КултураИзложба на Владимир Темков Во Изложбениот салон на Музеј на град Кратово денеска ќе биде отворена изложба на слики на академскиот уметник Владимир Темков. Владимир Темков е роден 1959 година во Кавадарци. Завршил Педагошка академија и Факултет за ликовна уметност во Скопје, отсек графика. Член е на ДЛУМ од 2001 година. Реализирал 60-тина самостојни изложби во Македонија, Хрватска, Бугарија, Франција, САД (Њујорк 2013), Турција како и учество на стотина групни изложби и проекти. Учествувал во работата на преку 40 ликовни колонии кои се одржувале во Македонија и регионот. Има учествувано и на повеќе меѓународни конференции како и студиски претстој во Париз - Франција во 2011 год. Во текот на 2015 год. реализираше две самостојни изложби во Кавадарци и Скопје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава за Костадин Костадинов за легализација на објектПолицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа.Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа при легализација на бесправно изграден објект во струмичкото село Куклиш. Од министерството за внатрешни работи информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство во Струмица. Покрај Костадинов, опфатени се и поранешната раководителка на секторот за урбанизам во општина Струмица и управител на правно лице од Битола, кое во меѓувреме е ликвидирано. Според МВР, во 2022 година Костадинов и поранешната раководителка, злоупотребувајќи ги своите службени овластувања, му овозможиле на физичко лице од Куклиш да легализира објект изграден без соодветна документација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМилановиќ го осуди величењето на нацизмот во Сплит: Ова е срамно и недозволивоХрватскиот претседател Зоран Милановиќ го осуди однесувањето на дел од навивачите на Торцида, кои вчера во Сплит, пред фудбалскиот натпревар Хајдук и Ајакс во Конференциската лига, извикуваа пароли со кои ги величеа нацистичкиот и усташкиот режим.„Недозволиво, срамно и за секоја осуда е однесувањето на дел од навивачите на Торцида во Сплит. Извиците и постапките со кои отворено се слават нацистичкиот и усташкиот режим бараат итна и систематска реакција од хрватската полиција, државното обвинителство и, на крајот, судовите. Ги повикувам сите надлежни институции крајно сериозно да пристапат кон истрагата за овој срамен настан, за такво нешто повеќе да не се повтори“, порача Милановиќ. Тој нагласи дека осудите од владата повеќе не се доволни и побара конкретни мерки и санкции. „Зборовите на осуда што ги слушаме од владата повеќе не се доволни. Потребни се мерки и санкции што ќе покажат дека во хрватска нема место за величење на нацизмот и усташтвото“, истакна хрватскиот претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележан 17 Октомври – Денот на Командата за операцииСо свечена церемонија во касарната „Боро Менков“ во Куманово, денеска беше одбележан 17 Октомври – Денот на Командата за операции.На воената свеченост во Куманово , покрај претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, присуствуваа и поранешни команданти на единицата, претставници од воено-дипломатскиот кор, како и претставници од локалната самоуправа и организации со кои командата остварува успешна соработка. Претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање наведе дека во НАТО е наша стратешка определба, но и заложба за почитување на принципите на колективната одбрана и солидарност. Со извршувањето на преземените обврски и усогласувањето со стандардите на Алијансата, вие, македонската Армија покажавте дека и мала држава може да биде кредибилен и доверлив сојузник. Нејзината интероперабилност, обученост и учество во заедничките активности се јасна потврда за нашиот голем придонес кон колективната безбедност. Посакувам јасните критериуми и доследното вреднување на постигнатото да најдат соодветна примена и во процесот на европската интеграција. Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем, зашто токму во неа се вкрстуваат командувањето, обученоста, организацијата и способноста за дејствување. Но, оперативната моќ не е само прашање на бројноста и модерната опрема, туку најмногу зависи од знаењето, дисциплината, правилната проценка и подготвеноста за преземање иницијатива. Вистинската вредност на една воена структура се потврдува со нејзината способност расположливите ресурси да ги претвори во усогласено и ефикасно дејствување. А вие токму тоа го правите. Министерот Владо Мисајловски во своето обраќање истакна дека придонесот на припадниците на Командата за операции кон безбедноста на државата е значаен и видлив, како во земјата, така и надвор, и дека нивната посветеност и подготвеност се особено значајни и видливи особено при справувањето со природни непогоди, пожари и други кризни состојби. „Преку учеството во мултинационалните сили и операции на НАТО, вие непосредно придонесувате за зајакнување на колективната безбедноста и одбрана. Со својата работа покажувате дека Македонија е одговорна членка на Алијансата, држава која не е само корисник на колективната безбедност, туку и активно придонесува во нејзиното зацврстување. Тоа е одговорност која не може да се измери само со бројот на реализирани задачи, вежби или мисии“ – рече министерот Мисајловски. Тој им порача на припадниците на Командата дека институционалната грижа за припадниците на Армијата и унапредувањето на нивниот професионален статус остануваат во фокусот на Министерството за одбрана и Генералштабот. Во таа насока, продолжуваат заложбите за подобрување на условите за работа, вложување во човечките ресурси, развој на воените способности и модернизација на армиските капацитети со една цел – „посилна, посовремена и подобро опремена Армија“, подготвена да одговори на предизвиците и задачите што произлегуваат од националните безбедносни потреби и од обврските што ги носи членството во НАТО. Во своето обраќање, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски истакна дека изминатиот период бил исполнет со многу задачи од кои „Особено се издвојува организацијата и реализацијата на вежбата БЛЕСОК 26, на која беше успешно оценета нашата Лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). Највисоките оценки кои ги добивме од НАТО оценувачите се одраз на напорната и посветена работа на војниците и старешините кои се во составот на ЛПБГ“. Понатаму генералот се осврна и на модернизацијата на Армијата, која во изминатиот период забрзано се одвива. Опремувањето на ЛПБГ со лесните оклопни возила JLTV и STRAYKER, како и нивно ставање во оперативна употреба, новите хаубици 105 мм БОРАН и ракетите MISTRAL се зајкна огнената моќ на Армијата и се достигна уште една важна цел на способност. Оваа година Командата за операции беше одликувана со Орден за воени заслуги од страна на претседателката и врховен командант на Армијата. „Ова високо одликување нè прави горди сите нас и претставува силен мотив и поттик за постигнување на уште повисоки резултати“ рече во своето обраќање генералот Ѓоргоски. Во рамките на свеченоста за најдобра единица беше прогласен Вториот пешадиски баталјон од Првата пешадиска бригада. На припадниците на командата кои покажале особени резултати во работењето им беа доделени стимулативни мерки. Дополнително, плакета беше доделена на Воената група на САД, а благодарници им беа доделени на Баталјонот на специјални сили, Воениот оркестар, Државниот архив - Одделение Куманово и наредник Петре Нунев. Соодветни признанија, како благодарност за нивниот придонес кон Армијата во текот на службата, им беа доделени и на припадниците на единицата кои во изминатиот период ги исполниле законските услови за пензионирање. Овој датум Командата за операции традиционално го прославува во чест на историскиот 17 октомври 1878 година, кога во селото Кресна беше формиран штабот на Кресненското востание, настан кој се смета за еден од столбовите на македонските воени традиции.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter