Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
КултураИзложба на фотографии на отворено во ОхридВо рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти Сите во Охрид“ денеска на отворно на просторот кај Долна Порта беше претставена изложбата на фотографии од Охрид во голем формат.Станува збор за авторски дела на 12 вљубеници во Охрид - Петар Паунче, Игор Полкап, Игор Нически, Димче Коруноски, Емил Јовановиќ, Димитар Чавкулоски, Антонио Стаматоски, Кирил Димов, Петар Боев, Томе Љушев, Маријана Пипилева и Даниел Јовески кои со своите фотоапарати забележале и овековечиле неколку моменти од вечната убавина на Охрид. - Изложените фотографии ни ја потврдуваaт синтагмата дека една слика заменува илјада зборови. Преку нив, секој на свој начин ја доживува убавината и мистичноста на Охрид, која преку објективите ги заробиле авторите на фотографиите...Преку нивните дела имаме ретка можност духот и убавините на древниот Охрид да ги почувствуваме од друг агол. Фотографиите не импресионираат нас, кои живееме во овој древен град, а замислете какви чувства предизвикуваат кај луѓето кои не го посетиле Охрид, изјави Живка Ангелоска пртседател на Советот на Општина Охрид. Фотографот Петар Паунче кусо изјави дека Охрид е премногу инспиративен, има прекрасни места за сликање и едноставно неисцрпна инспирација за уметност. Неговиот колега, Димче Коруноски со сличен став, дека дури и секојдневно во Охрид да фотографирате исти мотиви, градот Охрид е секогаш различен, нуди прекрасни миготви што заслужуваат да бидат овековечени. Покрај изложбата на посебно прилагодениот простор позади споменикот на „Св. Климент“ на Градскиот плоштад започна и Фестивалот на графити и модерна уметност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
БалканАлбански ријалити учесник е претепан среде улица во Тирана од толпа млади луѓе (ВИДЕО)Веќе неколку дена на социјалните мрежи кружат видеа од бандитско насилство врз поранешниот учесник во реалното шоу „Запознајте“, Едуард Кучи.На видеото се гледа пејачот Јозефин Марку со неколку други лица. Користејќи полициски знак, тие му сигнализирале на Едуард Кучи да го запре својот Мекларен. Откако тој го запрел автомобилот, го извлекле од возилото и физички го нападнале. Во врска со овој случај, извори блиски до Полициската управа во Тирана потврдија за Топ ченел дека се покренати истражни и процедурални дејствија. Во текот на досегашната истрага, утврдено е дека видеото е снимено во Тирана, во близина на надвозникот Ринас. Запленети се и снимки од безбедносните камери од областа, а се работи и на идентификација на лицата што се појавуваат на видеото. Според најновиот извештај на Топ ченел, полицијата во меѓувреме го привела Јозефин Марку и уште едно лице. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%.Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти. Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал. Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо. Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти. Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно. Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот. А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа. Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти. Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти. Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти. Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор. Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места. И има уште еден многу важен податок. Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%. Почитувани граѓани, Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните. Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува. Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување. Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти. Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи. И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани, рече Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПретставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина? Деловен авион, во кој веројатно се наоѓаа претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигна во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на воздухопловните власти.„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални претставници за да преговараат за решение во Украина. Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор. ТАСС, исто така, објави дека двајцата претставници треба да го посетат и Киев. Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter