Изложба на мозаици „Жената во парчиња камен“ на Изет Зеќири - Канал 5

Изложба на мозаици „Жената во парчиња камен“ на Изет Зеќири

Во Уметничката галерија Тетово од вечерва отворена е изложбата на мозаици насловена „Жена во парчиња камен“ од авторот проф. д-р Изет Зеќири, актуелен ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, професор по економски науки и поранешен пратеник.

Изложба на мозаици „Жената во парчиња камен“ на Изет Зеќири

Ова е негова втора изложба на мозаици, а ја прикажува фигурата на жената како столб на општеството.

–Втората изложба насловена „Жена во парчиња камен“ претставува продолжение на првиот циклус на делата насловени „Мозаик со парчиња живот“ кои претставуваат темелен преглед на традиционалниот рурален живот и неговата еволуција во современиот свет, и сега (во овој циклус ) продолжува со длабоките инспиративни импулси од албанската историја и народна традиција, со фокус на женската фигура претставена преку различни фигури. Историски, жената Албанка била важен фактор на напредок, отпор, брилијантност, но пред сè, нејзината примарна функција била во темелите на градењето здраво општество, посочи во промотивниот говор на отворањето Јелдез Асани, историчар на уметност и професорка на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот во Тетово.

Таа посочи дека согласно содржината на темата што се обработува, професорот Изет Зеќири го избрал токму овој мотив во процесот на обликување на мозаикот со одредени стилски карактеристики за да докаже дека жените се соочиле со тешките предизвици од минатото и го осветлиле патот кон образованието, еманципацијата и напредокот на нашиот народ на овие простори.

–Помалку или повеќе рамните фигури се слики кои паметат и се во функција на настанот што е префигуриран до симболична и традиционална генерализација. Фигурата на жената што ја ниша лулката, ја подготвува храната или ги работи секојдневните ритуали за сопрузите, дава чувство кое се зајакнува со моделирање на исполнети волумени и строги ментални изрази кои говорат за храбра издржливост збогатена со контрастни тонови кои се следат еден со друг. Додека во некои дела со цел да се постигне уметничка конструкција рефлектирана со фигури кои претставуваат асоцијативно-апстрактни чувства, или подобро кажано, декоративна слика на недефинирана позадина со меланхолична и носталгична интерпретација на современата жена, Изет Зеќири ги надминува вообичаените етно-фолклорно третирања, посочи Јелдез Асани.

Изет Зеќири е роден во 1967 година. Се образувал на Економскиот фа­кул­тет на Универзитетот во Приштина. Маги­стри­рал на Економскиот факултет на Уни­вер­зитетот „Св. Ки­рил и Методиј“-Скопје, а док­то­­ри­рал во 2001 година на Уни­врзитетот во Приштина. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Душан Влаховиќ желба на Атлетико М., Бешикташ му даде рок од 48 часа за одлука

Српскиот репрезенативец Душан Влаховиќ би можел да направи голем трансфер ова лето и да ја продолжи кариерата во Шпанија, бидејќи Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за одличниот напаѓач.

Душан Влаховиќ желба на Атлетико М., Бешикташ му даде рок од 48 часа за одлука

Атлетико сега води во трката за неговиот потпис, иако до неодамна во шпанските медиуми се пишуваше дека Реал е опција број еден.

Според шпанските медиуми, мадридскиот клуб го разгледува Влаховиќ како потенцијална замена за Александар Сорлот, доколку Норвежанецот го напушти „Метрополитано“ и се пресели во Фенербахче.

Според тие информации, Атлетико е подготвен да дозволи негово заминување, а како износ за обештетување се спомнуваат околу 40 милиони евра.

Влаховиќ моментално е слободен играч по истекот на договорот со Јувентус, па Атлетико во неговиот случај не би морал да плаќа обештетување. Токму оваа околност би можела да биде многу важна за клубот од Мадрид, кој би можел да заработи значителна сума од продажбата на Сорлот, а потоа да го ангажира Србинот без обештетување за трансфер.

Платата е дополнителен фактор. Сорлот имаше годишна плата од околу 7,2 милиони евра во Атлетико, додека Влаховиќ имаше договор вреден осум милиони евра годишно во Јувентус, со бонуси што можеа да ги зголемат приходите до 12 милиони.

Според актуелните информации, Влаховиќ е заинтересиран за премин во Атлетико и чека конкретна понуда од мадридскиот клуб.

Но, српските медиуми пренесуваат и дека Душан Влаховиќ денеска добил ултиматум од турскиот Бешикташ, кој бара напаѓачот во следните 48 часа да одлучи дали ќе се пресели во Истанбул.

Според информациите од Турција, Бешикташ поставил ултиматум од 48 часа, бидејќи не планира повеќе да ја чека одлуката на српскиот фудбалер и неговиот татко Милош – кој, наводно, во овој момент има најголемо влијание врз изборот на новата средина за својот син.

Познато е дека, засега, единствената конкретна понуда доаѓа од Бешикташ, но бидејќи на Турците им снема трпение со Влаховиќ – кој сака да почека до крајот на летото за евентуален повик од Барселона, Атлетико или Реал Мадрид – тие одлучија дека српскиот напаѓач мора да даде одговор што е можно поскоро.

„Бешикташ сака да го реализира трансферот на Душан Влаховиќ во текот на наредните ден-два. Овој процес може да заврши или позитивно, или негативно. Операцијата околу трансферот ја води Сердал Адали, претседателот на Бешикташ, а Влаховиќ е играч што тренерот Винченцо Италијано го посакуваше во својот тим уште од првиот ден. Иако постои можност нешто да се промени, според информациите со кои располагам, понудениот договор е со важност од три години“, објави турскиот новинар Серџан Дикме.

Што му нуди Бешикташ на Влаховиќ?

На маса се две верзии од договорот. Според првата, Душан Влаховиќ би добивал по 10 милиони евра годишно, со важност на договорот до 2030 година. Покрај тоа, би добил уште десет милиони евра за потпишување на договорот, односно целиот аранжман би вредел околу 50 милиони – понуда каква што Влаховиќ не би можел да добие на друго место.

Од друга страна, се спомнува и можност за потпишување тригодишен договор, со поголем износ наменет за „провизија“. Поточно, тој би добил 12 милиони евра, но исплатени во три рати – во текот на три години, односно по четири милиони по сезона.

Во тој случај, неговиот договор би изнесувал 13 милиони евра годишно. Вкупно, Влаховиќ би добил 51 милион евра, но Бешикташ полесно би го „распоредил“ тој износ низ буџетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откажан концерт на Јелена Карлеуша во Водице, Хрватска

Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша, планиран да се одржи во клубот „Хасиенда“ во Водице, Хрватска на празникот Голема Богородица (15 август), е откажан. 

Откажан концерт на Јелена Карлеуша во Водице, Хрватска

Одлуката уследи по неколкудневните негативни реакции во јавноста по повод најавениот настап, а клубот го објави откажувањето на социјалните мрежи.

Од клубот соопштија дека одлуката е донесена бидејќи реакциите на најавата за концертот „далеку ги надминале рамките на музички настан во приватен клуб“. Тие особено нагласија дека безбедноста им е врвен приоритет.

„Ниту еден изведувач и ниту еден настан не се поважни од безбедноста на нашите гости и вработени“, се наведува во официјалното соопштение. Тие им се заблагодарија на гостите за поддршката и разбирањето, додавајќи дека „Хасиенда“ „останува место за музика, забава и убаво дружење“.

На откажувањето му претходеше изјава од градоначалникот на Водице, Анте Цукров, кој изјави дека настапот го смета за несоодветен. Тој истакна дека пејачката не е добредојдена поради нејзините претходни јавни настапи.

Дел од граѓаните повикаа на бојкот, а на социјалните мрежи со денови се објавуваа критики и барања за откажување на концертот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Колумбија, а потресите се почувствуваа во градови низ целата земја. 

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри.

Според првичните информации, загинале најмалку 20 лица и причинета е голема штета.

Се шират снимки од урнати згради. Во градот Кали се урнаа 20 згради. Гувернерката на департманот Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека од главниот град Кибдо пристигнуваат информации за повредени лица и „сериозни оштетувања на згради“.

Таа исто така предупреди на можноста од последователни потреси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер