Измените на Законот за јавно обвинителство во собраниска процедура - Канал 5

Измените на Законот за јавно обвинителство во собраниска процедура

Повеќе забелешки а помалку пофалби за дел од измените на Законот за јавно обвинителство кој влезе во собраниска процедура.

Измените на Законот за јавно обвинителство во собраниска процедура

Обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ го пренесе ставот на нејзините колеги дека не се испочитувани препораките за тоа колкав треба да биде процентот од даночните приходи кој ќе се одвои за Јавното обвинителство, наспроти сегашното решение за Јавното обвинителство да се одвои најмалку 0,4 отсто од аночните приходи на државата.

-Обвинителството од коешто доаѓам реагира на оваа состојба и реагира на сите обиди да платата на јавниот обвинител било прекоу коефициент или било каков друг облик да се намали. Затоа што тој обид директно влијае на нашето достоинство,- изјави – Лидија Раичевиќ – Јавен обвинител ОЈО Скопје .

Проблематични за дел од експертите се и одредбите за разрешување на државниот обвинител но и кој се може да биде избран за оваа позиција.

-Се вели доколу сериозно го наруши јавниот ред, крајно недолично се однесува или со други постапки и однесувања извршени намерно повторно со злоупотреба нанесе штета на угледот на ЈО. Кога ова ќе се утврди по овој ред вака како што е наведено јас ќе му честитам на тој што тоа ќе го оцени и ќе го направи,- изјави – Маргарита Цаца Николовска – Поранешен судија во ЕСЧП во Стразбур.

-Не гледам зошто исто така не му е дадена шанса на професор на Правен факултет кој исто така 10 години држи предмети по Кривично право. Или може и да се преформулира професот кој 10 години работел во правосудните органи,- изјави – Ќебир Авзиу – професор на правен факултет Тетово.

Постапката за избор на нов републички обвинител е позитивно оценета бидејќи овозможува поголема транспарентност како и оценувањето на работата на обвинителите.

Минатата недела законот за ЈО го помина првото читање а пратениците од опозицијата најавија дека ќе поднесат амандмани.

Палалелно со новиот закон, веќе утре ќе биде избран и новиот државен обвинител Ненад Савески.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати

Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. 

Лефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати

Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос.

Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати.

Филипче може да одмора со Заев во Паљури, на милионската јахта, но не може бесконечно да бега од одговорноста за политиката што ја води неговата партија.

СДС треба да одговори, зошто ниту еден пакет вода не донираа за Гостивар и зошто не го повикаа градоначалникот Лимани на одговорност? До кога секој нивен политички неуспех ќе го покриваат со нова дезинформација и нов обид за паника?

Граѓаните веќе ја препознаваат оваа матрица. Македонија има потреба од одговорност и работа, а не од опозиција која сопствениот недостаток на идеи се обидува да го надомести со хаос и страв.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Кошаркарската Куќа на славните е побогата за осум имиња.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Во 2026 година, Кошаркарската куќа на славните „Нејсмит“ во Спрингфилд е збогатена за осум легенди.

Во историјата на овој спорт со златни букви се запишани нови осум имиња.

Станува збор за кошаркарот Амари Стаудемајер, кошаркарките Кендис Паркер, Елена Деле Дон и Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју и Мајк Д'Антони, како и судијата Џои Крофорд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари, по 314 долари од „дивидендата од вештачката интелигенција“ за секој граѓанин.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари.

Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години.

Посебно внимание се посветува на начинот на кој беше финансиран проектот. Владата во Тајпеј успеа да обезбеди директна финансиска помош за домаќинствата преку целосно избалансиран централен буџет, без дополнително државно задолжување, додека истовремено издвојувањата за национална одбрана за првпат во историјата надминаа еден трилион тајвански долари. Овој потег ја истакнува јасната разлика во поглед на регионалното економско лидерство.

Додека властите во Пекинг, на кинеското копно, се соочуваат со криза во секторот на недвижности и пад на довербата на потрошувачите, избраното раководство на Тајван успева технолошката експертиза и економскиот раст директно да ги преточи во придобивки за своите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер