КултураИзложба „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ - Скопје“Во Музејот на современата уметност - Скопје од денеска, без официјално отворање, може да се погледне изложбата „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ - Скопје“. Kуратори се: Владимир Јанчевски, Благоја Варошанец и Ива Димовски. Дел од тимот на МСУ, кои работеле на изложбата и на каталогот се и Јулија Манојлоска, Јадранка Милчовска, Љупчо Иљовски и Нада Прља. Како што информира МСУ - Скопје, со оваа поставка сe одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Шпанија и Северна Македонија. Изложбата е резултат на соработката на МСУ - Скопје и Амбасадата на Шпанија во земјава и претставува дел од одбележувањето на 12 Октомври - Националниот ден на Шпанија. По катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година и основањето на МСУ-Скопје во 1964 година, како што се наведува, се забележува придонесот и на шпанските уметници, што преку директните контакти, низ годините резултирал со една забележителна збирка донации. Таа била и дополнително проширувана, а уметници од Шпанија се вклучени и во некои од современите изложби. - Изложбата „Откривања“ претставува избор од слики, графики, фотографии, таписерии и мозаик, создавани во период од 1937 година па сѐ до 2006 година, од повеќе генерации шпански уметници кои живееле и создавале во Шпанија, но и надвор од неа. Претставени се вкупно 39 дела на 26 уметници, вклучувајќи 27 дела од 19 уметници од Шпанската колекција на МСУ-Скопје (Р. Каногар, М. Милјарес, Лиза Рехштеинер, Луис Ортега, Жерар Ломен, Хозе Луис Галиција, итн), како и шест дела од четворица уметници со шпанско потекло или родени во Шпанија (Изабел Понс, Х.Рабаскал). Како надополнување, во изложбата се претставени и шест дела од тројца уметници инспирирани од Шпанија (Албер Сулилу од Франција; Бруно Талпо од Италија и Иво Вељанов од Македонија). Изложбата ја надополнува и изборот на документи, каталози и фотографии од архивата на МСУ-Скопје, кои го осветлуваат контекстот во кој се создавала колекцијата на МСУ и го регистрира шпанскиот придонес во неа, велат кураторите. Шпанската колекција досега не е посебно претставена и со ова, како што се наведува, се прави првиот пообемен издвоен преглед, преку изложба и издавање на публикација што ги опфаќа авторите од шпанската колекција, како и авторите со шпанско потекло. - Во последниве 30 години, некои од уметничките дела се првпат изложени пред јавноста. Особено е важно нивното претставување во денешниот момент, со цел да се истакне отвореноста и стремежот на МСУ-Скопје за унапредување на интернационална соработка, се вели во соопштението. Изложбата ќе биде отворена до 3 ноември 2024 годинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат Во моментов пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар во близина на селото Трстеник.Со брза и координирана интервенција се преземаат сите неопходни мерки за локализирање и ставање на пожарот под контрола, објави ноќеска по полноќ на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРусија со балистички проектили го нападна Киев, погодена е станбена зграда (ВИДЕО)Русија ноќеска започна напад со балистички ракети врз Киев, при што наводно е погодена една станбена зграда. Нападот се случи еден ден откако претседателот Володимир Зеленски предупреди за можен масовен напад врз украинскиот главен град, објавува „Киев Индепендент“. Новинарите на терен пријавија повеќе експлозии во градот околу 00:23 часот по локално време, со големи пламени видливи на местото на нападот. Непосредно пред експлозиите, украинските воздухопловни сили издадоа предупредување за закана од балистички ракети за главниот град. Overnight Russian ballistic missile attack on Kyiv. 6 Iskander-M/S-400 ballistic missiles were launched in total, targeting the Solomianskyi District of Kyiv. Large fires broke out in an industrial zone following the impacts. In total, Ukraine launched at least 9 Patriot PAC-3… pic.twitter.com/FplN1CuJSB — AMK Mapping 🇳🇿 (@AMK_Mapping_) July 26, 2026 Последици Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека остатоците од ракетата погодиле 18-катна зграда во населбата Шевченко. Паѓачките остатоци предизвикале пожар што се проширил на седмиот и осмиот кат. Државната служба за вонредни ситуации подоцна објави дека се регистрирани и изгаснати пожари во населбите Десњански, Шевченко и Соломјански. Во нападот, исто така, изгореле неколку автомобили, нестанбена зграда и напуштена четирикатна зграда. Според првичните информации, немало жртви во нападот. Проценката на вкупната материјална штета е во тек. Напад по предупредувањето Нападот се случи откако претседателот Зеленски ден претходно предупреди дека Москва планира голем ракетен напад врз Киев во рок од 48 часа. „Нашите разузнавачки информации и информациите од партнерите укажуваат дека Русите подготвиле ракети за нов масовен напад врз Украина. Според прелиминарните информации, ова би можело да се случи во следните 48 часа“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. Нападот се случи само два дена откако руска балистичка ракета погоди изложба на оружје во Киев на 24 јули. Официјални извори потврдија дека 10 лица се убиени, а повеќе од 100 се повредени во тој напад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОгромни пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија, огнот се приближува до Мадрид (ВИДЕО)Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија. Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и зависат од временските услови. Пожарот продолжува да се шири кон Мадрид. Во Франција, пожарот во Жиронда се приближува кон областа Бордо, досега уништи околу 42.000 хектари, автопатот А63 кон Шпанија е затворен, а 220.000 луѓе се евакуирани. Германија испраќа помош во Франција Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија испраќа авиони и служби за итни случаи за да ѝ помогне на Франција во борбата против големите пожари на југозападот од земјата. Je suis en contact étroit avec @EmmanuelMacron. Nous envoyons de l'aide dans les régions françaises touchées par les incendies de forêt afin de soutenir nos voisins. Des hélicoptères, un avion A400 et des secouristes sont en route. — Bundeskanzler Friedrich Merz (@bundeskanzler) July 25, 2026 „Во близок контакт сум со Емануел Макрон. Испраќаме помош до областите погодени од пожарите во Франција за да ги поддржиме нашите соседи. Хеликоптер, авион А400 и служби за итни случаи се на пат“, напиша Мерц на X. „Ви благодарам многу, Германија“, одговори Макрон на германски јазик. Градоначалник на Сестас: Не можеме да кажеме кога луѓето ќе можат да се вратат Градоначалникот на Сестас, Жером Стеф, изјави за BFMTV дека градот, кој се наоѓа југозападно од Бордо, е „за среќа напуштен“. „Имаме неколку луѓе кои не сакаа да ги евакуираат своите куќи. Секако, водиме список на нив во соработка со префектурата“, рече Стеф. Сестас има околу 17.000 жители и се наоѓа на југозапад од метрополитенската област Бордо. „Овој пожар е непредвидлив и секој пат кога мислиме дека сме добиле една битка, за жал нè изненадува на најлош можен начин. Затоа денес, за жал, не можеме да објавиме никаков датум за враќање“, рече градоначалникот. „Денес е невозможно да се каже каде ќе престане пожарот“, додаде тој. ¡Incendios arrasan Madrid! @Elnacionalweb #25Jul | Los incendios descontrolados que siguen arrasando este sábado la región de Burdeos y los alrededores de Madrid forzaron la evacuación de casi 270.000 personas, ennegreciendo el cielo de la capital española y arrasando bosques y… pic.twitter.com/PXlMfWdGH3 — Javier Vivas Santana (@vivassantanaj_) July 26, 2026 Следните часови се клучни за контролирање на пожарот во близина на Мадрид Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на пожарот под контрола, соопштија шпанските власти. „Ќе вложиме многу голем напор за да ги заштитиме различните згради, куќи и населби во оваа област, каде што работиме сите овие часови“, рече Франциско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид. Зборувајќи во командниот центар во Навалкарнер, тој нагласи дека работата што треба да се изврши во наредните часови ќе биде клучна. Пожар се заканува на областа околу Бордо Француските власти предупредуваат дека пожарот повторно се разгорел и им се заканува на населбите околу Бордо. Пожарникарите се борат со ветерот, сувата вегетација и опасноста од ширење на пожарот во текот на денот. Поради пожарот, автопатот А63 помеѓу Бордо и Шпанија беше затворен за 60 километри, објави префектурата Жиронда. Овој пат е една од клучните врски помеѓу југозападна Франција и Шпанија. 🚒🔥Firefighters are struggling to contain #wildfires in south-west #France as strong winds push flames towards the city of #Bordeaux, with one official saying they "are far from having the fire under control."https://t.co/bQEN7EuWEX 📌More than 250,000 people in France & Spain… pic.twitter.com/d4FxxXEee8 — ⚡️🌎 Пожарот во близина на Бордо уништи 42.000 хектари Голем пожар во француската покраина Жиронда продолжува да се шири кон областа Бордо. Според проценката од префектурата Жиронда од 4 часот наутро, пожарот досега опустошил околу 42.000 хектари. Во текот на ноќта, евакуирани се нови места јужно и источно од заливот Аркашон и во близина на Бордо. Меѓу нив се Маршприм, Ле Барп, Биганос, Миос и Сестас. Според новите податоци, вкупно 220.000 луѓе се евакуирани во Жиронда.Тагови: Франција Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter