3Од понеделник се отвораат шалтери на „Алта банка“ и во Тетово и Струмица, неделниот лимит 15.000 денари
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
ЗдравјеИзмена на законските ингеренции на Комисијата за дијабетес, современа терапија во аптеките ...Измена на законските ингеренции на Комисијата за дијабетес, современа терапија во аптеките и распишување тендер за глукометри, ленти, ланцети и сензори, бараат од Сојузот на здруженија на дијабетичариИзмена на законските ингеренции на националната комисија за дијабетес согласно кои само пет доктори ќе имаат право и привилегија да одредуваат терапија, новите количини од современата терапија да бидат испорачани до инсулинските аптеки, а системот да биде одблокиран за да се иницираат нови пациенти и распишување на тендер за глукометри, ленти, ланцети и сензори согласно критериумите кои ќе бидат прифатливи од нас пациентите, бараат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Моменталните ингеренции на Комисијата, како што посочуваат од Сојузот во барањето до министерот за здравство Азир Алиу, се во директна колизија со стручните компетенции на лекарите кои веќе се овластени да препишуваат терапија за пациентите со дијабетес, а кои не се членови на комисијата. Потенцираат дека од некој од докторите ендокринолози кои работат во центрите за дијабетес до нив, како сојуз, стасале информации дека Комисијата за дијабетес ќе почне да прави ревизија на постоечката терапија и им било наведено дека на сите постоечки пациенти со современа терапија, таа ќе им биде ревидирана. Дали оваа ревизија значи дека доколку комисијата одлучи дека некој пациент не треба да биде повеќе на терапија што му ја одредил неговиот матичен ендокринолог ќе биде сменет односно префрлен на друга терапија. Како ќе ни објасните дека ние ќе добиваме терапија по ревизија која нема да се прави во лекарска ординација туку во некои од салите за состаноци во Министерството. Се прашуваме дали вакви административни ревизии на терапии од комисии во состав на министерства се согласно препораките на Меѓународната федерација за дијабетес и Светската здравствена организација, прашуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари и наведуваат дека се „подготвени за ревизија, но да се направи ревизија на 2015, 2014 година кога Комисијата за дијабетес во тоа време, со ист член кој сега е претседател дала одобрување за паралелен увоз, инструкции за административно префрлување на пациенти од една на друга терапија и административно и кабинетски придонесувала да се влоши здравјето на пациентите“. Од Сојузот информираат дека количините современа терапија се обезбедени со тековниот тендер, но некои администратори/председатели го кочат процесот на штета на здравјето на оние пациенти на кои овие лекови им требаат и веќе два месеци се надеваат дека ќе ги добијат. Веќе неколку пати укажуваме дека нашите права како пациенти со дијабетес, корисници на инсулинска терапија и друга современа анти дијабетична терапија се загрозени, односно се прекршени и критериумите за избор на ленти, ланцети, глукометри и сензори се сведуваат на најниска понудена цена. Тендерот за набавка на инсулинска терапија е завршен и договорите се потпишани пред речиси два месеци. Во овој момент се уште немаме достапни количини за ново поставени пациенти на современата антидијабетична терапија. За ова бевме известени од страна на претходниот министер како големо постигнување на Министерството, тоа го поздравивме со големо воодушевување, но од тоа засега се уште нема ништо и се чуствуваме целосно излажани и изиграни. Количините инсулини по инсулинските аптеки се сведени на минимум и со тоа не се обезбедуваат предуслови да се задоволат потребите на постоечките пациенти, додаваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Тагови: дијабетес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Црна хроникаУапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење. Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода. Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку двајца загинати и над 20 повредени во автобуска несреќа во Франција (ВИДЕО)Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во градот Лен, во департманот Ен во источна Франција, загинаа две лица - едно малолетно лице и едно возрасно лице, соопшти префектурата на департманот Ен. Во несреќата се повредени уште 20 лица, од кои тројца се здобиле со тешки повреди. Според информации од извор близок до истрагата, објавени од BFMTV, автобусот завршил во канал. Истиот извор наведува дека се евидентирани неколку десетици жртви или лица кои некако биле вклучени во несреќата. Две лица доживеале срцев удар Автобусот „излетал од патот и удрил во дрво во канал“, потврди за АФП градоначалникот на Лен, Ив Кристан, наведувајќи дека две лица доживеале срцев удар, додека голем број луѓе се повредени. По несреќата, министерот за транспорт Филип Табаро објави на социјалната мрежа X дека се упатува кон местото на несреќата. „Секогаш е тешко кога нашите ученици, нашите деца, се жртви на несреќа од ваков вид. Им нудам на семејствата сета моја поддршка, како и поддршката од владата и целата образовна заедница што е со нив“, изјави министерот за образование Едуар Жефр за новинарите. Министерот, кој беше во посета на средно училиште во Конфлан-Сен-Онорен, во департманот Ивлин, рече дека во овој момент нема дополнителни информации за несреќата. Префектот на департманот Ен објави дека е активиран оперативниот центар на департманот (COD) за да ги координира активностите на различните служби вклучени во управувањето со кризата. Службите за итни случаи и полициските службеници беа распоредени на местото на несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд понеделник се отвораат шалтери на „Алта банка“ и во Тетово и Струмица, неделниот лимит 15.000 денариНародната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во „АЛТА банка“ АД Битола. Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери. · Од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтерите и во Тетово и Струмица, на кои граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. На овој начин, клиентите од овие градови и околните населени места ќе можат да ги подигнат средствата без да патуваат до Битола. Воедно, Народната банка ќе им излезе во пресрет на граѓаните од околните градови во Битола, а тоа се Прилеп, Ресен и Охрид, ќе организира автобуски превоз до филијалата на Алта Банка АД Битола, со цел и тие да можат да си подигнат своите пензии и социјална помош. · Исто така, од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажни места со платежните картички на Банката се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. · Третото олеснување се однесува на сите идни нови приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки ̶ нив граѓани ќе можат да ги повлечат во целост, без ограничување на износот. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката. Инаку, исплатите на клиентите досега се одвиваат според утврдениот распоред. Како што знаете, од вчера започна исплатата на средствата на граѓаните коишто немаат платежни картички. Исплатата продолжува и во следните денови. Филијалата во Битола работи во две смени, а ќе работи и во сабота, 7 ноември. Исплатата на средствата на корисниците на социјална помош започна од денеска. Денес, во експозитурата во Битола беа услужени околу 660 клиенти. Просечниот повлечен износ по клиент вчера беше околу 19 илјади денари, а денес околу 16 илјади денари, што е очекувано поради пониските износи на социјални трансфери. „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа. Администрацијата е привремена мерка, која се применува до промена на сопственоста. Состојбата во Банката е добра, таа е ликвидна и висококапитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио. Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачува ликвидноста на Банката и да се заштитат интересите на сите штедачи. Народната банка континуирано ја следи состојбата и ги приспособува мерките во согласност со нејзиниот развој, при што приоритет останува уредното опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката. Народната банка ги повикува граѓаните да ги следат информациите објавени преку официјалните канали на информирање на Народната банка, се наведува во соопштението од НБ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter