Изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј - Канал 5

Изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј

 Во Археолошкиот музеј на Република Македонија во Скопје утре ќе биде отворена изложбата „Сребрена Тракија“, која е прво целосно претставување на тракиската култура во земјава.

Изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј

- Во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу Македонија и Бугарија, изложбата е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија и ќе биде отворена од страна на високи државни претставници од двете држави. Изложбата со свој поздравен говор ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е покровител на изложбата, а свои обраќања ќе имаат и претседателите на македонското и на бугарското Собрание, Талат Џафери и Росен Димитров Жељазков, министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, како и директорите на двете музејски институции кои се организатори на изложбата, Славица Бабамова и Христо Попов, се наведува во соопштението од соопшти Археолошкиот музеј.

Изложбата „Северна Тракија“, која е поддржана од Министерството за култура на Македонија и од Министерството за култура на Република Бугарија, покрај ексклузивните археолошки предмети од Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, содржи и наоди од 17 историски и регионални музеи во Бугарија.

Изложбата, која го содржи и Тракиското сребро, познато во археолошкиот свет поради својата уникатност и извонредна уметничка изработка, досега била претставена во повеќе музејски центри во Европа и во светот, а поставката, која се изложува во Скопје, претставува најкомплексна и најобемна презентација на наодите кои ја претставуваат тракиската култура и цивилизација.

Презентацијата на изложбата „Северна Тракија“ во Скопје претставува продолжување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН и Археолошкиот музеј на Република Македонија и се реализира по одличното претставување на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија, Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер