ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
КултураИзложба за културното наследство, историјата и традицијата на 13 словенски престолнини Најразлични типови и форми на пишувана меморија од најстари ракописи, мапи и планови, фотографии, постери, снимки, до современи дигитални документи кои сведочат за богатото културно наследство и повеќеслојна историја и традиција на 13 словенски престолнини: Скопје, Белград, Братислава, Минск, Цетиње, Москва, Софија, Киев, Прага, Варшава, Љубљана, Сараево и Загреб, содржи меѓународната изложба „Словенските главни градови во 2Д“, која е отворена денеска во Македонската академија на науките и уметностите.Изложбата е резултат на соработката меѓу Државниот архив на Македонија и историските архиви од Белград, Љубљана, Киев, Братислава, Минск, Москва, Прага, Сараево, Софија, Варшава и Цетиње. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето рече дека изложбата „Историјата на словенските престолнини низ државните архиви“ е резултат на успешната работа на Форумот на словенските култури, кој веќе 10 години ги негува културните традиции на словенските народи и ги промовира како трајни и универзални вредности во глобални рамки. Како претседател на Управниот одбор на Форумот, таа го потенцира значењето на Фондацијата, како и придонесот на Република Македонија која е една од земјите-основачи на Форумот и која активно придонесува во унапредувањето на меѓукултурниот дијалог и врските меѓу словенските народи. - Државниот архив на Македонија заедно со историските архиви од Белград, Љубљана, Киев, Братислава, Минск, Москва, Прага, Сараево, Софија, Варшава и Цетиње преку изложбата ни ја претстави прекрасната духовна и материјална вистина за развојот на словенската цивилизација. Оваа изложба овозможува посетителите да се запознаат со динамичните културно-историски процеси на словенските престолнини, откривајќи ја нивната историја, култура, религија, нивните културни и општествени збиднувања, рече Канческа Милевска. Таа истакна дека со претставувањето на изложбата во Република Македонија почнува одбележувањето на големиот јубилеј, 10 години од постоењето на „Форумот на словенските култури“. - Јубилејното чествување ќе продолжи во заедничка изложба на земјите-членки на Форумот насловена „Словенските карневали“, која ќе биде претставена во седиштето на УНЕСКО во Париз во рамки на традиционалното одбележување на Денот на словенската култура, а потоа Република Македонија ќе биде првиот домаќин кој ќе ја преземе оваа значајна изложба на нашето заедничко нематеријално културно наследство, посочи Канческа Милевска. Додаде дека во Република Македонија во втората половина на годинава ќе се организира и третиот семинар од доменот на музејската дејност посветен на театарските поставки во музеите, во рамки на кој ќе се реализира и концерт на музички ансамбли кои ќе го презентираат нематеријалното културно наследство на земјите-членки на Форумот на словенските култури. Директорот на Државниот архив на Македонија, Зоран Тодоровски рече дека посетителот на изложбата која ќе биде отворена до 7 април, има ретка можност на едно место да го види историскиот развој односно процесите и предизвиците со кои се соочувале главните словенски градови во Европа низ својот историски развој. - Изложбата го опфаќа историскиот развој на градовите од нивното основање до денес. Секој главен град е претставен на три паноа со димензии 100x70 сантиметри, а на секое пано се претставани пет до осум значајни архивски материјали односно документи, фотографии, планови, мапи, ракописи... Текстовите на паноата и во објавениот каталог се на националниот јазик на државата и на англиски јазик. Скопје е претставен на три паноа со 16 архивски документи, проекти итн. кои датираат од средината на 19 век до 1966 година, истакна Тодоровски и додаде дека изложбата ја презентираат на Денот на архивската дејност на Република Македонија. Изложбата е работена под покровителство на УНЕСКО и на 6 мај 2013 година беше промовирана во неговото седиште во Париз, а ќе биде промовирана и во другите градови, чии архиви учествуваат во проектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметникАмериканската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски. Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно. Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум. Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс. Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“. Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Елегантната Ирина Шајк Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор? Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу. Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година. Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота. Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПочина легендарниот хрватски пејач Мишо КовачНа 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб. Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач. Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот. Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа. Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook