Изложба на слики од уметницата Дивна Пешиќ вечерва во Музеј галерија во Кавадарци - Канал 5

Изложба на слики од уметницата Дивна Пешиќ вечерва во Музеј галерија во Кавадарци

 Изложба на слики од уметницата Дивна Пешиќ, ќе биде отворена вечерва во Музеј галерија во Кавадарци.  

Изложба на слики од уметницата Дивна Пешиќ вечерва во Музеј галерија во Кавадарци

- Како уметница, сликајќи масло на платно, Дивна има 33 години активна кариера со околу 50 самостојни и групни изложби ширум светот. Нејзината уметност доби глобално признание — прогласена е за најдобар апстрактен експресионист во светот од страна на World art awards, како и од страна на American art awards, во избор на 25 врвни галерии и музеи во светот и во САД, информираат од Музејот.

Меѓу нејзините највпечатливи интернационални награди, како што соопштија, се, прво место на Top art awards 2022, победник на Art curator choice award 2023/2024, 2024/2025, добитник на Career art awards 2023, Санремо, Италија, наградата Luxembourg art prize 2022, од престижниот Pinacotheque museum, International prize Donatello 2023, Фиренца, Италија, а прогласена е за амбасадор на уметноста 2024 година.

- За колекционерите на уметност, поседувањето на масло на платно од Дивна Пешиќ Грозданов не претставува само секојдневна визуелна радост, туку и мудра инвестиција, а еден од многуте колекционери е и нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, истакнуваат од Музеј галеријата.

Притоа потсетуваат дека Дивна Пешиќ – уметница и спортска легенда, е родена во 1979 година во Кавадарци.

- Таа е уникатна фигура која ја обединува прецизноста на спортската стрелба и експлозивната енергија на апстрактниот експресионизам. Пешиќ дипломирала на Филолошкиот факултет, а магистрирала на Економскиот, но нејзиниот живот е длабоко посветен на спортот и уметноста. Својата стрелачка кариера ја започнала на шестгодишна возраст под водство на својот татко, легендарниот Благој Пешиќ — признат како најдобар тренер со пушка во историјата на Македонија, споделуваат од Музејот.

Оттаму додаваат дека Дивна е најдобриот стрелец на сите времиња во Македонија, која во текот на спортската кариера има освоено 37 државни рекорди во машка и женска конкуренција, две титули Балкански шампион, учество на две Олимписки игри, 15 место на Светски куп и бројни први места на интернационални турнири.

- Дивна Пешиќ Грозданов е истакната членка на македонската дијаспора која живее и работи во Њу Џерси, САД. Таа е мажена и мајка на две деца. Активна е во заедницата и моментално ја извршува функцијата претседател на Македонската олимписка дијаспора, организација во склоп на МОК, која има за цел да ја поддржи македонската спортска заедница во странство, да ја негува националната култура и да ги поврзе Македонците ширум светот преку спортски и културни активности, нагласуваат од Музејот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата недела

​ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата недела

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекорд

Иако натпреварот во МЛС-лигата меѓу Интер Мајами и Сан Дијего заврши нерешено (2–2), сите погледи повторно беа вперени кон еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшевникот Лионел Меси. 

Видео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекорд

Брилијантниот Аргентинец уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите специјалисти за прекини во историјата на фудбалот.

Во 23-тата минута, Меси мајсторски погоди од слободен удар и го израмни резултатот за својот тим, постигнувајќи го својот 75-ти гол во кариерата на овој начин.

Со овој погодок, Меси самостојно го зазеде второто место на вечната листа, надминувајќи го легендарниот Бразилец Жаир Роса Пинто.

Сега, единствениот играч пред аргентинскиот волшебник е поранешниот бразилски репрезентативец Марселињо Кариока, кој во текот на својата кариера постигнал 78 гола од слободни удари.

Што се однесува до самиот натпревар, гостите од Сан Диего поведоа преку Андерс Драјер во 12-тата минута, пред Меси да го израмни резултатот со потег на вистинска мајсторија.

Луис Суарез го комплетираше пресвртот за домаќините со гол во 75-тата минута, но одличниот Драјер се погрижи Интер да не стигне до победата; тој го постигна израмнувачкиот погодок во 82-рата минута, спречувајќи ги домашните навивачи целосно да го прослават најновиот историски успех на својот капитен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !

Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност.

Максим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !

Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје.

Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе ги имаат видено и дека секој еден функционер мора да биде свесен дека функцијата е доверена од граѓаните и подлежи на нивна оценка.

„Секој еден функционер од ЗНАМ, почнувајќи од сите вас овде во салата, завршувајќи до мене – секој еден е менлив. Граѓаните даваат и граѓаните земаат власт. Но, притоа ЗНАМ не смее да биде една реприза од она што е веќе видено во Македонија.“ - истакна тој.

Осврнувајќи се на обвинувањата од страна на СДСМ, Димитриевски упатувајќи им директна порака, порача дека Движењето ЗНАМ нема да дозволи обидите за политички пресметки да го променат начинот на кој движењето ја гради довербата со граѓаните.

„Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери.

Во ЗНАМ афери нема.

Нас не краси чесност, отчетност, одговорност и транспарентност.

И ние сме различни од сите нив останати. Но, притоа ќе им кажам да внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0.

Но, на крајот на денот, еден е ЗНАМ – Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА и еден ден ќе биде ЗНАМ политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.“ - порача Димитриевски.

Отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ продолжува во повеќе градови низ Македонија до крајот на годината, како дел од континуираниот процес на претставување на сработеното и резултатите од работењето на функционерите на Движењето во изминатите две години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер