3ЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените
МакедонијаИзмените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците го поминаа комисискиот филтер Измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците денеска добија поддршка од членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Измените беа предложени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. За шесте поднесени амандмани од пратеникот на „Европскиот фронт“ Сали Мурати, не дадоа поддршка членовите на Комисијата. За последниот шести амандман претседателот на Комисијата за политички систем Љупчо Пренџов го повика Мурати да го повлече бидејќи, како што посочи, не може да го стави на гласање оти во амандманот пратеникот бара промена во членот 8 став 5, а законското решение има седум члена. На ова, Мурати одговори дека при средувањето на амандманите собраниските служби направиле техничка грешка и оти нема да го повлече шестиот амандмам оти, како што рече, смета дека е во право. Со измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се предвидува укинување на неговиот правен статус. Исто така, со измените, се предвидува, директорот на Инспекторатот да поседува уверение, сертификат или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, францски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга. -Директорот своите надлежности ги извршува во согласност со членот 30 од Законот за инспекциски надзор. Вработените, опремата, документацијата, побарувањето и мирувањето на обврските, како и другите средства од Инспекторатот за употреба на јазиците се преземаат од Министерството за правда. Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи делот од член 20 став (1) од Законот за употреба на јазиците, кој се однесува на својството на правно лице на Инспекторатот, се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страна за оваа законско решение. Пратеникот на „Европски фронт“ и предлагач на амандманите, Сали Мурати истакна дека со неговите шест поднесени амандмани се одбранува битието на Уставот членот 7 од Уставот, членот 48 од уставот и Законот за употреба на јазиците. Пратениците на „Европскиот фронт“ во текот на расправата истакнаа дека целта на измените на Законот се да се контролира работата на Инспекторатот и да се навлезе во Законот за употреба на јазиците. Рина Ајдари, пратеничка на „Европскиот фронт“ истакна дека целта на Законот е да се тргне еден независен орган и да се врати во една обична канцеларија каде ќе функционира во рамките на една институција со тенденција да се контролира и да се изврши прекршување од актуелната власт. Ова, како што потенцира, ја става во ризик ефективноста и интегритетот на работата која Инспекторатот ја вршеше досега, правејќи го тој еден предмет кој е во раката на власта. -Ова измена која сака да се помине од парламентарното мнозинство има директни последици врз граѓаните, бидејќи ќе се намали можноста да се држи одговорност за тие кои го прекршуваат Законот за јазиците. Наместо да се унапреди овој Предлог-закон, не враќа во еден централизиран систем и систем без надеж. За штетата да биде уште поголема, напорите се прават за да се навлезе во Законот за јазиците, да се тргне членот 20 од овој Закон кој е поврзан со правото на правното дејство на овој Инспекторат. Ова флагрантно навлегување иако е недозволено за нас како пратеници Албанци во оваа Собрание, истото дејствие е и противуставен и сите вие кои сте тука присутни ова го знаете, рече таа. Ајдари нагласи дека втората причина за овие измени на Законот е директорот – еден партиски кадар кој, како што рече, власта сака да го импонира во овој Инспекторат кој не ги исполнува условите. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски потенцира дека мандманите не соодветствуваат со закони кои заеднички биле изгласани со големо мнозинство. Тој нагласи дека ќе гласа воздржано за, како што рече, да не бидеме погрешно разбрани и од страна на предлагачот на амандманите и од било кој друг колега пратеник. -Инспекторатитете без разлика дали станува збор за Инспекторатот за албански јазик, Инспекторатот за македонски јазик, Пазарниот инспекторат. Просветниот инспекторат и другите инспекторати во државата, ние заедно како парламентарно мнозинство, но исто така и пратениците на ДУИ сме ги гласале измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа каде што е предвидено намалување на правните лица и субјекти, односно припојување на инспекторатите кон матични министерства. Дополнително, оваа реформа е еден од условите кои се поставени со Реформаската агенда која е усвоена од две влади во континуитет – и од претходната и од сегашната влада, а е усогласена со Планот за раст на Европската комисија. Сметам дека ова прашање иако некој сака да го претстави како етно-политича тема, ова прашање е реформска тема која е усогласување со актуелното законодавство и со повисокиот надреден закон за органи на државна управа кој бил изгласан со 88 пратеници од парламентарното мнозинства од пратеничката група од ДУИ вклучително и пратеникот Сали Мурати. Сметам дека би требало да бидеме доследни, ако сме го гласале Законот за реформи на органите на државна управа, тогаш и ова да го сфатиме како административна-законодавна реформа која во меѓувреме ни е побарана не само за овој туку за сите 20 инспекторати од Европската Комисија да ја спроведеме за да можеме да добиеме дел од средствата кои се предвидени со Планот за раст а се наменети за Македонија, рече Милошоски. Пратеникот на Движењето ЗНАМ, Бобан Карапејовски истакна дека со измените сакаат сите инспекторати во согласност со Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за инспекциски надзор да го добијат своето место и да можат да функционираат. -Вчера во 16:30 часот се поднесе Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик бидејќи Инспекторатот за македонскиот јазик има поскромен статус од Инспекторатот за албанскиот јазик. Имено, решени се работи како тој ќе функционира само во Законот за македонски јазик, нема и во Законот за употребата на јазиците и одделен закон. Во неговиот поскромен статус само во еден закон што само малку работи се регулираат. Со вчерашната Предлог-измена во првиот член стои: „се бришат зборовите со својство на правно лице“. Исто тоа што е предложено во овој Закон. Во членот 4 од Предлогот за измени и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик поднесен вчера, во членот 4 стои: „директорот своите надлежности ги извршува во согласност со членот 30 од Законот за инспекциски надзор“. Во членот 3 од Предлог на законот за именување на Законот за употреба на јазиците, Инспекторатот за употреба на јазиците стои: „директорот своите надлежности ги извршува во согласност со членот 30 од Законот за инспекциски надзор“. Идентично. Ние не сакаме никаков посебен статус да добие ниту еден инспекторат, туку сите инспекторати во согласност со Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за инспекциски надзор конечно да го добијат своето место и да можат да функционираат. Луѓето четири месеци немаат земено плата. Ајде да го видиме функционалниот аспект. Мене ми се чини дека со овие дебати како да сакате да не функционира Инспекторатот за употребата на албанскиот јазик. На овој начин ја блокираме неговата работа. Ние сакаме да ја одблокираме практично работата. Ако само една одредба ми кажете сега со која се укинува која и да е надлежност во однос на надзорот на употребата на албанскиот јазик, дека се укинува албанскиот, јас веднаш тука ќе го повлечам Законот, рече Капарејовски. Тагови: собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ – ново поглавје на меѓународната соработкаНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ фестивалот од Романија потпишаа Меморандум за соработка, кој претставува уште еден значаен чекор во меѓународното поврзување и афирмирање на Битолскиот театар.Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу, со што се отвораат нови можности за размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи. Оваа соработка е уште едно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и уметничкиот потенцијал на Народниот театар Битола, но и потврда дека нашиот театар одамна ги надминал локалните и националните рамки. Големината на еден театар не се мери само според неговата историја и традиција, туку и според неговата способност да создава нови вредности, да воспоставува партнерства и да биде препознаен и почитуван на меѓународната театарска мапа. НУ Народен театар Битола продолжува да гради мостови, да отвора нови хоризонти и да ја афирмира Битола како град на театарот и културата. Народен театар Битола – со корени во традицијата, со поглед кон светот!Тагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за женитеОва не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми.Народот вели „ни срам, ни перде“, а токму така денес изгледа ВМРО-ДПМНЕ кога по трагичните убиства не само на Ајнет во Битола и Билјана Кириќ во Богданци, туку на Рамајана, Танкица, Ивана и нејзината ќерка, и многу други, излегува со соопштенија и зборува за превенција и заштита на жените. Со кој морал, со кој образ и со кое чувство на политичка надмоќ раководството на ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партнер на младите и жените во спречувањето на насилството, кога во Собранието двапати – не еднаш, туку двапати – го одби предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за следење на насилниците? „До кога ќе ги слушаме жените како молат да не бидат убиени а добрите предлог-закони ќе бидат во фиока? Доста со тоа „решете си го проблемот дома“, токму зад тие четири ѕида жени секојдневно живеат во страв, трпат насилство, молат за помош, а некои никогаш не излегуваат живи! Ова е насилството што го нормализиравме во Македонија“, вели претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Ова не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми. Наместо да пишуваат празни соопштенија и да се кријат зад половични решенија кои со месеци ги држат заглавени во собраниските фиоки уште од летото, власта имаше конкретен, сеопфатен предлог доставен од ЛДП – закон кој прецизно уредува не само воведување на електронската нараквица, туку и начинот на нејзина употреба, случаите во кои е задолжителна и итните мерки за заштита на жртвите. Да имаше ЛДП самостојно мнозинство во Собранието, овој систем одамна ќе беше функционален и ќе спасеше човечки животи, но во вакви услови неопходна е парламентарна поддршка. Затоа порачуваме: имате мнозинство во Собранието, веднаш прифатете го и изгласајте го предлогот на ЛДП! Престанете да испраќате лицемерни соопштенија додека институциите и јавноста секојдневно се соочуваат со сѐ повеќе пријави за насилство кое завршува трагично. Секое ваше ново оправдување без конкретни дела само го зголемува гневот кај граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook