МакедонијаИзмени на Законот за јавни патишта за поставување интелигентен транспортен систем на коридоритеЗа планираното поставување ИТС на Коридор 10 во државава во тек е тендер за избор на изведувач, а таков систем во иднина се планира и на Коридор 8. Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска даде едногласна поддршка за Предлог законт за измени на Законот за јавни патишта, во прво читање, со коишто се врши усогласување со европското законодавство што е основа за воспоставување на Интелегинтен транспортен систем (ИТС) на паневропските коридори во државава. За планираното поставување ИТС на Коридор 10 во државава во тек е тендер за избор на изведувач, а таков систем во иднина се планира и на Коридор 8. Според целите од Националната транспортна страттегија за ИТС тоа треба да се направи до 20230 година. Со законските измнеи ќе се имплементираат одредбите од Директива 2010/40/ЕУ, со која се предвидуваат правила за распоредување на интелигентни транспортни системи во патниот транспорт. Целта на таа Директива е да го поттикне развојот на иновативни транспортни технологии за создавање интелигентни транспортни системи (ИТС). Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири на седницата образложи дека хармонизацијата со европското законодавство ќе придонесе за зголемување на ефикасноста, сигурноста и одржувањето на транспортниот систем, обезбедувајќи информации во реално време, поголема безбедност, подобра инфраструктура, намалување на негативните влијание во животната средина... - Оваа директива заедно со регулативата ќе ги одреди техничките спецификации за ИТС предвидувајќи обврски за државите кандидатки како предуслов за натамошно интегрирање. Усогласувањето со европските стандарди ќе овозможи развој на подобри дигитални услуги, подобро поврзување со транспортниот систем на ЕУ и унапредување на безбедноста во јавниот транспорт, рече Зеколи Шаќири. Пратеникот од СДСМ Митко Трајчуловски најави поддршка за Предлог законот, но забалежа дека „се доцни со неговото поднесување“ бидејќи, како што рече, тендерската документација била во финална фаза пред година и половина. Носењето на овој закон и примената на овие системи, според него, ќе биде сериозен придонес во развојот на транспортниот сектор во државата затоа што, потенцираше, транспортот не претставува само изградба на пруги и патишта, туку и мерки во однос на бебзедноста, управувањето, сообраќајот. - Тоа е проект што го почнавме во 2018 година. Во декември 2019 година Светска банка го одобри проектот за олеснување на трговијата и транспортот и почна да се имплементира од 2020 година. Претставува регионален проект и е суштина за меѓусебно поврзување, односно за интероперабилност и интерконективност во рамки на регионот. Една од компонентите на овој проект е воспоставиување на интелигентен транспортен систем кој предвидува управување со сообраќајот во реално време и ќе значи сериозен придонес за поврзување со транспортните интелигентни системи на земјите од ЕУ. Суштинската работа е безбедносата во сообраќајот на патиштата, рече Трајчуловски. Според најавите, во првата фаза треба да се воспостави ИТС систем долж Коридорот 10, од Велес до ГП „Богородица“, а во втора фаза од Велес кон ГП „Табановце“, а во иднина и на Коридор 8. Проектот се реализира заедно со Светска банка која даде грант за системот на Кородорот 10 од околу 13 милиони евра, односно 60 проценти од инвестицијата во проектот. - Светска банка го работи тендерот за изведувач на системот на Коридорот 10. За година до година и половина ќе имаме целосно дигитализиран хајтек автопат од Табановце до границата со Грција. Нешто што ќе помогне во безбедоста на сообраќајот. По завршување на системот ќе се следи сообраќајот од минута во минута на Коридорот 10, а институциите ќе можат да реагираат на одредени неправилности на автопатот, информираше вчера вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски во обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаШефот на британските воздухопловни сили: Ова може да биде последниот борбен авион со пилотСледниот британски борбен авион би можел да биде последниот во чија пилотска кабина ќе има пилот, изјави ер-маршалот сер Харв Смит, висок командант во Кралските воздухопловни сили (РАФ), во интервју за „Телеграф“. Смит смета дека борбените авиони без екипаж, потпомогнати од вештачка интелигенција, целосно ќе ја трансформираат воената авијација – промена што тој ја спореди со преминот од авиони со пропелери кон авиони со млазен погон. Се очекува новиот борбен авион да биде подготвен до 2035 година. Британија развива борбен авион од шестата генерација наречен „Темпест“ (Tempest), кој ќе вклучува „стелт“ технологија. Тој се развива како дел од меѓународна иницијатива позната како „Глобална програма за борбена авијација“ (GCAP). Во проектот, вреден повеќе милијарди фунти, се вклучени британската компанија „BAE Systems“, италијанската „Leonardo“ и јапонската фирма „Japan Aircraft Industrial Enhancement Company“. Планот е новото летало да влезе во оперативна употреба до 2035 година. „Леталото од програмата GCAP би можело да биде последното борбено летало со екипаж што некогаш ќе го изградиме – не затоа што луѓето ќе станат помалку важни, туку напротив“, изјави Смит за „Телеграф“. Смит објасни дека британското Кралско воено воздухопловство (RAF) во иднина ќе ги комбинира постојните борбени авиони со автономни системи – односно, со летала способни самостојно да извршуваат одредени задачи. „Доколку се користат правилно, вештачката интелигенција и машините ќе ги преземат најопасните задачи наместо луѓето; сепак, технологијата мора да го подобри човечкото расудување, а не да ја замени човечката одговорност“, рече Смит. Британското Кралско воено воздухопловство моментално управува со борбените авиони „Еурофајтер тајфун FGR4“ (Eurofighter Typhoon FGR4) и „Ф-35Б лајтнинг“ (F-35B Lightning). Вториот модел го користи и Кралската морнарица, бидејќи е способен да полетува и слетува на носачи на авиони. Смит најави дека првите беспилотни борбени летала ќе почнат да летаат низ британскиот воздушен простор уште следната година. Ова ќе го означи почетокот на нова фаза во развојот на воената авијација, во која луѓето сè повеќе ќе управуваат со леталата од далечина. „Беспилотните борбени летала ќе почнат да летаат во британскиот воздушен простор следната година. Ова е истовремено возбудливо и неопходно“, изјави првиот човек на британското Кралско воено воздухопловство. Велика Британија веќе го користи беспилотното летало „Протектор“ - долго приближно 11 метри - дизајнирано и за извидување и за вооружени операции. Се управува од RAF Waddington, база лоцирана во англискиот округ Линколншир. „Протектор“ може да остане во воздух приближно 40 часа и е способен да носи ракети „Бримстоун“ и прецизно водени бомби „Пејввеј“. За разлика од целосно автономните системи, ова летало е контролирано од оператори на земја. САД веќе тестираат борбени беспилотни летала заедно со борбени авиони. Минатиот месец, воздухопловните сили на САД спроведоа тест што демонстрираше како би можела да изгледа таквата соработка. Борбен авион „Ф-22 Раптор“, пилотиран од човек, полета од воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија. За време на тестот, пилотот на „Ф-22“ дал тактички инструкции на беспилотното летало „ЈФК-44А Фјури“ што летало во близина. Дронот потоа независно ги толкувал овие команди, ги избирал своите маневри и извршувал симулирани борбени задачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ЗабаваКим Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон Американската старлета Ким Кардашијан уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите бујни облини на еден настан, привлекувајќи ги погледите на љубопитните набљудувачи. Вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот. Присутни беа неколку познати убавици, кои го збогатија настанот со своите внимателно одбрани модни комбинации. Меѓу истакнатите дами беше и Ким Кардашијан, ѕвездата од реалните шоуа дојде да му даде поддршка на своето момче седумкратниот свтески шампион во Ф1, Луис Хамилтон. За оваа прилика Ким одбрала две различни модни комбинации. Најпрво заблеска во црна кожна комбинација која ги истакна нејзините бујни облини и бујни гради, а потоа се пресоблече во посветла – но подеднакво впечатлива – облека. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..Холивудската ѕвезда, убавата актерка Џенифер Лоренс ги рангирала колегите со кои снимала романтични сцени, според тоа кој од нив се бакнува најдобро. Првото место му припадна на Џош Хачерсон иако во конкуренција биле и Лијам Хемсворт, Бредли Купер.... Американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините холивудски колеги најдобро се бакнува, а нејзиниот редослед привлече големо внимание во јавноста. За време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен, актерката доби задача да ги рангира колегите со кои снимала романтични сцени. На листата се најдоа Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Џош Хачерсон, Крис Прат и Тимоти Шаламе. Лоренс му го додели првото место на Џош Хачерсон, со кого глумеше во филмскиот серијал „Игри на гладта“. „Џош е најдобар, а потоа, па, Хемсворт, Купер, Шаламе, Прат“, изјави актерката. Интересно е тоа што Хачерсон беше присутен во студиото додека Лоренс го споделуваше своето мислење. Актерката зборуваше и за снимањето романтични сцени, нагласувајќи дека, во реалноста, таквите искуства немаат многу врска со романтиката. Присуството на голема филмска екипа, камери и напорниот работен ден создаваат атмосфера која е далеку од интимна. За неа е особено непријатно кога треба да снима сцени со бакнување со колеги кои ѝ се блиски пријатели, како што е Хачерсон.Тагови: џенифер лоренс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter