Изложба на фотографии за човековите права - Канал 5

Изложба на фотографии за човековите права

Денес, 10 декември 2021 година, по повод Меѓународниот ден на човековите права, во трговскиот центар „Ист Гејт Мол" во Скопје беше поставена изложба на фотографии. 

Изложба на фотографии за човековите права

Преку насловот „Денес изгледаш убаво!" изложбата се фокусира на очите на извонредните личности, секојдневните херои и инспиративните активисти за промени – луѓе кои секојдневно се борат за своите права и за правата на другите. Изложбата е организирана од Делегацијата на Европската Унија заедно со Јуроп Хаус Скопје и има за цел да ја промовира основната вредност на почитувањето на човековите права и да повика на прифаќање на разликите како клуч за постигнување еднаков третман.

Изложбата „Денес изгледаш убаво!" се фокусира на 12 луѓе од нашите средини кои дејствуваат како двигатели на промените на дневна основа – било да е тоа поради начинот на кој се родиле или поради начинот на кој избрале да го живеат својот живот. Тие се студенти, сопственици на кафулиња, антрополози, кандидати за докторанти, пијанисти, вработени, членови на семејството и пред се – сите се луѓе и еднакви. Со ставање на нивните очи во центарот на вниманието, изложбата не само што ја истакнува нивната убавина туку има и намера да го прикаже светот од нивна перспектива.

Протагонистите на изложбата се: Јулијана Петровска – лице со Даунов синдром; Дениз Селмани, член на ромската граѓанска иницијатива „Аваја"; Андон Дамовски, социјален работник; Мерсиха Смаиловиќ, активист за човекови права; Тасим Мавмути, член на ЛГБТИ заедницата; Ивана Атанасовска – лице со ретко заболување (цистична фиброза); Лила Милиќ – трансродово лице; Ема Ананиевска – лице со целосно оштетен вид; Радмила Периќ и Мартин Ангелов – лица со оштетен говор и слух; Симона Јовеска – лице со телесен инвалидитет; Ерато Нора Кардула – лице со аутизам и Елена Петровска – ЛГБТИ активист за човекови права. Фотографиите се на Татјана Ранташа, а дизајнот го изработи Зоран Кардула.

„Очите кои имаат право да бидат прифатени без разлика на нивната специфичност" може да се види во трговскиот центар „Ист Гејт Мол" во Скопје од 10 декември 2021 до 10 јануари 2022 година. Тие понатаму ќе бидат дел од календарот на Делегацијата на ЕУ за 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.

Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни.

Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

Нема документ. Нема извештај.

Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар.

Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања.

За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина.

Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Гостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. 

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска.

Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер