Изложба на уметникот Страхил Петровски во Њујорк - Канал 5

Изложба на уметникот Страхил Петровски во Њујорк

Уметникот Страхил Петровски со мултидисциплинарниот проект „ACTION / REACTION / WOR(L)D" се претстави во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк, со поддршка од Министерството за култура.

Изложба на уметникот Страхил Петровски во Њујорк

Изложбата претставува повеќе целини во кои преку фотографии, зборови, текстови аплицирани на редимејд-објекти, платна – знамиња, испишани пораки, графити, текстуални инскрипции, калиграфски знаци, букви, видеозаписи, авторот ги пренесува разговорите што се однесуваат на егзистенцијалните прашања со себе и другите...

– Преку проектот Петровски го критикува современото дехуманизирано општество, осврнувајќи се на колективната и личната одговорност изгубена во денешнината на информацискиот хаос. Уметникот ги преиспитува цивилизациските вредности, деценските кризи, деструкцијата од секаков тип и уништувачкиот хаос кој речиси секогаш е неповратен. Уметникот не претендира на визуелни претстави кои би понудиле толкувања или решенија на проблемите, туку верува дека тие ќе генерираат повеќе прашања во однос на проблемите на личната свест и совест во денешнината, пишува, меѓу другото, кураторот Маја Чанкуловска-Михајловска.

Страхил Петровски (1974, Куманово) дипломирал сликарство во 1997 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност.

Во последните години користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјава и во странство. Член е на ДЛУМ, работи како советник конзерватор и реставратор во Националниот конзерваторски центар и како доцент по предметите Фотографија и Мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонка осудена во Австралија за убиство

Судот во Австралија ја осуди 51-годишната Македонка Милена Богојевска на осум години затвор, од кои шест без можност за условен отпуст, поради смртта на нејзината 85-годишна сосетка Лолин Вајтхенд. 

Македонка осудена во Австралија за убиство

Богојевска се изјаснила за виновна за убиство од небрежност.

Случајот го потресе Мелбурн во јули 2024 година. Богојевска ја задушила старицата, по што го ставила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг.

Два дена подоцна, телото било пронајдено од рибар. Но, случајот не завршил со смртта на 85-годишната жена. По нејзиното убиство, Богојевска од домот на соседката однела пари, накит, банкарски картички и лични документи. Со дел од украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и „ipad“ уреди, при што потрошила речиси 4.000 австралиски долари.

Судијката Џасинта Форбс остро го оценила нејзиното однесување, опишувајќи го како „опортунистичко, пресметано и себично“. Судот ѝ изрекол осумгодишна затворска казна, од која шест години ќе ги помине без право на условен отпуст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пензионер од Охрид се заканувал со пиштол за паркинг место

73 годишниот охриѓанец ќе одговара за две сериозни крвична дела, откако му вперил пиштол на турист од Скопје по расправија за паркинг место. 

Пензионер од Охрид се заканувал со пиштол за паркинг место

Охриѓанецот немал дозвола за поседување на оружје, соопшти СВР Охрид..

„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на 73 години од охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.08.2026 во зграда на улица „асном“ во охрид, пријавениот вперил пиштол кон лице од скопје со кое претходно имал расправија за паркинг-простор“, соопштија од охридската полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење.

Токму затоа, се поставува прашањето дали и зошто надлежните институции, предводени од тогашната власт на СДС, не презеле соодветни мерки.

Граѓаните имаат право да знаат зошто не биле навремено информирани доколку водата не била безбедна, зошто проблемот со години не бил решаван и дали Филипче бил запознаен со извештаите, а сепак не постапил.

Затоа бараме Јавното обвинителство да ги провери сите анализи и документи, да утврди кој знаел и кој не постапувал и, доколку постои одговорност, таа да биде санкционирана.

Никој не смее да биде заштитен поради политичка припадност или функција.

Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност, вистина и правда.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер