Изложбата „Експериментален цртеж“ гостува во Прага

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, вечер во 20 часот, во Палата Луцерна во Прага, Република Чешка, ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“.

Постановката ја сочинуваат дела од 62 ликовни автори членови на Друштвото, а се реализира со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија по повод јубилејната билатерална соработка со Република Чешка.

Инаку, изложбата „Експериментален цртеж“ се организира од страна на ДЛУМ шеста година по ред. Изложбениот концепт на проектот претендира да го разработи процесот на отстапување од традиционалната форма на цртежот.

- Иако валиден како независен медиум, основниот акцент е ставен на критичкото преиспитување на природата и вредноста на цртежот во комбинација со широк спектар на уметнички техники и дисциплини. Современиот македонски цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање вклучувајќи различни трансформации. Изложбата вклучува дела кои го поврзуваат цртежот со сликарството, скулптурата, фотографијата, графитот, дигиталната уметност, наведуваат од ДЛУМ за изложбата.

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) е формирано во 1946 година и е првото, најстаро и најбројно стручно друштво на ликовни уметници во земјата. Преку своите тематски изложби и културни настани, ДЛУМ денес и има дадено есенцијален печат на македонската културна сцена и нуди широк спектар од традиционален до најсовремен ликовен израз помеѓу своите членови.

Помеѓу другите активности на ДЛУМ, се потенцира долгогодишната интернационална соработка, промоција на македонската уметност во видни галерии на Балканот и низ Европа, како и гостувања на странски уметници на македонската ликовна сцена.

Во текот на своето 69-годишно постоење ДЛУМ има реализирано преку 1.382 самостојни претставувања на македонски и странски автори пред македонската ликовна публика и преку 350 претставувања на Друштвото и македонски автори на меѓународната сцена.

Тошковски: Голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на опрема во ЕБПС

ЕБПС се соочува со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на возила и материјално-технички средства.

Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЕБПС) и Единицата за увид на место на настан и анализа (ЕУМНА) при Секторот за внатрешни работи Скопје, се соочуваат со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на опрема, потребни за зголемување на безбедноста во сообраќајот, беше посочено на денешната работна посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на овие единици, каде одржа состаноци со раководствата.

-ЕБПС се соочува со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на возила и материјално-технички средства кои им се основна алатка за постапување и одржување на високо ниво на безбедност во патниот сообраќај. Исто така, беше посочено дека потребни се промени во законската и подзаконската регулатива со цел допрецизирање на одредбите кои ја регулираат оваа материја, а се со цел побезбеден сообраќај и помалку жртви, изјави министерот Тошковски.

Тој потенцира дека ЕУМНА е една од круцијалните организациски единици кога се работи за ефикасно работење во делот на кривичната материја имајќи ја предвид природата на нивната работа.

- И во оваа Единица има голем недостаток на човечки ресурси, но и соодветни обуки кои ќе го подигнат нивото на квалитет на нивната работа, како и инвестирање во нова, пософистицирана опрема согласно најсовремените технологии и практики, рече Тошковски.

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево.

„СДСМ е рамо до рамо со граѓаните, сите на 8 мај за број 1!

Со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра”, рече Спасовски, наведувајќи мерки за младите од Програмата за европска иднина.

“Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра”, истакна Спасовски, додавајќи платите во здравството ќе продолжат да раснат.

„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.

СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места” рече Спасовски.

Ердоган: Запрепастени сме од лицемерната политика на западните лидери кон Газа

За западните демократии е срамно и скандалозно што екстремно десничарските движења во некои европски земји добиваат поддршка од државата, рече во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Денес, неонацистичкиот тероризам, поттикнат од омразата кон Турците и сите муслимани, достигна ниво што ја загрозува животната и имотната безбедност на нашиот народ“, тврди турскиот лидер.

Говорејќи дека случаите на исламофобични и расистички напади не ја добиле истата чувствителност како антисемитските дејствија, Ердоган порача дека „оние кои мавтаат со лево-десни извештаи за човековите права, тивко ја набљудувале смртта на 35.000 Палестинци, од кои 15.000 се деца“.

Тој рече дека речиси ниту еден западен лидер не одговорил на оваа бруталност, освен „неколку совесни државници“, додавајќи дека „ниту една храбра душа не се појавила да му каже на Израел: „Доста е“. /МИА

притисни ентер