Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураИзложба на графики од Пикасо во МКЦ од 19 февруари до 16 мартВо галеријата на Младинскиот културен центар од 19 февруари до 16 март ќе биде поставена ексклузивна изложба на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо. Ќе бидат претставени 46 графички дела - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, од периодот 1932-1969 година. Делата се во сопственост на приватната галерија „Висконти“ од Љубљана.Директорот на МКЦ Златко Стевковски на прес-конференција рече дека во сржта на збирката се комплети од оригинални графики, сместени во три мапи, кои денес се ретко видени и достапни дела: „Двојна флејта“ (која содржи 16 литографии - женски и машки актови, мотиви со минотаури и баханалии, појадок на трева, шпански мотив според Веласкез и портретот на сопругата Жаклина...); „Фауна и флора од Антиб“ (мапа со девет литографии) и „Цртежите на Пикасо“ (мапа-книга со 16 факсимили на цртежи од периодот меѓу 1942 и 1946 година). - Црвената нишка на оваа збирка, а и нејзината суштина, е дар и восхит на бескрајно големото, а толку лесно мајсторство на цртање на Пикасо, кое при секое ново погледнување, повторно го восхитува гледачот со својата чиста и цврста линија, но и со својата разиграност и богатство на формата, кои на секоја графичка листа се свежи и нови, рече Стевковски. Изложбата за која влезот ќе биде слободен секој ден од 9 до 21 часот е организирана со поддршка на Министерството за култура. Министерката Елизабета Канческа-Милевска рече дека таа ќе го долови врвното мајсторство и богатството на формата на Пикасо. - Неговото суштинско познавање на човечката анатомија, особено на женскиот акт, неговите креации кои, според многумина, може да се споредат со незапирливи експлозии на вулканска лава. Пикасо има создадено обемен графички опус, кој можеби нема конкурент меѓу уметниците од 20 век и во таа смисла навистина радува можноста да се видат овие негови ретко достапни дела, рече Канческа-Милевска. Потсети на уште неколку ексклузивни изложби кои се реализираа во изминатите години (Дали, Вазарели, Мур, Базелиц и Саудек) и најави уште неколку на познати светски автори во оваа година, како Демијан Хрст (поставка која ќе се реализира во соработка со Британскиот совет), а во МКЦ македонската јавност ќе може да ги види и поп-арт изложбата на Енди Ворхол, дела од Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг... Канческа-Милевска додаде дека годинава ќе има поддршка и за претставувањата на македонските автори, како и за институциите во ликовната дејност. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook