Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
1Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
2ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
3Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
КултураИзложбата „Првите кралеви на Европа“ во САД е голем пробив за македонската археологијаМинистерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола се обрати на прес-конференцијата по повод претстојното големо отворање на првата изложба на македонски археолошки артефакти во САД. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола се обрати на прес-конференцијата по повод претстојното големо отворање на првата изложба на македонски археолошки артефакти и прва и најголема археолошка изложба од Балканот во светот – „Првите кралеви на Европа“ – во Чикаго, Соединети Американски Држави. На прес-конференцијата, која се одржа во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, за овој голем проект во кој учествуваат три музеи од Македонија и кој е реализиран со поддршка на Амбасадата на САД во земјава, присуствуваа и националниот координатор на изложбата, Гоце Наумов, како и раководителите од институциите вклучени во изложбата: од Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, од Музејот во Гевгелија, Бобан Хусеновски, и од Заводот и музеј – Прилеп, Горанчо Цветкоски, како и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Аријан Арсланај. Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност до сите археолошки тимови и истражувачи на предисторијата на просторот на нашата земја за придонесот во изложбата, која до крајот на годинава ќе биде поставена во Филдовиот музеј во Чикаго. Изразувајќи уверување дека изложбата ќе одекне во стручните кругови на археологијата поради својата ексклузивност и поради своето значење, таа додаде дека со оваа изложба македонската и балканската археологија ја оправдуваат довербата што им ја довери Филдовиот музеј од каде што е инициран проектот, а во кој се вклучени 11 земји од Балканот и 23 музеи. Во тој контекст, Костадиновска-Стојчевска информираше дека во Чикаго ќе бидат претставени сите предмети селектирани за оваа изложба, меѓу кои има извонредни одблесоци на предисториската уметност од неколку македонски локалитети. „Со оваа изложба, преку експонатите неолитски жртвеник, енеолитски скиптар и железнодобен накит од локалитетите Врбјанска Чука, Шуплевец и Милци, пред светот ќе проговориме за достигнувањата на луѓето од нашата земја кои живееле и создавале уметност, ги развивале технологијата и стопанството во периодот од 7 до 5 милениум пред новата ера. Ова се единствени и уникатни артефакти кои зборуваат за нашите приказни од предисторијата, кои, се разбира, се проткајуваат и денес“, додаде Костадиновска-Стојчевска. Според министерката за култура, оваа изложба е можност за афирмација на историјата и на културата на Македонија и на Балканот. Таа рече дека овој најголем археолошки настан во Северна Америка кој зборува за овој регион, за нас покажува колку се важни ваквите проекти кои ги обединуваат културите во регионот и кои носат голема и широка афирмација на секоја земја одделно, и на Балканот како целина. Координаторот, археологот Гоце Наумов искажа задоволство што за прв пат македонската археологија, овој пат со предмети од предисторијата се претставува на волку голем настан во САД, и изрази верба дека оваа изложба ќе биде инспирација за натамошни вакви проекти и за останатите периоди со кои ќе се афирмира македонското културно наследтво. Наумов објасни дека турнејата на „Првите кралеви на Европа“, започна од Њујорк, следи Чикаго, до крајот на годинава, а потоа патува во Историскиот музеј на Канада во Гатино-Отава. Наумов кој според проценките вели дека изложбата ќе има околу милион посетители, ја повика големата балканска дијаспора во Чикаго да се запознае со овие репрезентативни предмети, подвелкувајќи дека се работи за интересен културолошки контекст за Балканот, што ја носи оваа ексклузивна изложба. За изложбата која нуди значајни стручни наоди кои говорат за одблесоци од предисторијата, а кои имаат големо цивилизациско значење во културен, стопански, социјален контекст, зборуваше и директорката на Битолскиот Завод и Музеј, Мери Стојанова. Таа изразуваќи го задоволството од реализација на изложбата рече дека е ова проект кој отвора нови можности за идни соработки. Стојанова особено го истакна значењето на поддршката што за оваа изложба ја има Амбасадата на САД во земјава, потенцирајќи ја одличната соработка со американската амбасада и Американскиот фонд за заштита во многу проекти со Битолскиот завод и музеј. За изложбата изработени се извонреден зборник и каталог, уредени од авторите д-р Атила Гјуча и д-р Вилијам Паркинсон, и кои се публикувани од престижната издавачка куќа на Археолошкиот институт Котсен при Калифорнискиот универзитет во Лос Ангелес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРазговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Во врска со најавата за донесување нов Кривичниот законик Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следниот став: Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Факт е дека најавата за нов Кривичен законик е чекор напред во борбата против политичката корупција, но апсолутно не дава одговор како да се спроведе правдата и исполнат очекувањата на граѓаните. Борбата против политичката корупција не смее да се сведе на гола реторика и обиди за перење совест за претходните гревови! Тоа што едни наводно изразуваат каење и ги оценуваат измените на Кривичниот законик во 2023 како грешка, а другите сега популистички најавуваат нова казнена регулатива која наводно ќе важела само за сегашните нивни функционери, а не и за претходните, не ја менува горчливата правосудна реалност. Мнозинството граѓани со право се сомневаат дека меѓу актуелната власт и опозиција постои договор за меѓусебна амнестија. Да не заборавиме дека измените на Кривичниот законик во септември 2023 се усвоија во итна постапка, водена со ЕУ знаме, немаше ниту еден амандман од тогашната опозиција која направи кворум на гласањето, указот беше веднаш потпишан од тогашниот претседател на државата, а иницијативата за испитување на уставноста на овие измени и барањето за времена мерка со која ќе се стопираше примената на овие одредби беше конечно запрена од Уставниот Суд на 25 февруари 2026. Со скандалозните измени на Кривичниот законик се намалија затворските казни за злоупотреба на службената положба што отвори можност за брзо застарување на кривичните дела сторени со политичка корупција, се избришаа одредби кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетувања на државниот Буџет. Проценката кажува дека околу 800 поранешни и сегашни носители на функции ги злоупотребуваат овие скандалозни измени на Кривичниот законик за ослободување од кривична одговорност. Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 дел од политичарите - пазарџии и објавија војна на правдата во Македонија. Заради иднината на државата сметаме дека е дојдено крајно време од декларативни заложби да се премине на дела. Тоа и го должиме на актуелната младина и на генерациите кои доаѓаат. Корумпираните политичари без разлика на етничка, верска и партиска припадност мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023. Затоа, предлагаме: После членот 112 од актуелниот Кривичен законик со кој се дефинира „незастарливост на кривични дела геноцид и воени злосторства“, да се додаде нов член 112-а со кој ќе се дефинира незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнат имот и за кривичните дела сторени од сите избрани и именувани лица како и од јавни и државни службеници во централната и локалната власт кои располагаат со буџетски средства и државен капитал а кои со незаконито однесување и политичка корупција стекнале противправна имотна корист. Со ваква законска интервенција ќе се испрати јасна порака дека никогаш повеќе нема да има ниту јавна ниту скриена амнестија за политичари; Во актуелниот Кривичен законик, во главата триесетта каде се дефинирани „кривични дела против службената должност“, во членот 359-а кој го дефинира кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“ да се зголемат минималните казни затвор и тоа од шест месеци на три години и од една на пет години, а максималните казни затвор да се зголемат од пет на десет години и од осум на петнаесет години; Конечно усвојување на посебен Закон за потекло на имот со кој ќе се создадат неопходните правни механизми за испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпадВо текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Опожарени се два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавни и собраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Центар. Воедно, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода, беа реализирани еко-предавања за правилно постапување со отпадот и придобивките од неговата примарна селекција. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 100 ученици од четвртите одделенија во училиштето.Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ФудбалВидео: Англија ја прекина импозантната серија без пораз на светскиот шампион Шпанија Меч за историја во Мадрид, – 60 минути совршенство, а потоа половина час драмаФудбалската репрезентација на Англија оствари една од најголемите победи во ерата на селекторот Томас Тухел, совладувајќи ја Шпанија со 3:2 во Лигата на нации, во Мадрид. „Гордиот Албион“ ја прекина неверојатната серија на актуелниот светски шампион од 43 натпревари без пораз. Германскиот селектор Тухел најави спектакл пред големото дерби во Лигата на нации, а неговите избраници го исполнија ветувањето на импресивен начин. Во првите 65 минути, Англија со висок пресинг и многу трчање целосно го надигра светскиот шампион Шпанија и стекна предност од 3:0. Хари Кејн им донесе водство на гостите од пенал, а Езри Конса и Бен Вајт дополнително ги шокираа домаќините. Играта на Англичаните беше особено импресивна, бидејќи со висок притисок целосно ја неутрализираа црвената фурија. Сепак последниот половина час од супер дуелот во Мадрид донесе драма. Фудбалерот на Англија Елиот Андерсон поради прекршок над Ламин Јамал во 65 минута доби црвен картон, што значеше почеток на драмата. Шпанската фурија со сите сили запопна канонада на голот на противникот и предноста на Англија почна да се топи. Микел Ојарзабал реализираше пенал, а Николас Вилијамс го намали резултатот на 3:2, на 15 минути пред крајот. Шпанија тргна по израмнување, но Англија издржа голем притисок, најмногу блгодарејќи му на одличниот голман Џејмс Трафорд кој беше брилијантен а одбраната на гостите покажа карактер и ја зачува големата победа.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook