Изложба „Убавите жени во мојот народ“ во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Канал 5

Изложба „Убавите жени во мојот народ“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

 По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената - 8 Март, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе биде отворена традиционалната изложба „Убавите жени во мојот народ“.

Изложба „Убавите жени во мојот народ“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

Авторки на изложбата се Марина Мијаковска, Елени Новаковска и Искра Димитрова.

Како што е најавено, на изложбата ќе бидат презентирани материјали од Збирката со современи авторски ракописи, Збирката за музичка уметност и Збирката за ликовни уметности при НУБ. Од Збирката со современи авторски ракописи ќе бидат презентирани манускрипи од првите македонски писателки: Евгенија Шуплинова, Радмила Трифуновска, Светлана Христова-Јоциќ, Драгица Најческа и Гордана Михаилова-Бошнакоска. Исто така, ќе бидат изложени и првите печатени книги на овие авторки. Од Евгенија Шуплинова ќе бидат презентирани песните во ракопис: „Ти“; „Вечерна молитва“; „Допирнувања“; „Вечер ќе ти дојдам пак“ и „Сè“. Од Радмила Трифуновска ќе бидат изложени манускриптите „Апел“ и „Низ мене дете летна в небо“.

Творештвото на Светлана Христова-Јоциќ ќе биде презентирано преку песните во ракопис: „Кобилица“; „Амкање“, „На камен“ и „Плашило“. Од Драгица Најческа ќе бидат поставени песните во ракопис Црвено“ и „Доцна“, а од Гордана Михаилова-Бошнакоска песните во ракопис: „Езеро“, „Нејзиното четврто писмо“; „Школка и бисер“ и „Да се спасиме од минливоста“.

Збирката за музичка уметност ќе претстави дела на креаторките на македонската музичка и балетска сцена, преку аудио снимки (грамофонски плочи и компакт дискови), партитури, монографски публикации. Во спектарот на убавите жени ги издвојуваме: Милка Ефтимова, Нина Спирова, Есма Реџепова, композиторките Јана Андреевска, Дарија Андовска, како и научните работнички кои ја истражуваат и архивираат музичката и балетската уметност како Родна Величковска, Емилија Џипунова, Соња Здравкова-Џепаровска, и др. Од Збирката за ликовна уметност ќе бидат презентирани со по две дела реномираните уметнички Анета Светиева и Славица Јанешлиева. Но, со мноштво издадени публикации ќе се вклучени и авторките кои се насочиле кон истражување и пишување за визуелната уметност во Македонија, како: Вера Битракова, Соња Абаџиева и Елизабета Димитрова.

Координатор на изложбата е колешката Зорица Јаковлеска-Спировска. Изложбата ќе ја отвори директорот Јовица Никчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшен пожар на Халкидики, стигна до куќите (ВИДЕО)

Страшниот пожар што избувна на Халкидики, на првиот крак, стигна до Сивири.

Страшен пожар на Халкидики, стигна до куќите (ВИДЕО)

Големиот пожар што беснее на Касандра од пладне, стигна до куќите во Сивири, а сцените од ова подрачје се драматични.

Пожарот, кој започнал во ниска вегетација, а потоа се проширил на шумска површина, сега стигнал до населбата Сивири, каде што според информациите, горат куќи.

YouTube video

Во исто време, ситуацијата на терен останува многу тешка, а силните ветрови го отежнуваат гаснењето, додека пожарникарите се борат да ја контролираат противпожарната линија.

YouTube video

Ситуацијата најдобро ја опишува изјавата на поранешниот градоначалник на Касандра, Костас Папајанис, кој е на терен.

„Пожарот стигна до Сивири. Голема катастрофа“, рече Папајанис, опишувајќи ја ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места.

СДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција, посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор од кризата.

„Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот. Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор. Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки“, рече Борозан.

Таа додаде дека Гостивар не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна, а секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е загадена и повика власта да направи анализа на водата во цела држава.

„Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна. Секојдневно излегуваат нови информации за општини кад

е што водата е затруена.Цела држава е отруена.Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите. Зошто? Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат“, рече Борозан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омраза

По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. 

Филипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омраза

Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза.

„Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија.

Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби.

Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата. По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза.

Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов - кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“.

Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв. Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат. Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава - дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер