Измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување пред Уставен, пензионери од дијаспората бараат еднакво усогласување на пензиите - Канал 5

Измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување пред Уставен, пензионери од дијаспората бараат еднакво усогласување на пензиите

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 5. седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и пет предлог-одлуки по веќе поведени постапки.

Измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување пред Уставен, пензионери од дијаспората бараат еднакво усогласување на пензиите

Судиите ќе дискутираат по повеќе иницијативи, кои се однесуваат на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои зголемувањето и усогласувањето на пензиите се ограничува на корисниците на кои пензијата им се исплаќа во државата.

Подносителите, меѓу кои и граѓани што живеат во странство, како и Народниот правобранител, тврдат дека со ваквите одредби се врши дискриминација врз основа на местото на исплата на пензијата и се создава нееднаква положба меѓу пензионерите. Според нив, правото на пензија е стекнато врз основа на уплатени придонеси, а не според местото на живеење.

Подносителот на иницијативата, Игорчо Точев, од Скопје во иницијативата наведува дека одредбата предизвикува дискриминација бидејќи ја ограничуваат исплатата на зголемување за 2.500 денари само на пензионерите што ја примаат пензијата во Македонија, но не и на пензионерите што ја примаат пензијата во странство. Според наводите, ирелевантно е каде пензионерот ја прима пензијата бидејќи тој добива пензија за остварената старост, а не географска локација каде што живее.

Подносителот на иницијативата, Љубомир Сандевски, со живеалиште во Словенија тврди дека со оспорените измени се врши дискриминација и трајно финансиско оштетување на осигурениците на Фондот на ПИОСМ, кои се државјани на Република Македонија и на кои пензиите им се исплаќаат надвор од државата бидејќи нема да го добиваат редовното усогласување на пензиите во иднина, вклучително и усогласувањето на пензиите од март 2025 година. Се наведува дека државата го скратува стекнатото право и своеволно без уставна надлежност Собранието ги донело измените што прават дискриминација и категоризација на пензионерите што пензиите ги примаат во Македонија и на пензионерите што живеат надвор од државата, без да се земе предвид фактот дека пензиите се стекнати врз основа на придонесите што ги уплаќале во текот на работниот век, а не според географската локација каде што ги примаат пензиите.

Според подносител на иницијативата Темелко Ристески од Скопје со оспорените делови се создава нееднаквост меѓу пензионерите, бидејќи иако имаат ист „статус” на пензионери, сепак се оневозможува усогласувањето да се применува за сите поеднакво. Подносителот тврди дека на овој начин индиректно се ограничува слободата на движење на околу 12. 000 пензионери, како едно од уставно гарантирани права.

Подносител на иницијативата Kире Батев со живеалиште во СР Германија смета дека со оспорениот закон е направена дискриминација на пензионерите кои живеат во странство а не им се исплаќа линеарното усогласување на пензиите. Дополнително, тој тврди дека целиот работен век го остварил во Македонија и поради лични причини живее со децата во странство, за што наведува дека социјалното и пензиско осигурување редовно го уплаќал во матичната држава .

И Народен правобранител на Република Македонија има поднесено иницијатива по поднесени повеќе барања од граѓани. Во иницијативата наведува дека до него се обратиле повеќе граѓани кои се засегнати за нивните права од областа на пензиското и инвалидското осигурување, како корисници на правото на пензија од Република Македонија, кои живеат надвор од земјата. Се тврди дека се изземени од исплатата на предвидените покачувања на пензиите, па поради тоа укажуваат на дискриминација и нееднаква положба со другите корисници кои живеат во државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дијаспората се обедини: Голем собор на Македонците во Волонгонг

Голем собор на Македонците во Волонгонг: Дијаспората се обедини на Митровден.

Дијаспората се обедини:  Голем собор на Македонците во Волонгонг

СО ТОРЖЕСТВЕН СЕНАРОДЕН СОБОР ВО ВОЛОНГОНГ БЕШЕ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ МИТРОВДЕН И БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАНА ХРАМОВАТА СЛАВА

Споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, освен во татковината свечено со векови е прославуван од нашиот македонски народ во дијаспората. Традиционално и оваа година во далечна Австралија, во Волонгонг во присуство на многуброен народ од сите краишта на Австралија беше свечено прославен патрониот празник на храмот.

Чествувањето започна во предвечерието на празникот на ден 07. 11. 2026 година со Вечерна богослужба.

Утредента на 08. 11. 2026 година, во 23 недела по Педесетница, на самиот ден на празникот чествувањето на светиот Димитриј продолжи со Утрена богослужба и Света божествена литургија предводена од страна на отец Гаврил (Галев) од манастирот „Свети Климент Охридски“ во Мелбурн во сослужение на пречесните отци, старешината на храмот славеник, протојерејот Борислав Лазов и со пензионираниот свештеник, о. Климент Џепароски.

На Литургијата присуствуваше голем број верен народ од Волонгонг и околината на Илавара и Сиднеј, кои дојдоа да се помолат и да се поклонат на честицата од моштите на светиот Димитриј и да се причестат со Светите Христови Тајни.

Пред присутните на Литургијата со свое празнично слово посветено на светиот Димитриј се обрати отецот Гаврил. Во беседата тоу укажа на значањето секој православен верник да се преобразува и да го следи примерот на светителите, кои се наши застапници и молитвеници пред Бога на патот на спасението.

По Литургијата беа осветени славските колачи.

Од страна на црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ известија дека на овој торжествен ден беа особено удостоени со присуството на Амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојанче Китаноски, како и на отец Гаврил од манастирот „Св. Климент Охридски“ од Кинг Лејк, Мелбурн.

А исто така дека на оваа значајна духовна и празнична радост ѝ се придружија и претставници од повеќе сестрински Македонски црковни општини од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел. „Нивното присуство претставуваше посебна чест и радост за нашата црковна заедница, сведочејќи за единството, братската љубов и заедништвото што нè поврзуваат во верата и во нашата Македонска православна традиција“ – известија од страна на црковната општина.

По литургиската прослава следуваше празничен ручек и богата културно-уметничка програма. По благословот на трпезата, пригосни говори одржаа парохискиот свештеник, о. Борислав Лазов и Претседателот на црковната општина, г-дин Петар Лозенковски, кои како домаќини им посакаа топло добредојде на гостите. Потоа збор им беше даден на гостите.

Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Австралиско-сиднејската епархија, г-дин Дејан Змејкоски, кој во својот поздравен говор ја истакна важноста од сплотеноста на македонскиот народ во Австралија и во практикувањето на верата, традициите и во чувањето на јазикот, културата и идентитетот далеку од својата татковина во земја која на демократски начин овозможува развој на мултикултурализмот. Змејкоски ги пренесе поздравите од членството на Управата на најстариот храм во македонската дијаспора „Свети вмч. Георгиј и Пресвета Богородица“, како и од верниот народ при оваа општина во Епинг укажувајќи дека сите црковни општини под Австралиско-сиднејската епархија се во значителен подем и развој и дека е од особена важност тој заенички епархиски успех и во иднина да се сочува и надградува.

Македонскиот амбасадор, Н.Е. Стојанче Китаноски исто така се обрати пред собраниот народ, искажувајќи дека тој како новоназначен амбасадор ќе се труди да биде блиску до сите наши луѓе, а исто така и Амбасадата која секогаш ќе биде отворена за секој еден наш иселеник. Амбасадорот Китановски им ја честиташе храмовата слава на Управата и верниците при црковната општина во Волонгонг и им се заблагодари за целокупниот труд кој го вложуваат за зачувувањето на врските со нашата заедничка земја и татковина Македонија.

Од страна на Управата во знак на благодарност на Амбасадорот му беше доделена плакета, која му ја додели Претседателот, г-дин Петар Лозенковски.

Во продолжение пред собранието, кратки поздравни говори имаа и претседателот на Црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Њукастел, г-дин Сашо Стојчевски, по што беа разменети пригодните подароци.

На настанот присуствуваа и секретарот на ЕУО, г-дин Александар Младеновски, како и преставници од црковните општини од Рокдејл и од Силванија.

Ваквата прослава беше прекрасна можност македонската заедница од Австралија да се собере на едно место за што Му благодариме најнапред на Бога за неговиот благослов и на светиот Димитриј, а на сите присутни гости, сослужители, верници и пријатели им упатуваме искрена благодарност за нивното присуство и споделената празнична радост, велат од црковната општина.

По молитвите на Светиот великомаченик Димитрија Солунски, Господ да ги чува, укрепува и благословува нашите семејства, нашата црква и целиот македонски православен народ, каде и да се наоѓа!

За многу години празникот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер