3Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје
ТехнологијаИзмерена најголемата црна дупка во блиска вселена , големината е незамисливаАстрономите во Институтот Макс Планк за вонземска физика (МПЕ) во Германија објавија дека ја измериле масата на најголемата црна дупка во блискиот универзум.Оваа супермасивна црна дупка се наоѓа во галаксијата Холмберг 15А, која од нас е оддалечена околу 700 милиони светлосни години. За разлика од централната црна дупка на нашата галаксија, која има околу 4 милиони соларни маси, оваа рекордна централна црна дупка во Холмберг 15А е 40 милијарди пати помасовна од нашето Сонце, пишува EarthSky. Иако галаксијата „Холмберг 15А“ има огромна видлива маса од околу 2 трилиони соларни маси во sвездите, нејзиниот центар е крајно дифузен и слабо видлив. Затоа, група на астрономи од МПЕ и Универзитетската опсерваторија Минхен се особено заинтересирани за оваа област. „Овој централен регион на дифузија е скоро со иста големина како и Големиот магелански облак Галакси, така што се сомневавме дека тука има многу голема маса на црни дупки“, напишаа астрономите во соопштението. Научниците ја измерија светлината што доаѓа од регионот преку опсерваторијата Венделштајн, лоцирана во баварските Алпи. Тие ги комбинираа добиените резултати со телескопот во Чиле.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ ! Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, српскиот репрезенативец Урош Плавшиќ, е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение за напад врз обезбедувач на Военомедицинската академија (ВМА).Како што пренесува „Спортињо“, инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу 16 и 17 јули, кога Плавшиќ наводно ја прескокнал оградата на ВМА и стигнал до шалтерот за прием бр. 2, каде што физички нападнал воено лице кое било на должност. Обезбедувањето успеало да го совлада напаѓачот и веднаш ја известило Воената полиција за инцидентот. Потоа, припадниците на Воената полиција го предале Плавшиќ на патрола на Министерството за внатрешни работи. Во инцидентот, припадникот на обезбедувањето се здобил со полесни повреди на главата и раката. На Плавшиќ му е одреден притвор во траење до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз воено лице при вршење воена служба, а за понатамошните чекори ќе одлучи надлежното обвинителство. Инаку, како штпо пренесуваат дел од српските медиуми само неколку часа пред апсењето, Плавшиќ и неговата сопруга, инфлуенсерката Јована Томиќ, организирале голема црковна венчавка и прослава за семејството и пријателите. Двојката претходно стапила во граѓански брак пред една година, на интимна церемонија. Плавшиќ неодамна стана играч на романскиот клуб Клуж.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
ЕвропаСилен земјотрес регистриран во источниот дел на ТурцијаЗемјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди источниот дел на Турција. Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот по локално време, со епицентар во областа Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. A 5.0-magnitude earthquake strikes southeastern Turkey. pic.twitter.com/UC9pmvkK3o — Beirut Wire (@beirutwire) July 18, 2026 Потресот се почувствувал и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета или жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТухел: „Виновен сум, но не жалам“ Селекторот на Англија, Германецот, Томас Тухел, ги бранеше своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2:1) во полуфиналето на Светското првенство.Германецот изјави дека не жали за ниту една измена и дека ја презема целосната одговорност врз себе. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стручњак призна дека неговиот тим станал премногу пасивен кон крајот на натпреварот, но нагласи дека не смета оти одлуките биле погрешни. „Ако некој треба да биде виновен, тоа сум јас. Јас сум тренер и ја преземам одговорноста. Не жалам за моите одлуки; ги донесов врз основа на искуство, инстинкт и желба да му помогнам на тимот да победи. За жал, резултатот не беше таков каков што посакувавме“, рече Тухел. Англија водеше со 1:0 сè до 85-тата минута, но Аргентина, предводена од Лионел Меси, успеа да направи пресврт и да се пласира во финалето. Тухел објасни дека одлуката неговиот тим да премине на формација со петмина во одбраната била донесена за да се запрат нападите на Аргентина. „По нашиот гол, Аргентина заигра со многу поголем ритам. Не успеавме да ги спречиме нафрлувањата ниту влегувањето на нивните играчи во шеснаесетникот. Затоа преминавме на систем со петмина во одбраната за да ги затвориме крилните позиции. Сепак, станавме премногу пасивни, додека Аргентина го подигна нивото на играта“, објасни тренерот.Тагови: Англија СП2026 Тухел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30