СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
1СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
2Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
КултураИзложба на Башевски и Ботев во Цетиње Во организација на Националната галерија на Македонија вечер во Народниот музеј на Црна Гора (Црногорска галерија на уметноста Миодраг Дадо Ѓуриќ) во Цетиње, Црна Гора ќе биде отворена изложба на македонските уметници Жарко Башески и Атанас Ботев.Жарко Башески е автор чие творештво е изложувано во повеќе галерии и музеи, има остварено повеќе скулптури во јавен простор и беше претставник на Македонскиот павилјон на 54. Меѓународно уметничко биенале во Венеција, 2011 година. Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хипер-реалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој говори за животот и за реалноста во која живееме. Тој во потрагата за гносеолошки и онтолошки одговори за човекот, преку неслучајно именуваниот циклус на склуптури Зад погледот, нè воведува во аутистичката празнина на денешното социо-општествено живеење, но и можноста за себеистражување, себеоткривање и себеизградување и менувањето како на визијата, така и на вистината за себеси и за човековото постоење. Основна цел во делото на Башески е да се изрази слободата на авторот во мисловниот превод на личното доживување за светот во кој живееме и неговото естетско визуелно вообличување како чин на себеспознанието. Атанас Ботев, како сведок на актуелните случувања и ситуации, ја гради својата естетска стратегија на демистификација на овие општествени феномени. Тој ги коментира рецентните општествени, политички и културни превирања како на локално, така и на глобално ниво. Во контекст на неговиот интерес за креирање синтеза на историските уметнички правци и за реакција на општествено-политичките идеологии од далечното и блиското минато, иронично и понекогаш и саркастично реагира со транспонирање и редефинирање на актуелните состојби, при што го соголува системот во кој главен збор водат организации на водечките светски сили што под превезот на “подобрување на животната средина” го преструктуираат глобалниот поредок, сè заради зачувување на сопствениот интерес. При дефинирањето на ликовниот јазик што Ботев го користи во реализацијата на своите дела, може да се каже дека е визуелен номад, спојувајќи повеќе сликарски техники и медиуми (сликарство, цртеж, графика, колаж, фотографија, плакат, стрип, инсталација...), така што секој елемент е во функција на флуидност во креирањето на делото. Во отсликувањето на визулените прикази и приказни, но и приказ(н)и што освен наративниот заплет поседуваат и пластични прочистени сентенции од реалноста, структуирани во надреални секвенции, говорат за менталната линија на опредметувањето на континуитетот и на реалитетот. Изложбата ќе биде отворена до 14 декември 2014 година. Куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштијаСамо за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија. Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000. Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Скопје, 21.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЕвропаФранцускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во саботаВо пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата.Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата во некои градови за време на немирите и насилствата од минатиот викенд. Откако вчера беше воведен полициски час во неколку критични области зафатени од минатонеделниот хаос, ноќва ширум Франција поминала мирно, велат властите. Во меѓувреме, досегашната проценета материјална штета од немирите и грабежите особено во Париз, Марсеј и Лион, се проценува на милијарда евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителите бараат итно одлучување за намалените платиСоветот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалувањето на коефициентите за пресметка на нивните плати.Во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради осуммесечното непостапување по поднесените иницијативи.Тие ги оспоруваат измените на законите со кои платите на јавните обвинители и членовите на советот беа намалени во три наврати. Како аргумент го посочуваат и решението на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше поведена постапка за оценување на уставноста на законските измени.Во него судот изразил сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја доведе во прашање уставно загарантираната самостојност и независност на Јавното обвинителство.Од јавнообвинителската фела предупредуваат дека одложувањето на одлуката создава диспаритет меѓу судската и јавнообвинителската функција.Според нив, намалувањето на платите е спротивно на европските стандарди за владеење на правото.Предупредуваат и на можен одлив на обвинителски кадар, што би можело да го загрози нормалното функционирање на Обвинителството. Како дополнителни проблеми ги наведуваат ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа.Сметаат дека ваквата состојба директно може да се одрази врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter