3Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер
КултураИзложбa на академскиот сликар Роберт Цветковски, 35 години творештвоАвторот истакна дека иако за многумина неговите дела се апстракција, за него тоа е еден чист реализам.Уметничката јавност во „Градот на културата за 2024“ синоќа сведочеше на импресивното творештво уметност на сликарско платно, дела од новата етапа во творештвото на академскиот сликар Роберт Цветковски од Крива Паланка со која авторот одбележа 35 години творештво. Авторот истакна дека иако за многумина неговите дела се апстракција, за него тоа е еден чист реализам. - Тој чист реализам отсликан од моето секојдневие, а произлегува директно од внатрешноста на еден уметник. Во делата се отсликани сите оние дневни, месечни или годишни случувања низ кои поминуваме сите ние, заеднички и иако понекогаш се обидувам да ги претставам и поставам во еден друг ред нештата, тие, верувајте, извираат во еден друг контекст, свесно или несвесно, рече Цветковски. За делата говореше и Ѓорѓи Костовски, историчар на уметност од Градскиот музеј. - За многумина од експресионистите, како и за Цветковски, сликата е дел од неговата душа. Секоја боја, секое движење е отсликување на одредени емоции и мисли. Сликата најчесто настанува многу брзо, молскавично, создавајќи се себе преку авторот, но нејзиното крајно обликување може да помине низ долг и мачен процес на реобмислување, ревносно смирено и естетско, рече Костовски. Роберт Цветковски е уметнички амбасадор на Крива Паланка кој досега бележи бројни интернационални претставувања во САД, Кина, Германија, Португалија, Франција, Црна Гора, Македонија, а до крајот на годината ќе има самостојни изложби во Загреб, Хрватска и во КИЦ, Скопје. Со изложбата во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка одбележа три и пол децении творештво, преку 50- те дела што го отсликуваат секојдневието, траен белег на времето преточен преку текстура, материја, боја и симболи. Изложбата е дел од манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата за 2024“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијатаХристијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем. Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари. Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата. Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата. Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка. Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ. Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ. Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата. Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“. Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар. Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата. Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи. На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција. Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка! Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем. Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги. Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност. Нашата порака до Мицкоски е јасна: Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш. Доаѓа крај на твојата криминална банда. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО Тагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотерКредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка. Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер. Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се! Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter