Изложба „Париз, те сакам“ во Чифте амам - Канал 5

Изложба „Париз, те сакам“ во Чифте амам

Во галеријата Чифте амам попладнево беше отворена изложба на дела од македонски уметници кои од 2002 до 2014 со поддршка на Министерството за култура биле на двомесечен студиски престој во Меѓународниот град на уметностите во Париз (Cite internationale de Arts). Изложбата е насловена „Париз, те сакам“ и е организирана по повод Светскиот ден на франкофонијата.

Изложба „Париз, те сакам“ во Чифте амам

- Нема подобар начин да се одбележи франкофонијата од ова претставување. Врската со Париз и со културната разновидност со оваа изложба станува бесмртна и неа може да им ја пренесеме на идните генерации. Меѓународниот град на уметностите постои од 1965 година и досега има примено 15.000 уметници. И Република Македонија има свое студио во кое престојувале и твореле околу сто македонски уметници, рече амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека во изминатите 12 години Министерството го поддржало престојот на стотина македонски уметници во светската престолнина на уметноста кои, како што рече, ги збогатиле своите искуства, воспоставиле бројни контакти и соработки со релевантни галерии и институции и ја презентирале својата уметност пред француската и европската публика.

- Македонската ликовна сцена беше претставена преку творештвото на нашите реномирани уметници, како Глигор Чемерски, Коле Манев, Рубенс Корубин, Жарко Башевски, Решат Амети, Роберт Јанкуловски, Антони Мазневски, Јован Шумковски, Илија Пенушлиски, Синиша Кашавелски, Нехат Бекири, Константин Качев и многу други автори кои ја афирмираа македонската уметност и ја вброија во редот на земјите кои со големо внимание ја промовираат сопствената култура во меѓународен контекст. Благодарение на Договорот кој Министерството за култура на Република Македонија во 2002 го потпиша со Меѓународниот град на уметности, уште многу македонски уметници до 2060 година ќе имаат можност да се претстават во македонското ателје, рече Канческа-Милевска.

На амбасадорката Оер таа и врачи благодарница за Симон Брино, почесен претседател на Фондацијата „Меѓународен град на уметностите-Париз“ за нејзината поддршка во презентацијата на македонските уметници во тој центар.

Изложбата е дел од голем број проекти што се реализирани по првата потпишана Програма за соработка меѓу Македонија и Франција, во 2010 години. Таа е дел и од повеќе активности со кои се одбележува Светскиот ден на франкофонијата (20 март). Република Македонија од 2006 година е полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата.

- Нашата земја со голема посветеност, во континуитет ги промовира целите и принципите на меѓународната организација на франкофонијата. Со останатите 77 држави и влади кои се членки и земји-набљудувачи во организацијата настојуваме да ги афирмираме човековите права и културната разноликост... Република Македонија редовно партиципира во сите иницијативи на меѓународната организација, меѓу кои е и учеството на Франкофонските игри на кои досега имавме забележителни настапи и неколку признанија, рече министерката за култура.
Амбасадорката Оер соопшти дека одбележувањето на франкофонијата оваа седмица ќе има и други содржини - Недела на франкофонски филм, натпревар во француски шансони и театар, а најави и дека наскоро ќе биде објавен каталог за француската колекција што ја поседува Музејот на современата уметност во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер