот на Израел и областа во близина на границата со Појасот Газа, каде што продолжуваат судирите меѓу израелската војска и припадниците на палестинскиот Хамас. Израелската армија тврди дека неколку часа секојдневно ги прекинува воените операции за да овозможи евакуација на цивилите, но Хамас се обидува да ги задржи како жив штит. -Се разбира дека имаме интерес да го правиме тоа бидејќи тие не се наш непријател. Но Хамас се обидува да го запре тоа, Хамас се обидува да ги држи цивилите во борбеното подрачје. Зошто? Бидејќи сака овие кутри палестинци кои најверојатно немаат ништо со борбите, да останат каде што се за Хамас да може да ги искористи за жив штит и да бидат заштитен слој каде Хамас се крие во под земја.-изјави – Џонатан Конрикус – Портпарол на ИДФ. И покрај повиците за прекин на огнот, премиерот Нетанјаху порача дека нема да се согласи на тоа се додека не се ослободат заложниците. Над 240 лица се уште држи Хамас. Меѓу нив е и 19 – годишната Наама Леви за која вчера и Еврејската заедница во Македонија потврди дека има македонски корени а документацијата е испратена во Израел. Професорката Рашел Леви Друмер која е родена во земјава, е вклучена во обидите да се ослободи девојката од заложништво, и се надева дека со нејзината историја Наама Леви би можела да добие државјанство и вели дека имало неколку случаи кога Хамас ослободил киднапирани оти се државјани и на други земји. Упативме прашање до МНР за случајот, но засега нема одговор околу можноста да и се издаде македонско државјанство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Куклица“Определен е притвор за 41-годишната кратовка што пред два дена беше приведена поради физички напад врз посетители на локалитетот „Куклица “. Станува збор за жената која извесен период нелегално наплаќаше влез во локалитетот во кратовско, кој е прогласен за споменик на природата. Од обвинителството посочуваат дека и покрај сите преземени мерки, осомничената продолжила да го узурпира локалитетот, неосновано да им наплаќа влезници на посетителите. „При последниот инцидент, осомничената презела и дејствија на кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие ,односно таа физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат“,велат од обвинителството. Од МВР вчера информираа дека 41-годишната била приведена попладнето на 2 август откако било пријавено дека физички нападнала повеќе посетители на локалитетот „Куклица“.Тагови: Куклица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter