Превозниците од Балканот на координација во Скопје – ако нема решение до 1 септември, повторно на протести
1Превозниците од Балканот на координација во Скопје – ако нема решение до 1 септември, повторно на протести
КултураИзложба на македонските уметници Иво Пецов и Марјан Ѕингаров во бугарскиот град СозополКако што информира Македонскиот културно-информативен центар во Софија, изложените дела – графики и слики претставуваат извадок од најновите творечки преокупации на двајцата автори.Во Уметничката галерија во бугарскиот град Созопол, вечер од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Графички коментари и сликарски реминисценции“ на македонските ликовни уметници Иво Пецов и Марјан Ѕингаров, кои се школувале на Националната ликовна академија во Софија. Како што информира Македонскиот културно-информативен центар во Софија, изложените дела – графики и слики претставуваат извадок од најновите творечки преокупации на двајцата автори. -Изложбата е дел од програмата на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, како и дел од програмата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, соопшти МКИЦ. Марјан Ѕингаров (1976, Струмица) во 2002 година дипломирал на Националната ликовна академија во Софија, каде што и магистрирал во 2005. Имал девет самостојни изложби во земјава и во странство и учествувал на голем број групни. Ѕингаров во 2022 ја добил Годишната награда на Општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериполски маченици“ за особен придонес во областа на културата и уметноста, а истата година ја освоил втората награда на Четвртиот меѓународен конкурс за апстрактна уметност „21 х 21“ на Галерија [A] CUBE во Софија. Иво Пецов (1980, Кочани) стекнал академско образование во Софија, каде што на Националната академија за ликовни уметности магистрирал во 2005, на отсек графика, а таму и докторирал во 2010, на одделот за ѕидно сликарство. Реализирал 20 самостојни изложби во повеќе земји и учествувал на групни изложби и на голем број меѓународни ликовни колонии. Пецов освоил награда за графика на Годишната изложба на ДЛУМ во 2023 година, кога добил и Почесна диплома на Националната графичка изложба во Пазарџик, како и номинација за награда за графика на Биенале „Тенец“, Монтана.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревозниците од Балканот на координација во Скопје – ако нема решение до 1 септември, повторно на протести Сакаме решение на проблемот а не протест – превозниците од Западен Балкан едногласни откако и по неколку месеци од воведувањето на новиот ЕЕС систем.Сакаме решение на проблемот а не протест – превозниците од Западен Балкан едногласни откако и по неколку месеци од воведувањето на новиот ЕЕС систем – професионалните возачи и натаму се соочуваат со проблеми при влез во земјите од Шенген зоната. Преку писмо до ЕУ бараат оние 90 во последните 180 дена да им се бројат во часови. Очекуваат привремено решение да биде донесено на состоанкот во рамки на ЕУ кој би требало да се одржи на 1 септември на кој ќе се разговара за визната стратегија на ЕУ, во спортивно велат иако несакаат ќе бидат проморени на нови протести и евентуални блокади на граничните премини.... „Ние буквално остануваме без работа ако немаме возачи камионите ќе ни стојат, за да не случи вие како потрошувачи, граѓани да останете без продукти во продавниците, ни е еве да речеме вака нај ние ќе се жртвуваме и ќе застанеме на граничните премини или околу амбасадите на ЕУ и на други делови каде има странски инвеститори. Ако една држава нема сопствен превоз не можеме да зборуваме за раст и развој не економијата... “- Билјана Муратовска – МАКАМТРАНС. „Ако дојде до протести, минатите протести ги прекинавме поради ветување, овој пат ако излеземе на границите нема да се повлечеме се додека нема конкретно решение односно додека да има имплементација на решението...“ - Џорџе Лешњак - Здружение на превозници на Црна Гора. „Ние сме веќе во протест, во нашите фирми веќе има протести, тие не се видливи, затоа што 50 % од нашите возачи не сакаат да возат тури. Тие доаѓаат во фирмата, не сакаат да одат на товарење или ако отидат велат нека вози кој сака. Јас не сакам на граница бидејќи никој не ми гарантира дека нема да бидам депортиран, вратен, дека нема да добијам забрана, јас не го сакам тоа...“ - Неџо Мандиќ – претседател на Меѓународното транспортно бизнис здружение Белград . На ниво на Македонија со овој проблем според здружението засегнати се околу 17 илјади, додека на ниво на Западен Блакан над 100 илјади професионални возачи. Претставниците на превозниците велат доколу останат без работа штетата ќе биде огромна не само за самите возачи и компании туку и за економијата на секоја земја... Во јануари годинава, превозниците од МАкедонија, Србија, БОсна и Херцеговина, Грна Гора, ги паркираа своите камиони и ги блокаираа граничните премини. Македонските превозници протситраа 4 дена, а протестот беше прекинат со ветување дека надлежните во земјава че се вклучат во решеавање на проблемот, но засега како што велат превозниците трајно решение нема... Тагови: приватните превозници Шенген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаИстекува рокот за притворот на Груби – ќе има ли обвинение или тој ќе се брани од слобода?Обвинение сè уште нема, а се доближува законскиот рок по кој поранешниот вицепремиер може да излезе од домашен притвор. Доколку обвинителството не подигне обвинение до 22 август, кога истекува актуелната мерка, преистражната постапка ќе може да продолжи, но исходот Груби ќе го чека од слобода. Обвинителството молчи дали до истекот на рокот ќе донесе конечна одлука, со образложение дека постапува во рамките на законските рокови. Во меѓувреме, растат политичките тензии и меѓусебните обвинувања за тој кој ќе сноси одговорност околу случајот Груби. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиско гостување во Приштина, изјави дека тој бил тој што побарал од Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност доколку злоупотребил неговата доверба: „Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: ‘Ако си ја злоупотребил мојата доверба, ќе одговараш.’ Тој се заколна дека ќе работи чесно, а единствениот одговор што ми го даде беше: ‘Работев чесно.’ Јавно побарав, а истовремено вршев притисок врз локалната политика да го пуштат да излезе и да одговори. Но не сакам селективна правда, туку вистинска правда. Мислам дека работите одат добро – првото нешто е да се ослободи од домашен притвор, па да видиме како ќе продолжи." изјави Али Ахмети – ДУИ. Владејчката ВРЕДИ деновиве обвинува дека истрагата против Груби се води бавно и нетранспарентно. Партијата тврди дека тој знае клучни детали за случајот „Лотарија" и бара Обвинителството јавно да образложи зошто сѐ уште нема обвинение. На навестувањата дека Груби може да излезе од притвор за десетина дена поради непостоење обвинение, реагираше и СДСМ, оценувајќи дека патот на Груби од свечен пречек со црвен тепих и камери, преку куќен притвор, до најава за целосна слобода не е случаен. „Артан Груби веројатно наскоро ќе излезе и од куќен притвор, ако обвинителот кој го извади од Шутка не поднесе обвинение во законскиот рок. И сега се поставува логичното прашање: кога Груби ќе биде слободен, дали повторно СДСМ и Венко Филипче ќе бидат прогласени за виновни?", велат од СДСМ. Според информациите, во досегашниот тек на постапката Груби и неговата одбрана се запознаваат со доказите, а неофицијално, по неколку месеци од враќањето неодамна конечно бил спроведен да даде исказ пред јавниот обвинител. Заедно со Груби, осомничени за злоупотреба на Државната лотарија се и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој е сè уште во бегство и неколку други лица. Според обвинителството, штетата надминува 8 милиони евра, а делото носи затворска казна од најмалку 4 години.Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта и опозицијата во отворен судир за прославата на 35-годишнината од независностаВласта и опозицијата продолжуваат со партиската преписка околу македонското знаме кое се појави како дел од сценографијата на прославата за 35-годишнината од независноста на Македонија .Власта и опозицијата продолжуваат со партиската преписка околу за македонското знаме кое се појави како дел од сценографијата на прославата за 35-годишнината од независноста на Македонија пред два дена во Охрид, а кое наместо официјалните осум имаше дванаесет краци. Од СДСМ денеска прашуваат кој ќе сноси одговорност за, како што велат, промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол. - И наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку пари чини ова понижување, и наместо да што е најважно да им се извинат на граѓаните што ги понижија нивните чувства, вчера се обидоа со едно таргикомично објаснување да се оправдаат дека всушност тоа што го видовме со така нареченото македонско знаме било, верувале или не, „уметничка инсталација“. Значи за Мицкоски, за ВМРО, за Владата, државното знаме не е свет државен симбол, туку е цитирам „уметничка инсталација“. За срамната прослава со понижување на македонските државни симболи за знамето, законот јасно предвидува санкција,- -Андреј Жерновски – СДСМ. СДСМ единствено што сака е да и наштети на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија повторија дека повеќекракото знаме било уметничка инсталација, а опозицијата, како што велат, е против прославата на независноста и доброто на државата. -Последен пример за напад кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од страна на талогот е уметничката инсталација за 35 години независност на Македонија, на која што се прикажува рефлексија на сонцето. Им пречи македонштината, им пречи историјата, им пречи убавината. Им пречи тоа што наши македонски изведувачи, актери и пејачи, ја шират македонската приказна, ги цитираат стиховите на Рацин, на Конески. Им пречи што се пеат стари народни македонски песни. Им пречи тоа што веќе нема поделби, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски. Со реакција се огласија и опозициската ДУИ... забележуваат дека во одбележувањето на независноста недостигаат клучни историски моменти, како членството во НАТО, првата меѓувладина конференција со ЕУ и Охридскиот рамковен договор. Од партијата на Али Ахмети реагираат дека Владата ги исклучила Албанците и албанскиот јазик од промотивните материјали за прославата. - Овој спот, всушност, е најточната фотографија на оваа Влада: Влада на исклучување. Албанците можеби ги има на списокот на министри, но ги нема во приказната на државата., стои во соопштението од ДУИ. Инаку, караванот наречен „Силно светнал ден“ денеска е во Битола, а утре ќе пристигне и во Велес, и во следните недели ќе помине низ десетина градови, а ќе кулимира на 4 септември на плоштадот Македонија во СКопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00