Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ
Српскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна Гора
1Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ
2Српскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна Гора
КултураИзложба на дела откупени од министерството за култураОд денеска до 7 април во галеријата Чифте амам е отворена изложба на дела прифатени на првиот конкурс на министерството за култура за откуп на ликовни дела од областа на визуелните уметности за 2014 година.Повеќе од 60 нови дела од еминентни македонски уметници ќе ги надополнат и збогатат збирките и поставките на националните институции од областа на ликовната уметност, преку Конкурсот на Министерството за култура за откуп на уметнички дела за 2014та година. Поддршка и задоволство од овој проект изразија и ликовните уметници. - Ова е пресек на ликовното творештво во Македонија - имаме од сите возрасти, од сите правци, од сите сензибилитети. Од изложбата се гледа дека комисијата имала критериум, зашто не видов творба со сомнителен карактер. Во име на уметниците, целосно ја поддржувам оваа акција, затоа што имаме вакуум од околу 20 години - во 1990-тите беа последните откупи. Во интерес е на самите автори, а особено во интерес на институциите на кои ќе им бидат дадени овие дела и тие ќе бидат национално творештво. Сите овие автори и дела ќе останат документ на времето, рече Данчо Ордев - уметник Од откупените уметничките дела, Музејот за современа уметност се збогати со 21 ново дело,15 ќе добие Националната галерија на Македонија, а некои од делата ќе бидат подарени во државни институции. Оваа стимулативна мерка ќе има долгорочни придобивки за македонската ликовна уметност, смета министерката Канчевска Милевска. - Автори кои дадоа исклучителен, индивидуален придонес во развојот на ликовната уметност во Република Македонија, уметници кои учествувале на значајни манифестации во земјава и во странство, како и дела од помладата генерација уметници со истакнат ликовен израз за кои ова ќе биде значаен поттик во натамошното дефинирање на нивниот творечки идентитет, истакна Милевска. Елизабета Канчевска Милевска - министер за култура Изложбата на овие дела ќе биде во галеријата Чифте Амам до 7 април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери.Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери, бидејќи, како што вели, наш партнер во НАТО станува прибежиште за осудени или лица против кои се водат судски постапки. Случајот со Михаилова и нејзиниот татко, рече Мицкоски може да стане алиби за осудени криминалци кои би ваделе бугарски пасоши за да да ја избегнат правдата, бегајќи во Бугарија. -Не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да вадат бугарски пасоши и преку илегални премини да бегаат и да бараат прибежиште таму“кажа Мицкоски. Според премиерот, има политички сили кои очекуваа емотивна реакција од властите во Македонија во врска со случајот, но, напротив, рече тој, земјава реагира надвор од ваквите очекувања, повикувајќи на дијалог за изнаоѓање решенија за проблемите. Тој го повтори ставот што го кажа претходно во изјава за медиумите, дека Ива Михаилова и нејзиниот татко кога-тогаш ќе се соочат со правдата.Во однос на заминување на Михаилова во Бугарија, Мицкоски во интервјуто уште еднаш ги отфрли како невистинити тезите дека таа и нејзиниот адвокат ја поминале границата на регуларен граничен премин. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ рече дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во земјата, кои се закажани за 25 октомври, оценувајќи дека на политичките актери во Софија при секој изборен циклус им треба тема поврзана со Македонија што ќе доминира во јавниот дискурс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрпскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна ГораСрпскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на „Алта пеј груп“ (Alta Pay Group), бил вратен од аеродромот во Подгорица, откако му било врачено решение со кое му се забранува влез во Црна Гора од причини поврзани со националната безбедност. Ова за црногорскиот весник „Вијести“ го потврдиле неколку независни извори. Мацура е поранешен сопственик на ланец менувачници, чиј деловен подем, според неделникот „Радар“, се совпаднал со доаѓањето на власт на Српската напредна странка. Овој медиум објави дека неговата компанија „Алта пеј груп“ за пет години остварила нето-добивка од 59 милиони евра. Мацура е и претседател на Управниот одбор на „Алта банка“, а неговите деловни активности опфаќаат финансиски сектор и недвижности. Неговата компанија „АБЛ Солвент“ (ABL Solvent) го купи имотот на поранешната Индустрија за мотори и трактори (ИМТ) во Нов Белград за 70 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени, известуваат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26