Изложба на обредни предмети на западноафриканските народи - Канал 5

Изложба на обредни предмети на западноафриканските народи

Автентични предмети од дрво кои народите од Западна Африка ги користеле во различни обреди ќе бидат претставени на изложба „Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност“ која утревечер од 20 часот ќе биде отворена во Музејот на Македонија.

Изложба на обредни предмети на западноафриканските народи

Над 70 ритуални маски, скулптури и ткаенини кои ќе бидат изложени пред македонската јавност се во сопственост на Музејот на африканската уметност од Белград, кој првпат по четири децении постоење реализира гостување во Македонија.

Предметите од дрво се од средината на 20 век и се употребувале за различни ритуали - погребување, иницијации, магии за опастанок поврзани со култовите на плодноста и предците... Нив ги користеле народи во западноафриканските земји: Гана, Буркина Фасо, Нигерија, Гвинеја, Мали, Бегот на Слоновата Коска и Либерија. Скулптурите се најчесто антропоморфни и се олицетворение на предците, починати членови на заедницата, духовите на природата...

- Желбата ни беше да ја приближиме скулптуралната уметност која е најкарактеристична за регионот на западна Африка. Обредните предмети на најкомплексен начин го отсликуваат културното наследство, вредностите и погледите на свет на тие заедници кои живееле во некоја традиционална животна рамка се до модернизацијата во средината на 20 век. Некаде се уште се одржуваат тие преданија но, главно, по 1960-тите, по стекнувањето независност на тие африкански земји, тоа почнува да се губи и се менува таа уметничката продукција што била врзана за традицијата, рече попладнево на прес-конференција Александра Продановиќ-Бојовиќ, кустос во Музејот на африканската уметност од Белград.

Оригиналните предмети од изложбата се дел од збирката на нивниот музеј која е формирана со донацијата на колекционерите Здравко и Веда Пеќар. Тие повеќе од 20 години биле дипломати на поранешна Југославија во тој дел од Африка во 1960-тите и 1970-тите години и предметите му ги подариле на градот Белград. За легатот на Пеќар и работата на музејот, Продановиќ-Бојовиќ ќе одржи предавање задутре во 12 часот во Музеј на Македонија.

Иницијативата за поставување на изложбата во Скопје е на Гоце Наумов, вработен во Музејот на Македонија, кој рече дека покрај тоа што изложбата ќе може да се посети до 17 декември, во врска со неа ќе бидат организирани и неколку предавања, проекции и работилници. Исто така, планираат наредната година да отворат изложба Африка во Македонија.

Директорот на Музејот на Макдонија Гордан Николов рече дека идејата за изложбата е од пред една и пол година. Подготвен е и обемен каталог на три јазици (македонски, српски и англиски) отпечатен од Скопски џез-фестивал кој е партнер во организирањето на изложбата. Врската е и симболична зашто, како што рече Костадин Шурбановски од СЏФ, Африка е и кзворот на џезот и воопшто на музиката.

На утрешното отоврање на изложбата „Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност“ ќе присуствуваат и некои од музичарите-гости на Скопски џез-фестивал кој ќе почне задутревечер. Придружен настан по официјалното отоврање на изложбата ќе биде дружење со африканска музика во кафе „Менада“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ѕвезда од „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“

Таа глумеше во хит-серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), а еве како денеска изгледа познатата актерка Ерика Еленијак која во август оваа година се приклучи на платформа наменета за возрасни.

Фото: Ѕвезда од  „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“

Американската серија „Чувари на плажата“ се прикажуваше 10 години – од 1989 до 1999 година.

Таа се емитуваше во 148 земји и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана телевизиска програма.

Сите се сеќаваат на воведната шпица, но и на убавите актерки во црвени костими за капење.

Меѓу нив е и актерката Ерика Еленијак, која денес има 56 години и не заработува од глума.

Русокосата Ерика имала само 20 години кога започнало снимањето. Во тоа време, актерката била многу популарна, а во 1989 година дури била прогласена за „жена на месецот“ во списанието „Плејбој“.

Зад себе има два брака, кои завршиле со развод.

Таа се мажела двапати – во 1998 и 2005 година, а во 2006 година добила ќерка.

Од пред неколку месеци, таа е активна на платформата „Онлифанс“ (OnlyFans), а „TMZ“ пишува дека за три месеци заработила 300.000 долари.

Извори блиски до поранешната актерка откриваат дека „бизнисот цвета“ и дека таа заработува по 10.000 долари неделно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на чети да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, дефинирајќи го ова како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.

Ким издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“

„Примарната револуционерна задача на командантите на чети е да ги завршат борбените подготовки на своите единици, така што тие ќе бидат целосно подготвени за водење војна. Начинот да се постигне ова е преку радикално подобрување на ригорозната и интензивна обука“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“, цитирајќи го него.

Понатаму се наведува дека тој ги дал овие изјави во вторникот, за време на фотографирање со учесниците на Третиот состанок на командантите на чети на Корејската народна армија.

Според извештаите, Ким Џонг Ун нагласил дека тие мора да ја докажат својата лојалност и лидерски способности преку успешно трансформирање на своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку стотина други – сили што се одликуваат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“.

Тој додал дека иднината на изградбата на моќна армија изгледа „исклучително ветувачка, благодарение на нив“.

Ким претседаваше со состанокот, одржан на 22 и 23 октомври во Пјонгјанг, при што им наложи на командантите „да изградат најмоќна армија и да ја забрзаат воената револуција во корејски стил преку обука на најсилните чети“.

Тој, исто така, им даде насоки „доследно да ја чуваат и развиваат суштината на армијата како армија на Партијата – армија дефинирана преку својата идеологија и основни вредности“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“

„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.

Германски министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“

Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп.

„Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“.

„Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој.

За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија.

„Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар.

Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка.

Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот.

Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп.

Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“.

Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“.

„Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања.

За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер