3Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни
Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
КултураИзложба нa академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата во ПрилепДенеска заврши изложбата “Тектонски пореметувања - 2” од академскиот визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата која беше отворена на 20-мај во Ликовната Галерија на Националната Установа Центар за култура”Марко Цепенков” – Прилеп. На изложбата беа поставени над шеесетина дела на која присуствуваа голем број љубители на уметноста. Преку слики и фотографии ви ја претставуваме атмосферата од изложбата. Зоран Арсовски – Бабата е роден во Куманово 1980 година. Има дипломирано и магистрирано на Националната Ликовна Академија во Софија на катедрата за визуелни уметности насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Има реализирано 14 самостојни изложби од кои дел се пред Меѓународната ликовна сцена, учествувал на повеќе групни изложби, ликовни колонии, проекти, работилници и симпозиуми во земјава и странство. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). За својата работа има добиено повеќе награди и признанија. Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметноста која за делата на Арсовски кажа: Загрозувачкиот антропоцентричен однос на човештвото кон природата во светски рамки ги доведува во прашање иднината и севкупниот опстанок на човекот и животната средина. Несовесното користење на природните ресурси за создавање на прогресивно општество и постигнување брз напредок во индустријата и технологијата предизвикуваат – загадување на чистата вода и воздух, опаѓање на плодноста на земјата, масовна екстинција на разни растителни и животински видови, како и појава на климатски промени со разорна моќ. Ослободувањето на токсичните материи и гасови кои се создаваат како резултат на спалувањето на големо акумулираниот текстилен отпад во депониите, претставува пример кој ја потврдува деструктивната тенденија на човекот и неговиот неодговорен пристап за наоѓање на инвентивни решенија за справување со последиците од масовното производство. Многубројните интервенции на одредени групи кои застапуваат модерни концепти и наративи за заштита на разните екосистеми наликуваат на донкихотски подвизи кои најчесто резултираат со мали и краткотрајни успеси. Претставувајќи го раздорот и декадентниот процес на живиот свет преку разградувањето на формата во композицијата и создавањето на апстрахирани и експресивни асоцијативни облици со ликовните елементи – боја и линија, академскиот уметник Зоран Арсовски активно учествува во будењето и развивањето на еколошката свесност и етика на поединците во општеството. Непостојаните експресивни и апстрахирани форми потсетуваат на деградирани антропоморфни, зооморфни и фитоморфни облици. Преку меѓусебното претопување на слободните форми со интензивни боени нијанси се создаваат дурски или молски хармонични премини, како и разни визуелни ликовни ефекти кои потсетуваат на фрагменти од органски материи. Со обезличувањето на редуцираните форми и нивната континуирана преобразба од еден облик во друг, уметникот Арсовски создава ликовна метафора за регенеративната способност на органската материја и вонвременскиот еволутивен процес во природата. Преку немото набљудување на – мутациите на разновидните организми кои предизвикуваат разни заболувања, изумирањето на многубројните видови во природата, појавата на зголемената загаденост на воздухот и водата како резултат на создавањето големо количество на индустриски отпад, човекот постанува активен учесник и сведок на неправедното уништување на Земјата, надминувајќи ги капацитетите за одржувањето на нејзината рамнотежа. Рефлектирајќи го деформираниот одраз на природата и портретирајќи го безизразниот анонимизиран човечки лик, уметникот Арсовски потсетува на вистинските вредности кои на современиот човек му даваат смисла и животни цели: создавање на подобра иднина за генерациите кои доаѓаат, сочувување на биодиверзитетот и обезбедување услови за стабилна клима. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај РашчеОсновното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.Тагови: обвинителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУМакедонија се вклучи во заедничкиот европски систем за одговор при елементарни непогоди, ставајќи на располагање два противпожарни авиона за поддршка на земјите погодени од летните пожари.Преку механизмот за Цивилна заштита на Европската унија, кандидатите и земјите партнери од Западен Балкан ги здружуваат силите со членките на Унијата за побрза координација и реакција на терен. Покрај воздушната поддршка од Западен Балкан, на терен се распоредени 777 пожарникари од 14 европски земји, меѓу кои се и противпожарните тимови од Молдавија. Овие ресурси се претходно позиционирани во високоризичните зони во јужна и централна европа за да овозможат брзо локализирање на огнот во почетната фаза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромниСДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта. Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење. Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни. Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00