КултураИзложба „Сосема обично“ на Владимир Илиевски- Во Галеријата „Метаноја“ во Скопје во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ денеска ќе биде отворена изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски. -Светлината е најобична природна појава. Таа е толкав дел од нашето искуство така што забораваме дека не само што можеме самата неа да ја видиме, туку и заради неа гледаме сѐ друго. Како што псалмистот вели, „Во Твојата светлина гледаме светлина“ (Псалм 36:9). Владимир Илиевски во сликата „Создавање на светлоста“ ги има вткаено своите теоретски знаења, сликарски вештини, креативност, контемплативност и интертекстуалност во совршен спој, вели за изложбата рецензентот д-р Коста Милков. Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2023 г. реализирал петнаесет самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Р. Бугарија, Р. Србија. Добитник е на 7 национални награди. Од 2012 г. член е на ДЛУМ, а од 2022 член е и на ДЛУБ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВинисиус сака да остане во Реал Мадрид Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор одлучил да остане во редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид. Иако летово шампионот на Премиер лигата Арсенал покажа огромен интерес за негово ангажирање сепак популарниот Вини истакнал дека не сака да замине од Мадрид. Новиот предводник на кралевите Жозе Мурињо смета дека Бразилецот е клучен играч за него и направи сè што е во негова моќ за да го убеди да остане во Мадрид, пренесува „Скај Спортс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регионПродолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Подготовки за асфалтирање на патниот правец Мрежичко – Мајден, проект што го реализира ЈП за државни патишта и Македонијапат со инвестиција вредна над 50 милиони денари. Со оваа значајна инвестиција ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајното поврзување, ќе се олесни секојдневното движење на жителите и ќе се создадат подобри услови за локалниот развој. Продолжуваме со инвестиции кои значат поквалитетна патна инфраструктура и подобри услови за живот за граѓаните, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИталијанска вечер на „Охридско лето“Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот.Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија. Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија. Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ. Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро. Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се одржува со поддршка на Италијанската амбасада во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter