Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
2Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
КошаркаИзненадување во Берлин, Италија ја елиминираше Србија Кошаркарската репрезентација на Италија го направи најголемото изненадување во досегашните осминафинални средби на Евробаскетот.Италија во битката за место меѓу осумте најдобри го совладаа фаворитот Србија со 94-86. Мечот во Берлинимаше две различни полувремиња. Во првите 20 минути доминираа кошарарите на Србија предводени од одличниот Никола Јокиќ, но во вториот дел на сцена стапија популарните азури и нивното изненадување бекот Марко Списи кој погоди дури 7 тројки во моментите кога Италија атакуваше кон посакуваната цел. Италија вечерва играше маестрално во одбраната што беше клучно за конечниот триумф. Во вториот де л Италијанците со цврста одбрана и прецизен шут посебно зад линијата за тројка го трасираа патот кон победата . Тимот на Пешиќ потфрли токму во овој сегмент од играта, што досега беше главниот адут на Србите на Евробаскетот. На дуелот во Берлин инаку најефикасен беше српскиот центар Јокиќ со 32 поени,, двоцифрен ефект имаше и Мициќ со 16 коша, но со катасрофален процент од 5/14 од игра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаОпштина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружбаГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаСекторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот. Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста. Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилна експлозија во фабрика за муниција во Италија (ВИДЕО)Силна експлозија одекна во фабрика за муниција во близина на италијанскиот град Колеферо, југоисточно од Рим, а детонацијата, според извештаите на локалните медиуми, се слушнала на километри оддалеченост.Ројтерс известува дека пожарникарите и полицијата брзо пристигнале на местото на пожарот што избувнал во индустрискиот комплекс. Надлежните служби веднаш почнале да проверуваат дали има жртви во несреќата. Експлозијата се случила во поранешната фабрика „Симел Дифенс“, која сега ја управува „KNDS Amo Italia“, дел од француско-германската одбранбена група „KNDS“. Телевизиските снимки покажуваат голем облак од густ чад што се издига над индустрискиот погон, додека службите за итни случаи интервенирале во областа на фабриката. Powerful explosion rocks an ammunition plant near Rome A fire and powerful explosion occurred at the KNDS Ammo Italy plant in Colleferro, which produces medium- and large-caliber ammunition as well as solid propellant for aerospace rockets. According to preliminary information,… pic.twitter.com/hm8FQ2GpUf — NEXTA (@nexta_tv) August 13, 2026 „KNDS Amo Italy“ произведува муниција со среден и голем калибар за копнени и поморски одбранбени системи, како и цврсти ракетни погонски горива за системи за лансирање во вселенската индустрија. Компанијата е исто така меѓу изведувачите вклучени во рамковните договори на Европската агенција за одбрана за набавка на артилериска муниција од 155 милиметри, склучени во 2023 година. Во времето на објавување, не беше познато дали има повредени или смртни случаи, ниту што точно ја предизвикало експлозијата.Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00