Изложба на слики на Жанета Гелевска Велјаноска во КИЦ Софија - Канал 5

Изложба на слики на Жанета Гелевска Велјаноска во КИЦ Софија

Во организација на Националната галерија на Македонија во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложба на Жанета Гелевска Велјаноска.

Изложба на слики на Жанета Гелевска Велјаноска во КИЦ Софија
Таа го користи сликарството за да зборува за својот живот, за нејзиното минато и за сегашноста. Во своите дела произведува светлина, обоен простор што ќе вдоми една фигуративна форма и која ќе му ја даде неговата смисла за возврат. Нејзините платна се преплет од мисли, расположенија и емоции за личности. Имагинарен свет што раскажува поезија, убавина на душата што ја носи секој во себе и кои се рефлектираат врз секој предмет од секојдневието. Обоено патување низ градови и предели, реални или имагинарни, апстрактни или фигуративни, и двете истовремено...

Систематизираќи ги внатрешните пориви на својот сопствен сензибилитет, во своите дела Жанета Гелевска Вељаноска се стреми кон синтетичен и силен начин на изразување. Лексиката на нејзиното сликарство е слоевита и смислено вкрстена од различните доживувања и расположенија, така, таа се ослободува од една цела конкретна логика, во корист на диктатот на стилата и чувствата со емотивни изливи на внатрешната енергија и психички вибрации.

Преку палетата на своите платна Гелевска Велјаноска не води низ извонредна композициска решеност на површината, воедно остваруварувајќи една комплексна изведба, споена со познавањето, пред се, на создавањето на светот како предизвик на самото битие. Во својот појдовен импулс, пристапот на авторката веќе е лишен од декларативно-утилитарна тенденциозност, нејзините мотиви се предизвикани од сфери што им припаѓаат , пред се, на творечките индивидуално-психолошките и хуманистички разбирања. Делата се весели и полни со оптимизам, потхранети со страст за животот и интерес за едноставноста на секојдневниот живот, со мотиви што изразуваат животна радост, неагресивност, и сремеж кон еуфорична емотивност...

Изложбата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.

Изложбата ќе ја отвори Васко Шутаров, директор на КИЦ на РМ во Софија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западен Нил ја зема единаесетата жртва – почина 66 годишна жена од Росоман

Западно нилската треска ја зема и единаесетта жртва. Почина 66 годишна жена од Росоман, која подолго време била хоспитализарана и имала и други заболуавња.

Западен Нил ја зема единаесетата жртва – почина 66 годишна жена од Росоман

Епидемијата со Западен Нил стивнува и веќе трете недела нема нови хоспитализирани пациенти, посочи директорот на инфективна Фадил Цана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во „Идризово“ при продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Наунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната

Сведочеше вешто лице кое посочи дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување. Родителите на жртвите од Пулс реагираа и порача дека судскиот процес не се води само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притвор

Со факели, петарди, огномет и музика, како на голема прослава, синоќа во скопски Чаир стотина лица го пречекаа поранешниот вицепремиер Артан Груби, откако му беше укинат куќниот притвор. 

Со факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притвор

Во друштво на пријатели и соработници, Груби се поздравуваше со присутните, додека се палеа факели и чадни бомби. Снимките од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи.

Одбраната на Груби , на кого му се суди за злоупотреби во „Лотарија“ во соопштение до јавноста се оградува за синоќешното славење во Чаир.

-Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење, нагласува одбраната на Груби.

Но, иако Груби од вчера може да се брани од слобода, обвинението против него останува. Од Кривичниот суд соопштија дека куќниот притвор му е укинат по сила на законот, по истекувањето на максималниот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот исто така не ја прифати ниту понудената гаранција од над 335 илјади евра за враќање на пасошот

Груби е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој Обвинителството го товари за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според обвинението, со спорни одлуки и постапки поврзани со набавката на видеолотариски терминали, на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 9,7 милиони евра.

Во предметот се обвинети вкупно осум лица, меѓу кои и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој по бегство од органите исто така се врати во Македонија. Груби пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен, но и и натаму има забрана да го напушта Скопје, обврска да се јавува во судот и забрана за контакти со определени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер