1Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураИзложба на сатирични слики и промоција на книга во Галерија „Остен“Изложба на слики со сатирична содржина, изработени во интересна и ретка техника - масло на стакло, создадени во 1980-тите години од авторот Мице Јанкуловски, денеска е отворена во Галеријата „Остен“.Паралелно во Галеријата „Остен“ денеска е промовирана и првата книга од публикацијата „Визуелните уметности во Македонија - 20 век“, која се осврнува на сликарство, скулптура, графика. Таа е преглед на современата уметност во Македонија, претставена во монографски формат. Извршната директорка на „Остен“ Корнелија Конеска рече дека денешната изложба и промоција се особено значајни затоа што 2015 година е 70 години од постоењето на „Остен“, кој е формиран 1945 година. Автори на текстовите во публикацијата се Соња Абаџиева и Емил Алексиев, додека во неа се застапени 50 автори, кои што, како што рече Конеска, се најрепрезентативни за македонската уметност во овој период. - Особено сме горди на оваа публикација бидејќи еден преглед во ваков формат на современата уметност во Македонија досега не е направен. Публикацијата топло ја препорачувам на сите оние кои што се интересираат за уметноста за да можат да ги осознаат процесите, контекстот во кој што авторите твореле и да имаат еден квалитетен преглед на македонската современа уметност во 20-ти век, истакна Конеска. Авторот и директор на галеријата „Остен“ Мице Јанкуловски рече дека ова се сатирични слики на стакло работени во периодот 1980-1990 година, кога интензивно се бавел со карикатура, но и интензивно работел со сликарство на стакло. - Сликањето на стакло е една ретка техника и работејќи претходно со анимиран филм, можеби прозрачноста на фолијата ме натера голем дел од графичките карикатури да ги претворам во сатирични слики на стакло. Еден таков избор се овие 30-тина работи овде изложени, во кои доминира апстрактниот објект, фројдовски позиции во однос на сексот и црната страна на секојдневниот живот, рече Јанкуловски. Мице Јанкуловски (Сливово, 1954) се занимава со сликарство, карикатура и анимиран филм и ја негува специфичната техника на сликање на стакло. Има реализирано 40 самостојни изложби во Македонија и низ светот и е добитник на 12 домашни и меѓународни награди и признанија. Амбасадорот на „Остен“ и претставник на Меѓународната фондација за музика и уметност Николас Тав книгата „Визуелните уметности во Македонија - 20 век“ ја оцени како значајна, провокативна и убава, нагласувајќи дека таа во голем дел се совпаѓа со мисијата на фондацијата дека после се наша најголема оставнина за идните генерации е уметноста. Публикацијата „Визуелните уметности во Македонија - 20 век“ е испечатена во 500 примероци и може да се купи во галеријата „Остен“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСпасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград.Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со него. Спасовски посочи дека гувернерот Трајко Славески во своето сведочење се повикал на добиени позитивни мислења од надлежните институции, меѓу кои ја навел и Управата за финансиско разузнавање. Токму затоа, нагласи тој, јавноста треба да знае врз кои информации и податоци се темелело постапувањето на институциите. „При постапката за лиценцирање на Алта банка за мене беше логично и нужно да имате соработка со Народна банка, но таа моја логика е потврдена после исказот на гувернерот Трајко Славески којшто рече дека ги собрал сите мислења во однос на постапката за Алта банка, меѓу кои ја посочи и Управата за финансиско разузнавање и дека од таму се добиени сите потребни позитивни мислења во однос на работењето со Алта банка“, рече Спасовски. Тој ја истакна одговорноста на Управата во следењето на финансиските текови, проверката на сомнителните трансакции и утврдувањето на потеклото на средствата на инвеститорите кои влегуваат во државата. „Многу е важно инвеститорите во државата коишто влегуваат да видиме со какви финансиски средства располагаат и кое е практично нивното потекло“, нагласи Спасовски. Во обраќањето тој го отвори и прашањето за разликата меѓу постапувањето на институциите во Македонија и во Австрија. Според него, Финансиското разузнавање треба да објасни кои информации ги прибрало и како тие влијаеле врз мислењето што го користела Народната банка во постапката за преземање. „Практично финансиското разузнавање е тоа коешто ги прибира сите тие информации и податоци и на основа на тој склоп на информации и податоци вие практично можете да доставите одредено мислење коешто треба да го искористи гувернерот, односно Советот на Народна банка“, посочи Спасовски. Тој нагласи дека утврдувањето на улогата на секоја институција е важно за граѓаните и побара конкретен одговор за времето, содржината и резултатите од проверките. „Затоа моето конкретно прашање: кога беше побарано од гувернерот Трајко Славески, односно од Народната банка, да извршите проверки во однос на Алта банка Белград за купувањето на Стопанска банка Битола и на основа на тоа што укажавте на Народната банка во однос на капиталот и на лицата коишто го управуваат тој капитал во Алта банка Белград“, праша пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаШасивари - Крихбаум: Европската иднина се гради со реформи и силни партнерстваМинистерот за правда, Јетон Шасивари, во рамки на работната посета на Берлин, оствари средба со германскиот државен министер за Европа при Сојузното министерство за надворешни работи, Гинтер Крихбаум.Средбата претставува значаен дипломатски контакт во период кога земјата интензивно работи на исполнување на обврските од европската агенда, а реформите во правосудството остануваат еден од клучните показатели за подготвеноста за членство во Европската Унија. Министерот Шасивари ги претстави актуелните реформски активности на Министерството за правда, со посебен акцент на новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка, кои веќе се доставени до Европската комисија за мислење. Станува збор за две значајни законски решенија со кои се настојува да се надминат постојните слабости и да се постават основите за посовремен и поефикасен систем на кривична правда. Во разговорот беа разгледани предизвиците на европската интеграција, динамиката на реформските процеси и значењето на германската поддршка за европската перспектива на земјата. Посебно беше истакната потребата реформските обврски да не останат само на ниво на законски измени, туку да резултираат со конкретни подобрувања во функционирањето на институциите и примената на правото. Германија, како еден од најзначајните европски партнери, има важна улога во поддршката на демократските процеси и институционалниот развој. Продлабочувањето на ова партнерство е особено значајно во период кога земјата се соочува со важни задачи во исполнувањето на европските критериуми. Средбата во Берлин е дел од напорите за зајакнување на политичката и институционалната соработка со Германија, како и за обезбедување континуирана поддршка на реформите што треба да донесат долгорочни резултати во правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Шпекулациите во случајот со АЛТА банка само штетат на стабилноста на банкарскиот системНа денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков .На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност “, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков oсврнувајќи се на шпекулациите што во изминатиот период се пласираат во јавноста за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка кон Србија и Русија и посочи дека ваквите наводи бараат јасни одговори и утврдување на фактите, особено имајќи ја предвид важноста на финансиската стабилност, надзорот и спречувањето на можни злоупотреби на банкарскиот систем. „Во последниот период во јавноста се пласираат сериозни тврдења за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка АД Битола кон Србија па дури и кон Русија. Ова се тврдења кои не смеат да останат неодговорени, не смеат да отворат сомнеж за финансиската сигурност, за контролата на финансиските текови и во функционирањето на системот за спречување на перење пари и за можни злоупотреби на финансискиот систем, од друга страна Народната Банка излезе со конкретни информации дека во 2025 заклучно со Октомври 2026 не се евидентирани трансакции на поголеми износи кон Србија, а дека воопшто не се евидентирани приливи или одливи кон Русија во рамките на платниот промет“ рече Лефков и додаде: „Моето конкретно прашање кое треба да го расчистиме е дали Управата за финансиско разузнавање има добиено извештаи или имате сознанија за сомнителни трансакции поврзани со Алта банка АД Битола или со други правни или физички лица поврзани со нив?“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter