Изложба „Скопски урбани приказни“ - Канал 5

Изложба „Скопски урбани приказни“

 Друштвото на ликовни уметници од Македонија - ДЛУМ во рамки на „Скопско културно лето“ традиционално ја организира изложбата „Скопски урбани приказни“ со средства обезбедени од Министерството за култура и туризам на Република Македонија. 

Изложба „Скопски урбани приказни“

Оваа година, изложбата се реализира и со поддршка на ЈУ Универзална сала - Скопје, Македонска опера и балет, Музеј на град Скопје, Македонски телеком, Музеј на македонската ослободителна борба.

- Куратор на изложбата е д-р Ана Франговска на чиј концепт одговорија 15 уметници - универзитетски професори, декан и продекан на факултет, исклучителни сликари, скулптори и графичари од средната и помладата генерација. Изложбата со современиот концепт овозможува прикажување на уметнички дела во отворен, нетрадиционален простор, со што поттикнува активен и партиципативен однос на публиката. Движењето низ центарот на Скопје и следење на концептот е овозможено со мапата на која се означени локациите на ликовните дела. Соработката на ДЛУМ со врвен куратор, уметници, дизајнер и културни - корпоративни организации покажува сериозен капацитет за организирање на комплексни проекти во иднина, се наведува во соопштението на ДЛУМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните

Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани.

Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош.

Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности.

На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани.

Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?

Вонредна здравствена состојба во Гостивар.

Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?

Поради загадена вода за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош. Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење.

Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежата.

Во меѓувреме издадена е забрана за пиење на водата во тој регион.

Во Гостивар е нашиот Дејан Србиновски, до имаме во живо.. Дејан каква е моменталната состојба на лицата кои се затруени?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леброн Џејмс за својот иден НБА тим: Ќе биде забавно

Леброн Џејмс пред да избере нов НБА клуб изјави дека „без разлика каде ќе заврши оваа есен, ќе биде забавно“. 

Леброн Џејмс за својот иден НБА тим: Ќе биде забавно

Џејмс, кој влегува во својата 24-та сезона, неодамна објави на 41-годишна возраст дека ги напушта Лос Анџелес Лејкерс, со кои ја освои шампионската титула во 2020 година. И покрај ова, тој не се повлекува од кошарката и сака да им докаже на критичарите дека сè уште може да биде одлучувачки играч во лигата.

„Се надевам дека навивачите и критичарите ќе ме следат. Каде и да одам, ќе биде забавно, ќе го правам она што го правам најдобро. Ме мотивира кога ми велат дека повеќе не сум доминантен играч“, рече Џејмс и се осврна на своето време во Лос Анџелес: „Поминав осум одлични години со Лос Анџелес Лејкерс, една од најпознатите франшизи во светот. Ќе ми недостига. Со нетрпение очекувам што носи иднината додека полека влегувам во крајот на мојата кариера“.

Леброн Џејмс го држи рекордот во НБА по број на одиграни сезони (23), одиграни натпревари (1.622) и освоени поени (43.440). Досега има освоено четири титули во НБА, две со Мајами Хит, една со Кливленд и една со ЛА Лејкерс.

Мајами и Кливленд се опции за враќање, додека потенцијалните заминувања во Голден Стејт или Минесота би значеле дека би играл за четврти НБА клуб во текот на неговата тешко повторувачка кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер