Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами
1Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураИзложба на македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов во Крива ПаланкаХаџи Николов досега има реализирано повеќе од 75 самостојни изложби и над 100 групни изложби во земјава и странство. Во Локалната установа Градски музеј Крива Паланка синоќа беше отворена самостојната изложба на Стефан Хаџи-Николов, прва во серијалот од иницијативата на музејот за претставување на по еден учесник од Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“, што се одржува во истоимениот манастриски комплекс. Стефан Хаџи-Николов е долгогодишен учесник на колонијата и член на организацискиот одбор, член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1984 година. Директорот на Градскиот музеј Крива Паланка, Драган Величковски, на отворањето истакна дека ова е еден нов начин во соработка со меѓународната колонија и Општина Крива Паланка, колонијата и учесниците да се доближат до публиката и граѓаните, со оглед на тоа што творат во манастирскиот комплекс. - Ова е една нова праска што ја воведуваме и секоја година ќе правиме изложби и претставување на еден од учесниците,со цел за време на одржување на колонијата истовремено да има интеракција и да можат граѓаните да се запознаат одблиску со авторите, рече Величковски. Авторот, Хаџи Николов рече дека задоволство му е што на покана на музејот и "Градот на културата" со задоволство изложува, за првпат, во Крива Паланка иако десетина години е редовен гостин - учесник на Меѓународната ликовна колонија "Св.Јоаким Осоговски". -Драго ми е што можам да се претставам пред моите колеги со моето творештво, а при размислување за тоа што да изложам овде, сепак одлучив за творештвото од последните 15 години, со акцент на она што е создадено во последните пет години. Сѐ уште имам креација и желба за творење, ќе продолжам да ја претставувам мојата уметност насекаде низ светот и уште еднаш, благодарам до општината за поканата, со порака до сите љубители на уметноста да ја посетат изложбата, рече Стефан Хаџи Николов. Хаџи Николов досега има реализирано повеќе од 75 самостојни изложби и над 100 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои, највисоките државни награди: „23-ти Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста и „13-ти Ноември“ за долгогодишни високи остварувања во сликарството. Ги има добиено и наградите „Климент Охридски“, „Вангел Коџоман“, „Константин Мазев“, „Лазар Личеноски“, а особено се издвојува наградата „Златни феномени“, доделена од бугарската асоцијација „Феномени“ (АСФЕН), првиот Македонец кому му е доделена оваа награда, врачена на неговата изложба во софискиот центар „ЦУМ“ во 2002 година. Изложбата на Стефан Хаџи-Николов е дел од програмата програма на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измамиВо непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило.Вчера (13.11.) во Ресен и на излезите од градот, полициски службеници од ОВР Ресен на возачите на моторни возила делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот. Денеска (14.11.), полициски службеници од Полициската станица Делчево на Градскиот пазар и на повеќе локации во централното градско подрачје во Делчево одржаа повеќе средби со повозрасни граѓани, пензионери, со цел подигнување на свеста за препознавање и спречување телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Исто така, им беше укажано да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветПовеќе од 7.000 луѓе протестираа против самитот за климатски промени „COP31“ во ТурцијаПовеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на АнталијаИлјадници луѓе се собраа во Анталија, местото на годишната конференција на ОН за климатските промени COP31, за да протестираат против собирот за кој велат дека ги игнорира барањата на „вистинските жртви на климатската криза“, јавуваат новинарите на АФП. Свикани од неколку невладини организации за животна средина и човекови права, синдикати и политички партии, повеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на Анталија, според проценките на полицијата. Yaşamı ve dünyayı kurtarmanın tek yolu, bu sömürü düzenine karşı sınıfsal bir dayanışma örmektir. ✊ Sermaye değil yaşam, kâr değil adalet! #COP31 #İklimAdaleti #SınıfsalKriz #Sokaktayız https://t.co/aCJQCo5uoX — Emek Partisi / Antalya (@antalyaemep) November 14, 2026 „Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат“ „Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат на COP“, се пожали Халиме Саман од платформата на Народниот климатски самит, која организира алтернативна конференција заедно со COP31, каде што претставници на речиси 200 земји дискутираат за решенија за климатските промени. „Турција е копретседател на COP31, но сè уште нема план да се откаже од фосилните горива. Се отвораат нови термоцентрали и рудници за јаглен. Тие ја имаат крвта од маслиновите дрвја масакрирани во Акбелен на своите раце“, рече таа, осврнувајќи се на шума во југозападна Турција која стана симбол на борбата против проширувањето на рудниците за јаглен. „Компаниите што предизвикуваат уништување на животната средина во Турција се меѓу спонзорите на COP31. Сакаме да ги симнеме овие маски“, додаде Саман. Активист пешачел речиси 600 километри за да учествува во протестот Активистот Јашар Гокоглу, 78, пешачел речиси 600 километри од Адана, во јужна Турција, за да учествува на алтернативниот самит и протест. Неговиот роден град стана една од главните дестинации за пластичен отпад увезен од Европската Унија, што придонесува за загадувањето на Средоземното Море и земјоделското земјиште. „Адана се наоѓа на најплодната земја во светот, но се соочува со безброј опасности: електрани на јаглен и нови петрохемиски проекти. Но, ние сме тука пред сè за да кажеме не на увозот на пластичен отпад“, објасни тој. „Фарса спонзорирана од монополи“ Ѓокоглу не очекува ништо од конференцијата COP31, која ја нарекува „фарса спонзорирана од монополи“. „Ние сме вистинските жртви на климатската криза. За разлика од COP31, од кој знаеме дека ништо нема да произлезе, ние ќе издадеме своја завршна декларација“, рече тој. Извор: Индекс.хрТагови: турција COP31 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter