Изложба на олдтајмери во Кавадарци

Изложба на олдтајмери се реализира денеска во Кавадарци, во рамките на традиционалната општинска стопанско-културна и туристичка манифестациј „Тиквешки гроздобер”. 

Најстарото возило на изложбата е од 1950 година.

Некои од сопствениците на стари автомобили со коишто разговараше МИА, не ја криеја љубовта и страста кон своето хоби, што, меѓу другото, значи и промоција на автомобилската историја низ годините. Тие рекоа дека за ништо на светот не би се откажале од своите миленици на четири тркала. Ниту за многу пари, ниту за понови и пософистицирани модели на автомобили.

– Во неколкуте општини од Тиквешијата расте интересот за нив, а расте и цената за добро одржани и гаражирани примероци. Така, добро фиќо, на пазарот може да котира со повисока цена од постари модели на автомобилски марки кои традиционално важат за појаки машини. Истовремено, може да се забележат свадбени веселби на кои наместо во огромни лимузини, младенците се превезуваат токму со автомобилот од младоста на нивните родители, нагласија дел од учесниците на изложбата.

Возилата, помали и поголеми, предизвикаа интерес кај посетители од најразлични генерации.

Митко Ташев, организатор на настанот, за МИА изјави дека може да се видат 75 возила, на македонски, но и на сопственици од Србија и Австрија. Тој потсети дека ова е јубилеен, десетти пат, како се организира една ваква изложба.

Ташев нагласи дека од година во година расте интересот за изложување на автомобилски миленици. Но, додаде, расте и интересот кај посетителите на „Тиквешки гроздобер” да ги видат олдтајмерите и да се фотографираат со нив за спомен.

-Најстарото возило има 72 години. Тоа е постаро од многу од учесниците на изложбата, дециден беше Ташев.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер