Изложба на фотографии на двајца македонски фотографи во Марибор - Канал 5

Изложба на фотографии на двајца македонски фотографи во Марибор

На покана на Фото клубот „Марибор“ од Марибор, Словенија, фотографите Зоран Андонов од Тетово и Димче Коруноски од Охрид имаат заедничка фото - изложба. 

Изложба на фотографии на двајца македонски фотографи во Марибор

Авторите на поставката која беше отворена оваа недела во галеријата на Универзитетската библиотека во Марибор, пред словенечката публика се претставија со триесетина фотографии.

-Пред словенечката публика се претставив со 15 фотографии во боја на тема „Пеливани“. Пеливанството, како вид на традиционална боречка вештина, секогаш е атрактивно како за гледања така и за фотографирање, бидејќи сета онаа физичка сила која пеливаните мораат да ја употребат во борбата, напорот, емоциите кои притоа се јавуваат на нивните лица, дава убава можност да се добијат добри фотографии. Токму затоа, а и поради тоа што за пеливанството многу малку се знае на тие простори, овие фотографии наидоа на голем интерес кај словенечката публика, изјави Андонов, кој е член на Фото групата „Чкрап“ од Тетово.

Најголем предизвик на Коруноски во фотографијата се портретите и луѓето од улицата.

-Претежно работам фотографии во црно - бела техника, бидејќи мислам дека на тој начин посугестивно можам да го доловам моментот на ликот кој ми позира или на минувачот кого сум го фотографирал. На овие мои 12 фотографии со кои се претставив пред словенечката публика, има портрети на професори, мои пријатели, но и на сосем непознати луѓе кои некаде сум ги сретнал и фотографирал. Посебно ми се интересни мотивите кои ги фотографирав во ромското маало во градот Лесковац во Србија, па на оваа изложба се претставив и со неколку вакви лајф фотографии, вели Коруноски, кој е претседател на Фото клубот од Охрид.

Изложбата на фотографии во галеријата на Универзитетската библиотека во Марибор ќе биде отворена до 8 мај 2023 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најубавата италијанска водителка изгледа неверојатно, иако неодамна шсе породи

Една од најубавите телевизиски спортски водителки, „жешката“ Италијанка Дилета Леота повторно го привлече вниманието на своите фанови откако на социјалните мрежи сподели фотографија во костим за капење.

Фото: Најубавата италијанска водителка изгледа неверојатно, иако неодамна шсе породи

Водителката Дилета Леота, која неодамна се породи по вторпат, позираше за време на својот одмор во елегантно бикини што ја истакнуваше нејзината витка линија и исончан тен.

Многумина забележаа дека таа изгледа беспрекорно, а во коментарите пристигнуваа бројни комплименти за нејзиниот изглед.

Покрај тоа, водителката сподели и неколку семејни моменти со своите деца и со сопругот Лорис Кариус, а судејќи според нејзиниот профил на Инстаграм, уживањето нема крај.

„Преубава“, „Изгледаш неверојатно“, „Кој би рекол дека речиси се породи“, „Нестварна си“, „Ова изгледа како вештачка интелигенција“ – ова се само дел од реакциите на нејзините следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Кинеската и руската морнарица ќе одржат заеднички вежби следната недела во водите и воздушниот простор покрај кинескиот град Кингдао. 

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување со безбедносните предизвици и одржување на регионалниот мир и стабилност“.

Руската државна новинска агенција РИА објави дека крстосувач, корвета, дизел-електрична подморница и брод за спасување од руската Тихоокеанска флота пристигнале во Кингдао за да учествуваат во вежби што ќе се одвиваат од 6 до 13 јули.

Следуваат заеднички патроли во Тихиот Океан .„По вежбите, дел од силите на двете страни ќе се упатат кон соодветни подрачја во Тихиот Океан за да спроведат заеднички поморски патроли“, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Што се случува со Мики Рурк!?

Холивудскиот актер Мики Рурк е фотографиран во непрепознатливо издание/

Фото: Што се случува со Мики Рурк!?

Додека беше во прошетка со своето куче, Рурк е фотографиран во валкана сива дуксерица, избледени фармерки и очила за сонце, но најмногу внимание привлекоа неговите заби што недостасуваа, поради што беше речиси непрепознатлив.

Неговиот вака лош изглед укажува на тоа дека актерот минува низ тежок период, што се потврдува и со неодамнешното иселување од неговиот дом кон крајот на 2025 година поради долг од 60.000 долари.

Иако неговите претставници тврдеа дека тој престанал да плаќа кирија поради неподносливи услови за живот - а обожавателите собраа 100.000 долари помош преку кампањата GoFundMe - Рурк ги одбил парите, нарекувајќи ја целата иницијатива срамна.

Актерот објасни дека проблемите со глодарите, неисправниот водовод и бањата опстојувале со месеци, и покрај неговите постојани барања за поправки. „Прекинувањето на плаќањето кирија не беше лесна одлука, но не можев да платам за имот што беше во толку лоша состојба“, изјави Рурк.

Сепак, во март, судот во Лос Анџелес пресуди во корист на сопственикот Ерик Т. Голди, потврдувајќи долг од 59.100 долари. Судската одлука го раскина договорот за закуп, трајно забранувајќи му на Рурк пристап до имотот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер