3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ФудбалИзов: Елитните квалификации нов предизвик за оваа генерација Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години денеска замина за Глазгов каде од 10 до 16 април ќе настапи во елитните квалификации за пласман на Европското првенство, во конкуренција на домаќинот Шкотска, Норвешка и Австрија.Сите три селекции се вбројуваат меѓу најквалитетните на Стариот континент, а селекторот Кирил Изов истакна дека претстојните натпревари ќе бидат голем предизвик за оваа талентирана генерација. „Имаме тешка група, но во оваа фаза од квалификациите сите противници се квалитетни. Очекувам фудбалерките да одиграат на највисоко можно ниво и на секој натпревар да пробаат да се надигруваат со фаворизираните противнички. Немаме намера предвреме да се предадеме, на секој натпревар влегуваме со желба да одиграме на што е можно повисоко ниво и дека ќе се прикажеме во најдобро можно издание“, рече Изов. Македонските фудбалерки во воведното коло ќе играат против Норвешка, по што следуваат дуелите со Шкотска и Австрија. „По успехот на репрезентацијата до 17 години која беше дел од елитните квалификации, еве сега и селекцијата до 19 години се наоѓа меѓу најдобрите национални тимови од Европа. Токму овие две генерации потврдуваат дека можеме да очекуваме подобри денови за женскиот состав, а исто така се надевам дека ќе продолжи трендот на добри резултати и во младинските категории. Овие две селекции треба да се база од која ќе се црпат фудбалерки за сениорскиот тим и очекувам да формираме квалитетна А репрезентација која би била конкурентна во однос на најдобрите европски селекции“, додаде Изов.Тагови: Изов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноГости изеле околу 50.000 мравки- ресторанот во Сеул е казнет поради служење забранет десертЈужнокорејски суд казни еден од најпознатите ресторани во Сеул за служење десерт украсен со мравки, бидејќи локалните закони за безбедност на храната не дозволуваат консумирање на инсектите.Менаџерот на ресторанот „Евет“, награден со две Мишелин ѕвездички, беше казнет со 5.400 фунти, додека извршниот директор на ресторанот беше казнет со 8.000 фунти, објави „Гардијан“. Судијата од Сеул, Ли Се-чанг, рече дека прекршокот не е тривијален бидејќи нивоата на тешки метали кај мравките биле над законската граница. Тој рече дека го зел предвид фактот дека обвинетите се изјасниле за виновни за кривичното дело и немале претходни пресуди. Michelin-starred Seoul restaurant fined for using ants as garnish https://t.co/bcLTKkkOjc — BBC News (World) (@BBCWorld) September 16, 2026 Само 10 видови инсекти се одобрени како состојки за храна во Јужна Кореја, вклучувајќи скакулци, црви и свилени буби. Министерството започна истрага откако забележа споменувања на јадења со мравки во објавите и на социјалните мрежи. Обвинителството соопшти дека ресторанот увезувал сушени мравки од САД и Тајланд по пошта од април 2021 година. Се проценува дека десертот им бил послужен на 12.274 гости, користејќи 49.096 мравки, генерирајќи вкупен приход од околу 65.000 фунти.Тагови: мравки ресторан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е бегалец од затворот Идризово- бил осуден на 12 години и 8 месеци затвор Лишен од слобода бегалец од затвор во Гостивар.Денеска (17.09.2026) во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, Отсек за потрага по цел, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода Е.А. (42) од Гостивар, кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“. Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и осум месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 и „кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, лицето е предадено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на изречената казна затвор, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДУИ: Седница на Централното претседателство за одлуката на Специјализираните совети на КосовоДенес, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, одржа седница на Претседателството на Генералниот совет, односно на Централното претседателство на ДУИ.Денес, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, одржа седница на Претседателството на Генералниот совет, односно на Централното претседателство на ДУИ, на која се дискутираше за актуелните политички случувања во земјата, како и за зајакнување на структурните и организациските капацитети во рамките на Демократската унија за интеграција. Посебен фокус во дискусијата беше ставен и на одлуката на Специјализираните совети на Косово во Хаг од 16 септември 2026 година. Централното претседателство оцени дека: Во овие моменти, кога вниманието на Албанците е насочено кон Хаг и кон одлуката во однос на припадниците на ОВК, важно е да се потсетиме како започна овој процес, врз какви тврдења беше заснован и што остана од нив по сите овие години. Процесот што доведе до формирањето на Специјализираните совети доби поттик од извештајот на Дик Марти и од тешките тврдења за трговија со човечки органи. Но, по сите овие години истраги и судски процес, ниту едно од тие тврдења, поради кои беше формиран овој суд, не беше докажано, а во недостиг на факти беше конструиран процес против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Сељими. Војната на ОВК беше војна за ослободување и слобода на Косово. Историјата на оваа војна и жртвата на еден народ за слобода не можат да бидат судени преку конструиран судски процес. Протестите организирани по објавувањето на пресудата претставуваат легитимна форма на граѓанско изразување во едно демократско општество. Не постои демократска држава во светот, ниту демократски устав, што го забранува правото на протест. Граѓаните имаат право своите ставови и незадоволство да ги изразуваат преку мирни и ненасилни протести. Да не дозволиме историјата на ослободителната војна на Косово да биде искривена, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter