3Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
КултураИзложба „Спорни места“ на Гвијанг Хванг и Оливер МусовиќВо Мобилната/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, поставена во Паркот на франкофонијата во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Спорни места“ на корејската уметничка Гвијанг Хванг и македонскиот уметник Оливер Мусовиќ.Со изложбата „Спорни (Оспорени) места“ уметниците Оливер Мусовиќ и Гвијанг Хванг ги истражуваат просторните политики во специфичните контексти на три града - Скопје, Сеул и Лос Анџелес. Тие се впуштаат во уметничко истражување на забележаните практики и стратегии на употреба и злоупотреба на урбаниот простор и земја - од импровизирани комунални (зеднички) простори, програми за отстранување на улични графити, герила градинарство, па до “urban decay” (урбано пропаѓање), нелегално запоседнување на земјиште и земјишни спорови. Просторот е понекогаш спорен домен на идентитетот, од личниот, па до колективниот. Преку неговата географија, границите и промените може да се набљудуваат манифестациите на идентитетот, како и екстерните услови на политичката и социјалната борба. Хванг и Мусовиќ се запознале при минатогодишниот резиденцијален престој на Оливер Мусовиќ во Сеул и ова е нивно прво заедничко претставување. И двајцата ќе претстават по две дела, серии од нивната понова продукција. Гвијанг Хванг е родена 1983 година во Масан, Јужна Кореја. Дипломирала скулптура на Сеулскиот национален универзитет, а магистрирала на Калифорнискиот институт за уметност во 2012. Самостојно изложувала во САД и Јужна Кореја. Праксата на Хванг се состои од теренската работа и перформативни интервенции во урбан пејзаж. Оливер Мусовиќ дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1997 година, а магистрирал во 2004. Досега имал 15-тина самостојни изложби во Македонија и пошироко. Учествувал и на бројни меѓународни изложби на современа уметност во земјата и странство. Изложбата во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности се реализира во рамки на проектот на ЦСУ „Мобилна култура – Солидарни граѓани“, а е подржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалВидео: Меси и Суарез како во своите најдобри деновиСуарез го отвори резултатот во третата минута, а потоа, во 39-тата, го зголеми водството на домашниот тим. Двата гола на Уругваецот беа постигнати по додавања на Херман Бертераме, па Интер замина на полувреме со сигурна предност од 2:0. Во продолжението, главната улога ја презеде волшебникот Лео Меси. Аргентинецот погоди во 47-мата минута по асистенција на Суарез, а во 60-тата минута, по додавање на Родриго де Пол, беше поставен конечниот резултат. 🚨EL GOLAZO 934 DE LIONEL, ENCARO ENCARÓ y luego se puso nervioso al definir😅….GOLAZOOOO https://t.co/tp6JsbEeWy — KING MESSI 10 (@messi10_rey) October 11, 2026 Светските фудбалски ведети на овој меч потсетија на времето од Барселона кога беа неверојатен тандем и вистински машини за постигнување на голови. Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави остро ги осудуваат најновите напади врз Кралството Саудиска Арабија.Во соопштението на американскиот државен секретар на мрежата „Икс“ (X) беше потврдено дека еден американски државјанин загинал во новите напади, пренесува Ројтерс. „Овие срамни напади покажуваат грубо непочитување на животите на невини цивили. Тие мора веднаш да престанат“, напиша Рубио во објавата. Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во вчерашниот напад врз меѓународниот аеродром „Кинг Калид“ во саудискиот главен град Ријад – напад за кој саудиските власти ги обвинуваат јеменските бунтовници Хути – соопштија саудиски претставници. Според официјални лица, ова е најсмртоносниот напад во некоја од арапските земји од Персискиот Залив од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнкета на Маркет вижн: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на животМнозинството од испитаниците се задоволни од квалитетот на нивниот живот, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници. И во однос на прославата по повод 35 години независност на Македонија, најголем дел од испитаниците (41,2%) имаат позитивен став. На прашањето „колку сте задоволен/а со вашиот квалитет на живот?“, мнозинството испитаници (57,5%) одговориле дека се задоволни, а 40,7% не се задоволни. Во однос на прославата по повод 35 години од независноста на Македонија најголем дел од испитаниците (41,2%) имаат позитивен став за организацијата, а 31,8% од испитаниците сметаат дека прославата била прескапа и дека парите требало да се потрошат на други работи. 27 отсто од испитаниците немаат став за ова прашање. Изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски по повод „Денот на независноста“ дека „битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“ предизвика големо внимание и бројни реакции во македонската јавност. Прашањето до испитаниците беше дали оваа изјава ја сметаат за разбирлива, навредлива и дали го поддржуваат овој став. Поделени се ставовите на испитаниците во однос на разбирливоста на пораката. Најголем дел од испитаниците (41,2%) сметаат дека изјавата е разбирлива, додека за 31% изјавата не е разбирлива. За повеќе од половината од испитаниците (53,4%) изјавата на премиерот не е навредлива. Ставовите на испитаниците во однос на тврдењето дека ја поддржуваат изјавата на премиерот се поделени, при што речиси една третина од испитаниците ја поддржуваат изјавата, една третина не ја поддржуваат и една третина имаат неутрален став. Истражувањето беше спроведено во периодот од 11 – 27 септември со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година. Извор: Мкд.мкКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00