Петрушевски: Филипче надградена верзија на Заев кој потпиша бел лист хартија со Бугарија, слепо ги прифаќа сите бугарски диктати само за власт
2Петрушевски: Филипче надградена верзија на Заев кој потпиша бел лист хартија со Бугарија, слепо ги прифаќа сите бугарски диктати само за власт
КултураИзложби и концерти во Отворено графичко студио во Музеј на Град СкопјеНа 19 јуни (петок) со почеток во 20:00 часот, во Отворено графичко студио ќе се одржи настан што ги обединува визуелната уметност, независното издаваштво и музиката.Публиката ќе има можност да ја посети изложбата „Морфологија на градот“ на Јелена Белиќ, која преку графики ги истражува урбаните структури и трансформации на Скопје. За изложбата пишува Максим Наумовски. Во рамки на програмата ќе биде промовиран и фанзинот „Нештата што исчезнуваат“, заеднички проект на Скопје Колаж Колектив и Партизанска штампа, посветен на исчезнатите простори, објекти и спомени од колективната меморија на градот. Музичкиот дел го сочинуваат настапите на Тодор Караколев, кој по двегодишна пауза се враќа со свој соло концерт, и YVA & The Toy George, проект на српската музичарка која живее во Рим, Ива Станишиќ, чија музика спојува електронски, хип-хоп и балкански влијанија во енергично и жанровски неконвенционално сценско искуство. Настанот е во продукција на Партизанска штампа, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Центар. 19 јуни 2026 | 20:00 часот Отворено графичко студио, Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Дебар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 18.06.2026 во 15:30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Б.К.(34) од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Дебар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче надградена верзија на Заев кој потпиша бел лист хартија со Бугарија, слепо ги прифаќа сите бугарски диктати само за властДодека СДС беше на власт, Венко Филипче и Зоран Заев, жедни и лакоми за ден повеќе на власт, прифатија и потпишаа бланко бел лист хартија со Бугарија.СДС, Филипче и Заев ветуваа живот за сите, со богати граѓани, европско здравство и образование, модерна и просперитетна Македонија, а донесоа само криминал, уништување на се што е македонско и создадоа проблем таму каде што немаше. Откако не исполнија ниту едно ветување, мислеа дека ако потпишат се што ќе им се даде, ако коленичат и ги гланцаат чевлите на некој европски бирократ тоа ќе им донесе победа на избори и така ќе останат на власт. Сега од опозиција Филипче е надградена верзија на тој владејачки СДС и слепо прифаќа се што доаѓа од Бугарија, повтоено во надеж дека некој друг, а не граѓаните со глас на избори, ќе го донесат на власт. Желбата за власт толку го ослепила Филипче, што не гледа ништо пред себе и се спротивставува на државните интереси и согласен е на нови идентитетски отстапки и национални предавства. За Филипче нема црвени линии за идентитетот, јазикот, културата, историјата, тој би ги дал на Бугарија без око да му трепне, само за власт. Затоа се претвори во пиун на Радев и вели дека македонскиот национален идентитет не е загрозен од бугарските ултиматуми кои пак велат дека историјата ни е заедничка, јазикот дијалект на бугарскиот, а македонските револуционери кои се бореле за автономна и независна Македонија, Бугари. Филипче, на власт во Македонија не те носат странски држави, туку македонските граѓани со гласање на избори и тие те испраќаат во длабока опозиција на маргините на политичката сцена, каде што и си. Наместо сојуз со туѓи држави и државници, потребна е коалиција со народот за одбрана и заштита на македонскиот национален идентитет. Нема пазарење со македонскиот идентитет, СДС, Филипче и Заев никогаш повеќе. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијатаХристијан Мицкоски им порача на граѓаните да се „припремат за маратон“. Со други зборови, јасно им кажа дека треба да се подготват долго време да живеат сиромашни. Оваа порака доаѓа во момент кога економската реалност е многу потешка од политичкиот маркетинг на Владата. До јуни е потрошен скоро целиот планиран буџетски дефицит за целата 2026 година. Од 670 милиони евра предвиден дефицит. Ребалансот е неизбежен и ќе биде многу тежок. Буџетот беше донесен со нереални и надуени стапки на раст, кои служеа исклучиво како маркетиншки инструмент. Капиталните инвестиции покажуваат висока реализација на хартија, но во реалноста се работи за плаќање на заостанати фактури од минатата година, а не за нови проекти. Македонскиот економски модел и понатаму се базира на лична потрошувачка, а не на извоз и продуктивни инвестиции. Во услови на увозна зависност, оваа потрошувачка директно ја зголемува инфлацијата и ја прави економијата ранлива. Дополнително, одложувањето на европските интеграции ја чини државата милијарди евра во изгубени грантови и поддршка, особено во време на кризи. Наместо да се фокусира на реформи и ЕУ патот, Владата продолжува со популистички пораки, најавува предвремени избори (затоа што нема парии), одложување на суштинските промени. Кога премиерот вели „припремете се за маратон“, тоа не е повик за издржливост. Тоа е отворена најава дека граѓаните треба да се навикнат на долготрајна сиромаштија, додека политичките елити продолжуваат со иста политика на долгови, маркетинг и одложување на реформите. Граѓаните не заслужуваат маратон во сиромаштија. Заслужуваат реални реформи, вистински инвестиции и европска иднина. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook