Изложба „Театарот во Кавадарци низ фотографии“ - Канал 5

Изложба „Театарот во Кавадарци низ фотографии“

Изложба „Театарот во Кавадарци низ фотографии“ беше отворена денеска во кавадаречкиот музеј. Изложбата содржи стотина фотографии кои говорат за развојот на театарот во овој град низ годините наназад.

Изложба „Театарот во Кавадарци низ фотографии“
Историски час за театарот во Кавадарци со исцрпен приказ за одиграните претстави и имињата на актерите, одржа директорот на музеј галеријата Петре Камчевски, кустос советник и историчар.

Професионалниот фотограф Тони Коцев нагласи дека оваа изложба на театраска фотографија е своевиден документ за долгогодишната успешна и плодна работа на кавадаречкиот театар.

- Да се биде театарски фотограф е посебна возбуда, значи да се биде на сцена, а да не си дел од сцената, да се почувствува таа магија на даските што живот значат, да се долови моментот, флуидот што струи меѓу актерите. Значи треба да се биде и документарист, меѓутоа и да се биде доста креативен, додаде Коцев.

Актерот Данчо Бањански пред присутните сподели дел од долгогодишниот актерски живот.

- Ја спремавме претставата „Гробници кај Вардар“ во режија на Блаже Славев. Се работи за убиството и смртта на Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Во моментот кога е измачуван Мирче Ацев се затемни салата и само свети светлото трепкач и со забавени движења на полицаецот се доби една многу добра слика што публиката беше вчудовидена и едноставно остана без здив. Се слушаше мува да прелета и во моментот кога престана таа слика, се појави повторно сцената. Јас го играв бугарскиот полициски командир Јорданов, а Блажо Славев началникот Цанков. Со чекори цврсти одам и му викам на Цанков, господине Цанков Мирче Ацев е мртов,мртва тишина и одеднаш од салата се слушна “Оф крвта да ти ја е...бугарска”. Тоа тогаш беше многу чудно што публиката не изреагира, еден молк од три секунди и одеднаш громогласен аплауз и публиката стана,тоа беше толку силна емоција меѓу публиката и актерите што беше многу добро да се види, евоцираше спомени Бањански. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер