Изложба „Монумент за неродените“ на Иван Аџиевски - Канал 5

Изложба „Монумент за неродените“ на Иван Аџиевски

Четвртата самостојна изложба „Монумент за неродените“ на македонскиот автор Иван Аџиевски вечер ќе биде отворена во Мобилната/монтажна галерија во Паркот на франкофонијата.

Изложба „Монумент за неродените“ на Иван Аџиевски

„Монумент за неродените“ е дел од програмата на Центарот за современи уметности – Скопје (Center of Contemporary Art – CAC) за изложби во 2024 година.

Според организаторот, се работи за концептуален проект во кој преку ликовната уметност авторот се обидува на пошироката јавност да и покаже критицизам на реалната опшествена состојба како причина за миграција на младите од државата.

Изложбата ќе претстави фотографии принтани на платно кои се модифицирани со апстрактен пристап со употреба на злато како медиум, создавајќи 12 нови уметнички дела - слики на кои се прикажуваат (во реалноста непостоечки) монументи подигнати во презентираниот простор од Македонија во чест на неродените, изгубените генерации како и отселените граѓани од државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија остана без селектор по само две кола во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Димитров поднесе неотповиклива оставка по разочарувачкиот старт во Лигата на нации.

Бугарија остана без селектор по само две кола во Лигата на нации

Бугарите освоија само еден бод од првите два натпревара, кои се одиграа во Пловдив. Најпрво беа изненадени од Луксембург и славеа со 2:1, а потоа одиграа нерешено без голови против Естонија.

Димитров ја соопшти својата одлука веднаш по вториот натпревар, незадоволен од играта и од фактот што неговиот тим не успеа да го спроведе подготвениот план.

„Игравме многу хаотично. Нашиот план не беше спроведен и не успеавме да создадеме притисок во нападот. Тоа значи дека ја изгубивме довербата на играчите. Со ваква игра и вакво издание, завршуваме. Ѝ благодариме на Фудбалската федерација за укажаната можност“, изјави Димитров.

Тој ја предводеше бугарската репрезентација на десет натпревари, при што оствари три победи, две нерешени средби и пет порази. Бугарија сега ја очекуваат два последователни натпревари на гостински терен.

Во сабота ќе играат против Исланд во Рејкјавик, додека три дена подоцна ќе гостуваат во Луксембург. Исланд го зазеде првото место во групата со победа од 3:0 над Луксембург.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 60 милиони евра за автобуси со помал капацитет — за чии интереси ВМРО-ОКГ го крои тендерот?

Криминална власт на Мицкоски под радарот договора тендер вреден речиси 60 милиони евра за автобуси во Скопје. 

СДСМ: 60 милиони евра за автобуси со помал капацитет — за чии интереси ВМРО-ОКГ го крои тендерот?

Скопјани чекаат превоз, а власта им ги намалува и местата во автобусите!

Според анализата на Центарот за граѓански комуникации, наместо првично бараните 76, во следните постапки се бараат 66 патници по автобус.

Тоа е 20 места помалку од последно купените автобуси на Град Скопје и 30 помалку од донираните од ЕУ.

Две поевтини понуди биле отфрлени. Значи поскапи.

Класичен рецепт за корупција и шеми со местење тендери.

Очигледно намерно тендерот се повторувал трипати за да се наместат условите и да се усогласат играчите.

Омилените компании на ВМРО од Унгарија и Кина од остри конкуренти преку ноќ станале „партнери“ со заедничка понуда.

Наместо да го реши ѓубрето во Скопје, наместо да го реши проблемот со јавниот превоз, Орце мисли на провизии и дилови и со автобусите.

Помалку места за Скопјани повеќе пари за арамиите.

Вака функционира организирана криминална група.

Ќе отвори ли истрага Јавното обвинителство или екскурзијата уште трае?

Скопје, 30.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС, нам ни останува да се грижиме за граѓаните и државата.

Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС

Контрашот Венко Филипче полека, но сигурно се губи на политичката сцена. Секојдневно исти приказни, лажна загриженост, ширење паника во јавноста и секако не поминува ден без лаги.

Филипче треба да разбере дека овој негов филм не поминува кај граѓаните.

А зошто не поминува? Затоа што фактите постојано го демантираат. Фактите укажуваат на сосема поинаква слика од онаа која ја има во неговиот филм. На кратко, во најголемата енергетска криза дизелот има најниска цена во Македонија. Пензиите растат. Платите во сите сектори од образование, здравство, МВР се покачуваат редовно според планот.

Талогот од СДС знае само за марихуана економија, а истата им носи добивка само на неколкумина или на контрашот Филипче, неговиот учител Заев кој продаде се што можеше да се продаде од државата.

И да нема дилема кај Филипче, тој може да продолжи со неговиот филм. На ВМРО-ДПМНЕ тој филм му одговара затоа што овој филм на Филипче го носи СДС кон порази. И да е јасно, секако, тоа не е добро за државата, затоа што е потребна здраво поставена опозиција. Но, работата на ВМРО-ДПМНЕ е да се грижи за граѓаните и државата и да повика да се консолидира опозицијата.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер