Изложба „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“ на Васил Василев - Канал 5

Изложба „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“ на Васил Василев

Во Даут пашин амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“.

Изложба „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“ на Васил Василев

Викторија Васева Димеска, историчарка на уметност, оценува дека скулпторскиот опус на Васил Василев е континуум на темелни, истрајни и инвентивни истражувања.

Таа посочува дека асоцијативните вертикали, дел од последниот циуклус на Василев, се резиме на сите атрибути на неговото обликовно размислување, преведени и пренесени со минимални формални содржини, со концентрирање на оние круцијални севкупости на негово дело: конкавни и конвексни, мазни и рапави, темни и светли површини, содржини на растот на нивното вертикално градење, наизмнично сменување, мултиплицирање, до затворање во рамка. Рамката е начин на потенцирање, истакнување, но и смирување на разиграната, ритмична обликовна, структурална шема во јадрото, онаа слична постапка што се јавува уште во неговите дела од осумдесеттите години (Ритам, 1983), сега со еден позатворен статички ритам и посимплифицирана форма. Значи, ликовната структура на делата на уметникот од почетокот на седумдесеттите години, континуирано се движи до најновите негови остварувања. Во нив се содржани и цртежот и релјефот, архитектонското редење на тогаш понагласени волумени, како и пиктуралните примеси (главно во згаснати тоналитети со патина на дрвото), вели Васева Димеска.

Дополнува дека асоцијативните вертикали се надоврзуваат на вертикалите од седумдесеттите години (Каријатиди). За разлика од поранешните вертикали кај кои формата често ја градеше по принципот рамна површина волумен, сега, од една страна ја симплифицира формата, но, од друга ја усложнува со слоевитата архитектоника или пак со релјефно разиграните површини. Комбинацијата на скулптура и релјеф, но и пиктуралното третирање на материјалот со меки тонски премини и светло-темни градации или звучна колористичка игра, се дефинирани и со движењето на линијата. Линеарната арабеска датира од почетоците на неговото творештво, присатна е во сите негови дела и се јавува со варијабилен интензитет и улога: некаде го иницира формирањето на обликот, некаде ги бележи, разграничува формите, некаде го нагласува волуменот, а некаде ја иницира колористичката игра на релјефните сегменти. Секако, таа ја има една од примарните улоги во формирањето, во обликувањето на делото. Звукот на линијата, цртачките елементи, кои ја затвораат или отвораат формата, како и играта на светло-темното, ги доловува со различна обработка на материјалот, ја збогатува скулптурата со внатрешна виталистичка енергија до степен кога сугестивното реално, се трансформира во асоцијативно, делото станува знак со повеќезначенски конотации. Го зацврстува сведувањето на мотивот на почист облик, приклонувајќи се, во некои ситуации, кон симетричната хармонија на композицијата или, пак, барајќи го редот во дискретните ритмови на волуменот, укажува Васева Димеска.

Развивајќи ги можностите на новите изразни форми во контекст на неговиот однос кон материјалот и начинот на неговата транспозиција, во најновите дела, како што посочува историчарката на уметност, Василев остварува еден особен вид на ликовен израз кој неспорно комуницира и со неговите претходни творечки фази, сега базиран врз позгусната коегзистенција на линијата, на понагласени колористички сегменти, на шематичноста на линеaрните, релјефните и колористичките ритмички стилизации.

Овие испреплетени облици, прецизно градени, напластени дрвени форми, во нивната сложена разновидност, во варијабилната низа на асоцијации (од чисти геометриски до асоцијативни флорални мотиви), во себе носат карактеристики на едно, медитативно и наместа ирационално расположение кое го емитуваат неговите спонтани игри на архитектонски градените асоцијативни вертикали. Патоказот во барањето меѓу идеализираното и животното, е насочен кон проблемско и загадочно, кое во последните дела добива епилог на траење, како блесок на трагата на возбудата. Експресивно зајакнати психолошки состојби се манифестираат во изразот на внатрешната архетипска снага и нејзиното распространување, во големиот бран на декоративните геометриски созвучија. Главниот ефект сега го презема целосноста на масивот на вертикалата со своите внатрешни кршења во наизменичното сложување на формите, во нагласената и незаобиколна игра на светлоста и на сенките. Воглавно, потиснувајќи ги облините, наклонува кон поостри геометризирани плохи (правилни парчиња дрво) кои ги напластува вертикално или создава врежани, издлабени одвојувања на формите во самата нивна релјефна поставеност. Таков пристап како да му служи на авторот да се ослободи од органската врзаност за волуменот, од укрупнување на формите и нивното волуминозно навлегување една во друга, префрлајќи се на микро план на ситнење на елементите во градењето на композицијата, што го доведе до дескриптивната сликовитост на обликот, го насочи кон цврстината на скулптурата, облиците ги сведе на некои основни елементи мултиплицирани и модифицирани низ слободната интерпретација. Во нив најде извор на системски интерпретации на неограничената моќ на мозаичното поставување или дефинирање на сегментите од целината, кои се движат од вдлабнати, цртачки организирани форми, преку суптилни тетоважи во вид на арабеска, колажно поставување на помали мозаични форми, до редење, умножување на исти или слични форми и до нивната разбранувана, разиграна поставеност во различни насоки, наведува Васева Димеска.

Васил Василев е роден во 1938 година во Скопjе. Академиjа за ликовни уметности запишал во Љубљана (Словенија) во класата на проф. Борис Калин и проф. Драго Тршар. Студиите ги продолжил во Белград (Србиjа) каде и дипломирал во 1965 година на Академиата за ликовни уметности, во класата на проф. Jован Кратохвил. Член е на ДЛУМ од 1966 година. Остварил студиски патувања во: Италија, Франција, Германија, Грција, Бразил, Египет, Кина, САД...

Куратор на изложбата е Викторија Васева Димеска, организатори се Маја Неделкоска Брзанова, кустос советник и Александра Зиновски Вилиќ, кустос.

Во рамки на програмски распоред изложбата ќе биде поставена во наредните 30 дена, информира Националната галерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер