Изложба по повод 85-годишнината од „Кристална ноќ“: 15 изданија на „Дневникот на Ана Франк“ - Канал 5

Изложба по повод 85-годишнината од „Кристална ноќ“: 15 изданија на „Дневникот на Ана Франк“

Петнаесет изданија на „Дневникот на Ана Франк“ дел од изложбата по повод 85-годишнината од „Кристална ноќ“

Изложба по повод 85-годишнината од „Кристална ноќ“: 15 изданија на „Дневникот на Ана Франк“

Петнаесет изданија на книгата „Дневникот на Ана Франк“ печатени на различни јазици во периодот од 1957 до 2020 година, како и текстови од книгата во изданијата на списанието „Развигор“ беа изложени на денешната изложба по повод 85-годишнината од „Кристална ноќ“, што се одржа во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите.

Изложбата ја организира Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

- Поминаа 85 години од Кристалната ноќ, луѓето не се похумани или посвесни за ужасот на нивните постапки. Треба да научиме да го препознаеме злото, да го впериме прстот, да го крениме гласот и да делуваме, силно и храбро, онака како што правеле Евреите чии книги биле масовно палени и уништувани. Да се бориме со знаење и мудрост, со љубов и подадена рака. Да му се спротивставиме на антисемитизмот и неразумното негативно стереотипно маркирање на Евреите, порачаа организаторите на отворањето на изложбата.

Како што истакнаа, изложбата се одржува во Меморијалниот дом каде што се чуваат спомените на 7144 убиени Евреи од земјава.

Изложбата беше отворена со пораката „Темнината не може да ја истера темнината, светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја истера омразата, само љубовта ја има таа моќ“ од Мартин Лутер Кинг и со мотивот на младата Ана Франк - Не сакам залудно да живеам, како повеќето од луѓето. Сакам да бидам корисна и да донесам задоволство до сите луѓе, дури и до оние кои никогаш не сум ги запознала. Сакам да продолжам да живеам и после смртта“.

Кристална ноќ е акт на масовно прогонување на Евреите во цела Германија и делови од Австрија на 9 и 10 ноември 1938 година. Домовите на Евреите биле опустошени во неколку германски градови, како и 8.000 еврејски дуќани, градови и села. Улиците останале покриени со скршени прозорци и излози и оттаму доаѓа името „Ноќ на скршено стакло“. Многу Евреи биле претепани до смрт, а 30.000 Евреи мажи биле однесени во концентрациони логори. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање.

Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер