Изложба на акварели „(По)трагите на водата“ - Канал 5

Изложба на акварели „(По)трагите на водата“

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата со наслов „(По)трагите на водата“ - Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија.

Изложба на акварели „(По)трагите на водата“
Изложбата насловена „(По)трагите на водата“ презентира избор на уметнички дела остварени во еден визуелен медиум - акварелот, со истакнат број уметници, опфаќајќи еден импресивен попис на повеќе генерации од различни поднебја со посебни уметнички сензибилитети.

Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се претставници од најстарата генерација современи академски сликари од Македонија - Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ - Цицо, како и одредени познати имиња (врвни мајстори) од соседните држави (кои покрај сликарството работеле и акварели) - Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ - Пеѓа, Никола Славин.

Регистарот на акварелното сликарство, продолжува со создадени дела од авторите - Лена Стефанова, Ејуп Умер, Богољуб Ивковиќ, кои во својот творечки опус периодично или експериментално работеле акварел, или пак, негова имплементација во делото (цртеж во комбинирана техника со акварел, гваш) - Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Станко Ѓорѓиев, додека некои од уметниците се најпрепознатливи во своето творештво во акварелната техника - Никола Бутров, Илија Кавкалески- Кавкале, Теофил Шулајковски-Тофе, Јакуп Хајро.

На изложбата ќе бидат презентирани над 60тина ликовни дела, дел од нив за првпат се изложуваат пред јавноста.

Куратор на изложбата е Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.

Во тек на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1.700 дела. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западен Нил ја зема единаесетата жртва – почина 66 годишна жена од Росоман

Западно нилската треска ја зема и единаесетта жртва. Почина 66 годишна жена од Росоман, која подолго време била хоспитализарана и имала и други заболуавња.

Западен Нил ја зема единаесетата жртва – почина 66 годишна жена од Росоман

Епидемијата со Западен Нил стивнува и веќе трете недела нема нови хоспитализирани пациенти, посочи директорот на инфективна Фадил Цана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во „Идризово“ при продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Наунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната

Сведочеше вешто лице кое посочи дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување. Родителите на жртвите од Пулс реагираа и порача дека судскиот процес не се води само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притвор

Со факели, петарди, огномет и музика, како на голема прослава, синоќа во скопски Чаир стотина лица го пречекаа поранешниот вицепремиер Артан Груби, откако му беше укинат куќниот притвор. 

Со факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притвор

Во друштво на пријатели и соработници, Груби се поздравуваше со присутните, додека се палеа факели и чадни бомби. Снимките од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи.

Одбраната на Груби , на кого му се суди за злоупотреби во „Лотарија“ во соопштение до јавноста се оградува за синоќешното славење во Чаир.

-Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење, нагласува одбраната на Груби.

Но, иако Груби од вчера може да се брани од слобода, обвинението против него останува. Од Кривичниот суд соопштија дека куќниот притвор му е укинат по сила на законот, по истекувањето на максималниот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот исто така не ја прифати ниту понудената гаранција од над 335 илјади евра за враќање на пасошот

Груби е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој Обвинителството го товари за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според обвинението, со спорни одлуки и постапки поврзани со набавката на видеолотариски терминали, на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 9,7 милиони евра.

Во предметот се обвинети вкупно осум лица, меѓу кои и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој по бегство од органите исто така се врати во Македонија. Груби пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен, но и и натаму има забрана да го напушта Скопје, обврска да се јавува во судот и забрана за контакти со определени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер