ВМРО-ДПМНЕ: Битола со 81 проект, нова инфраструктура, градинки, училишта, спортски и културни објекти
2ВМРО-ДПМНЕ: Битола со 81 проект, нова инфраструктура, градинки, училишта, спортски и културни објекти
3ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
КултураИзложбата „Спектрум“ на Маја Кировска во ПортугалијаИзложбата „Спектрум“ на Маја Кировска ќе биде претставена на манифестација во Брага, Португалија што се одржува од денеска до 6 септември.На изложбата ќе бидат претставени инсталациите насловени „Сино“, „Филтер“ и „Не е се така розево“ кои се комплексни, составени од повеќе елементи и употребени се фотографија, аугментирана реалност, објекти и дигитален принт. Делото „Не е се така розево“ е видео анимација која е предвидено да се гледа со специјални очила. Првпат, изложбата „Спектрум“ на Кировска беше претставена во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во периодот од 29 декември 2015 година до 15 јануари 2016 година. Манифестација во Брага се одржува на повеќе локации во историски згради и музеи како што се Palacio do Raio, Museum og the Image, Галеријата на станицата, галеријата на Mestre Alberto Vieira.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСилјан: Македонскиот јазик не е доказ што одново го поднесуваме пред туѓ судПримајќи го Орденот „8 Септември“, основачот на „Матица македонска“ порача дека секоја добра книга на македонски јазик е траен чин на суверенитет, а слободата се носи како одговорност.„Македонскиот јазик не е доказ што одново го поднесуваме пред туѓ суд. Тој е нашата куќа во времето: во него зборуваат предците, се огледува совеста на живите и се именува иднината на децата“, порача Раде Силјан во словото по повод примањето на Орденот „8 Септември“, на свеченоста по повод Денот на независноста. Силјан нагласи дека одликувањето го прима и како признание дека македонското слово учествува во градењето на државата. „Таквата чест не ме издига над другите – ме задолжува пред нив. Песната, критиката и издаваштвото за мене се една служба: словото да се создава, да се промислува и да стигне до читателот“, рече тој. „Самостојноста и независноста имаат датум. Слободата има секојдневје. Совеста е нејзината мера“, порача Силјан, потсетувајќи дека изборот од 8 септември 1991 година не почнал од празна страница, туку во него се слеале Климентовото слово и Охридската книжевна школа, народната песна и преродбенската книга, илинденскиот непокор и државотворноста на АСНОМ. Во средиштето на словото беше македонскиот јазик како простор на паметењето, одговорноста и иднината. „Не бара другите јазици да замолкнат. Бара ние да не замолкнеме во него. Јазикот се чува секој ден – во домот, училиштето, науката, театарот, книгата и чесниот јавен збор“, нагласи Силјан. Тој ја определи книгата како разговор меѓу времињата, а културата како суштинска самосвест на државата. „Без култура, државата може да функционира, но не знае зошто трае. Поетот не е украс на државата. Тој е немир во нејзината совест“, рече Силјан. Во делот посветен на издаваштвото, Силјан потсети дека петнаесет дена пред референдумот ја основал „Матица македонска“. „Така одговорив на прашањето што може поетот да стори за својата земја: да напише песна и да изгради дом за книгите на другите. Ако песната е мојот глас, ‘Матица македонска’ е мојата грижа да не замолкнат и другите македонски гласови. Секоја добра книга на македонски јазик е тивок, но траен чин на суверенитет“, порача тој. Говорејќи за јавната одговорност, Силјан нагласи дека суверенитетот не е само право да одлучуваме сами, туку зрелост да владееме со себе. „На избори се добива мандат – не тапија на татковината. Ниту една партија, власт или генерација не е сопственик на Македонија. Ние сме нејзини привремени чувари меѓу оние што ја сонувале и оние што ќе ја наследат“, рече тој. Во завршниот дел, Силјан го постави прашањето за иднината на младите како една од најтешките мерки на денешната државност. „Држава од која заминуваат децата останува без идно време. На оние што треба да останат по нас не им должиме само историја со која ќе се гордеат. Им должиме сегашност од која нема да мораат да заминат и иднина што ќе сакаат да ја живеат тука“, порача Силјан. Словото го заврши со пораката: „Орденот се носи на градите. Слободата се носи како одговорност.“ За сите што денес ја продолжуваат работата на „Матица македонска“, одликувањето на нејзиниот основач е момент на искрена радост и гордост, но и потврда на обврската со која издавачката куќа започна пред триесет и пет години – македонското слово да се создава, да се вреднува и да стигнува до читателите.Тагови: Раде Силјан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
Други спортовиРељиќ меѓу најдобрите 10 на светската таеквондо ранг листаНашата најдобра таеквондистка Милијана Рељиќ се рангираше меѓу првите 10 на светската таеквондо ранг листа во категорија -62кг, додека на Олимписката ранкинг листа -57кг направи скок од 17 позиции и е на високата 22 позиција. Во Олимписка ранг листа се спојуваат две категории во една и затоа рангирањето е посебно. Со освоениот бронзен медал на отвореното женско светско првенство Г-4 во август во Таијуан, Кина, Рељиќ освои значајни поени за септемвриското рангирање. Ова беа клучни поени за патот кон освојување А норма за Олимписките Игри во Лос Анџелес 2028. „Изразуваме огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски кои преку Македонска Таеквондо Федерација, целосно ги покри сите финансискиттрошоци за овој многу важен турнир. Со овој резултат Мила ита кон ЛА2028 и само, не дај Боже повреда или некоја техничка грешка, може да ја тргне од патот за Олимписките игри во Лос Анџелес. Мила е единствената Македонка во првите 10 на светска ранг листа во олимписки спорт“, вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов. Тој најавува дека Мила овој месец има три натпревари во Ниш, Хамбург и Варшава каде ќе се обиде да освои нови медали и преостанатите 16 поени од максималниот дозволен број поени кои може да се рангираат за олимписката ранг листа. Златен медал носи 10 поени, сребрен 6 поени а бронзен 3,60. „Со ова се надеваме дека ќе може да бидеме во први 16 на Олимписката ранг листа и да земеме учество за Финал Гранд При Г-10, што ќе се одржи кон крај на ноември во Казахстан“, вели Ефтимов. Тагови: Милијана Рељиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Битола со 81 проект, нова инфраструктура, градинки, училишта, спортски и културни објектиВо само една година, Општина Битола има 81 одобрен проект од двата владини повици финансирани преку унгарскиот кредит.Обновени и изградени се над 10 километри патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел, реализирани се повеќе од 3 километри водоводна и канализациска мрежа, а реконструирани и изградени се 24 спортски и училишни терени и четири типски спортски сали. Нови 220 нови паркинг-места на простори кои претходно биле узурпирани или се ослободени со изградбата на нови улици. Значаен дел од инвестициите се насочени кон создавање подобри услови за најмладите. Отворена е градинката „Пчеличка“ со капацитет за 475 деца, а во Домот за доенчиња и мали деца моментално се згрижени 76 деца. Во тек е изградбата на новата градинка во „Нова Битола“, со капацитет за 153 деца, како и градинката во комплексот АРМ, која ќе овозможи дополнително згрижување на 246 деца и намалување на листата на чекање. Во населбата Буковски ливади се гради ново училиште, инвестиција вредна над 31 милион денари. Продолжува и реконструкцијата на Центарот за спорт и рекреативни активности, поранешната боксерска сала. Проектот е поддржан од Владата со над 40 милиони денари, а по неговото завршување Битола ќе добие современ спортски простор од над 1.000 квадратни метри за бокс и авантуристички спортови. Во подготовка е и целосна реконструкција на ќумурното игралиште, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, како и изградба на нов спортски терен помеѓу игралиштето и салата „Боро Чурлевски“. Веќе е изградена 5 километри велопатека, а во тек е подготовка за нови 2,7 километри велопатеки. Со поддршка од Владата продолжува и изградбата на новиот булеварски влез во Битола. Културниот развој на градот го потврдуваат и бројките. Во изминатите десет месеци културните манифестации во Битола ги посетиле над 100.000 граѓани и гости, а преку Програмата за култура се обезбедени околу 45 милиони денари. За киното „Партизан“ е обезбедена инвестиција од 96 милиони денари, со што објектот ќе биде трансформиран во модерен и самоодржлив простор за кино, театар, изложби и мултимедијални настани. За реализација на Програмата за социјална заштита за 2026 година обезбедени се 14,6 милиони денари. Од нив, 1,5 милиони денари се наменети за поддршка на лицата со ретки болести, а се обезбедуваат и средства за рехабилитација и стручна поддршка за лицата и децата со попреченост. 500.000 денари се наменети за адаптација на домовите на лица со попреченост. Општината продолжува со активности за унапредување на транспарентноста, интегритетот и антикорупцијата, во партнерство со младинските и невладините организации, бизнис-секторот и граѓаните. Меѓу капиталните проекти е и новата противпожарна зграда во поранешната касарна. Во проектот досега се инвестирани над 52 милиони денари. Објектот се гради на парцела од 3.300 квадратни метри и ќе има корисна површина од 1.600 квадратни метри. Втората фаза се реализира преку грант од Министерството за одбрана на САД во вредност од околу еден милион американски долари, со што објектот ќе биде опремен со современи енергетски ефикасни решенија. Посветеноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека промената во Битола се случува. Таа се гледа на улиците, во училиштата и градинките, на спортските терени, во културните објекти и во секојдневната инфраструктура на градот и населените места. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook